За битните работи во писанието, како што реков, може да процени само некој одвнатре и неќам да нагаѓам за тие работи.
Технички, мене не ми се свиѓа делот кај што го прашува зашто вака ми напраивте, зашто онака... Скроз излишно е тоа.
А овој дел е едноставно неточен: "Кога сите знаевме дека убедливо поголем дел од граѓаните на Македонија се против договорот со Грција,"
- затоа што се темели врз фаличната претпоставка дека сите гласачи кои не излегоа се против
и врз тоа го темели натамошното искажување во тој пасус, кое има логика и без ова на почетокот.
Дали мене ми се чини или со оној дел кога зборува за имплантите од ДП и ЛДП (кој му е хит, imo), како да го закачува малку Груевски...
Има и доста работи, за кои сега како лаик, се сложувам со него.