Гледав КОД и сфаќам дека тоа е поентата ама пак, ако некој бил возач а друг сувозач не може исто да одговараат, така?
Па најверојатно овие што се уапсени се тие кои со намера влегле во Собранието да го сторат делото т.е. ОЈО има докази за нив дека свесно и намерно го извршиле тоа. Бидејќи во собранието влегоа некои 300-350 души души а 36 се гонат за ова дело.
Значи ако докажат дека кај овие лица постоело свесна намера или меѓусебна координација за рушење на уставен поредок како што вели членот, тогаш затоа само нив ги гонат за ова дело.
На Чавков како полициски службеник и задолжен да го заштити Собранието може да му накалемат уште неколку дела и да го заглават до крај на живот во затвор.