Тие што ги напаѓате Македонците со бугарски пасош -
1. Тие не ви менат идентитет на државата, ни име, ни историја, ни пак сакаат да имаат било каква врска со Бугарија.
2. Кој прави лошо на државата - ''Македонците'' од Западна Македонија или Македонците со бугарски документи? Колку што памтам 2001 година терористите немаа бугарски пасоши...
3. Сте се запрашале колку фамилии преживуваат благодарение на тој бугарски пасош?
4. Кога тие со бугарски пасош, после некоја година сакаат да инвестираат во Македонија, да вработат Македонци, кој им бара мито за да го сторат тоа? Тие патриотите кои останале да ја бранат Македонија...
5. Дијаспората не живее во Македонија, но и те како има луѓе кои сакаат да помогнат и помагаат на Македонија. Ако вие, кои сте против таа дијаспора хејтате, тоа покажува колку сте огорчени поради вашата неспособност да створите нешто повеќе во вашите животи !
6. На запад, со тие бугарските пасоши се работи, не се чека на пари од мама и тате. А од тие пари, убав дел повторно се враќа во Македонија, преку реновирање на куќи, трошење во продавници/кафани, здравствени услуги на приватно... ама ова треба некој да го сфати, не само глупости да треска.