Можеше и одма да излезе со став за бојкот кога смета дека договорот е штетен ако веќе гласањето против им беше ризична варијанта, вака он до крајот и немаше конкретен став и форсираше глупи фори “ќе видите на денот на гласањето дали ќе гласам или не“ или “секој да постапи по свое убедување“ што не е воопшто сериозно за лидер на најголемата партија. Друго му држи вода муабетот на Мијалков дека дпмне со сегашното раководство е само нем набљудувач на спроведување на договорот иако со членството може да се изврши притисок, дополнително ги остави на цедило сите оние од собранието и не ги заштити од притисокот на власта. И за крај пак направи голема грешка со ваквиот начин на расчистување со Мијалков, ако веќе има докази дека работел контра партијата мораше да се соочи со него а не на ваков кукавачки начин да го исклучува човекот кој до вчера им беше алфа и омега во партијата - има подобри начини да го примораш да ја напушти партијата ако сметаш дека лошо влијае врз рејтингот.