Јас познавам доста кој што со бугарскиот пасош си го уредија животот, си дадоја шанса на себе и на своите поколенија за подобар живот и иднина. Голем број од нив едвај крај со крај сврзуваа во месецот, работеа приватно за двеста евра плата по тоа гулазите. Бугарските пасоши се одлика на нашиот неуспех како држава, неуспех на институциите, на општеството, се нуспојава на криминалиите кој што ни се случуваат секојдневно 27 години наназад. Се резултат на економската нееднаквост, на лошото образование и здравство, на непотизмот и корупцијата...
Бугарските пасоши се акт на очај и од таа дистанца имам разбирање зошто многумина ги вадат. На секој еден од нас сигурно му прелетала таа мисла низ главата во моменти на крајно разочарување и очај од безизлезната ситуација па си рекол:
- У п.м не можам веќе ќе вадам еден бугарски, ти е*ам и држава и народ и све, ова не се трпи веќе.
Но треба да се има во предвид дека секоја акција која што е неконвенционална, се коси со општите убедувања и норми, води преку скратени патишта кон (условно кажано) полесен живот, со себе повлекува последици.
Ние можеби и ќе го промениме името и идентитетот но субјективното чувство дека сум македонец никој не може да ми го одземе. Ова со името е политичка одлука, воедно и резултат на индиферентоста и пасивноста на народот кон ваквите политички одлуки последиве 27 години, нешто што го прави индиректен соучесник.
Вадењето на бугарски пасош е лична одлука. Субјективното чувство дека си македонец останува но фактот дека си покренал триста процедури за да го побиеш, си ги разбудил мртвите од сон што се вели, во потрага по докази за твоето "бугарско потекло" е чиста контрадикторност на она првото. И тоа е таа последица за која што зборувам. Црно на бело сте ставиле потпис дека поседувате бугарска национална самосвест и после тоа живеете во негирање дека тоа не е ништо, дека не е штетно.
Иронијата да биде уште поголема во време кога имаме самостојна држава сето ова се случува. Пред сто и повеќе години имало силна бугарска пропаганда, имало слаба национална свест па голем дел од населението и подпаѓало под истата. Еве дури и денес ги чувстуваме последиците од тоа, бугарите ни мавтаат со документи од тоа време. Замислете како ќе изгледа тоа денес, кога од тоа архивите ќе извлечат 70.000 документи каде што експлицитно, преку изјави, исто толку македонци рекле дека се чувствуваат оти се бугари.
За која национална самосвест, за кој идентитет ќе зборуваме тогаш?