Бидејќи претходно спомена дека Холандија е јака демократија, 200 години пред нас, со тоа јас претпоставив дека нејзините дејства се некоја светина за тебе.
Така да, ако велиш коњ, вели коњ за сите во Холандија, човекот е само виновен што си ја брани земјата, на малку неортодоксен начин.
За потребата од војна во Ирак и Авганистан, за цели кои и Буш ги спомена а и ти сега, значи борба на непријателот на негово тло, плус тренинг на воените сили, се разбира дека има оправдување.
Спомнав дека се многу пред нас,но далеку дека ми се светиња.Јас со сите мани и доблести си имам една светиња во моментов-мојава напатена Македонија.Арно ама пустата она пак,во неколку војни истовремено и тоа оваа во Авганистан и е најмал проблем.Ние водиме војна за егзистенција во најлошата можна варијанта.
Јас немам проблем со националисти и луѓе кои си ја сакаат татковината та дури и да се радикали,имам проблем со луѓе коишто генерализираат,луѓе кои се болни за внимание и луѓе кои немаат осет за тоа кој или што повредуваат во процесот на нивната квази-афирмација.Да беа мирни времиња,да немаше војска таму реков немаше ниту да го коментирам ова,исто како што никогаш не сум ги коментирал ниту оние џаначки кафулиња во кои отоворено си се дрогираат и кои во наши очи ке мора да признаеш изгледаат како болесна работа.
Арно ама работата е во тоа што таму има голем контингент на Холандски војници.Таму се гине луѓе,цивилизираниот свет е во војна против еден од најопасните непријатели кои воената мисла ги има сретнато,и во такви околности нема место за овакви испади.Многу е подруго да се прати војната на ТВ,многу е различно кога ке стапне човек таму.За разлика од почетната еуфорија,денес генералите и аналитичарите подруго ја гледаат војната.Во почетокот кога имаше неколку иљади војници таму,беше бунтовна една провинција.Денес кога има над 100 000 војници,бунтовни се повеќе од 5 провинции.Ако уште малку продолжи ситуацијата со тоа темпо кај ќе биде крајот.А Авгаснитан или Пакистан не смее да остане во раце на Талибанците.Колку и просто да ви изгледа,дека се може да се реши со 10 нуклеарки тоа воопшто не е така.Така да оваков луксуз како овој идиот не може да си дозволи ниту една Холандија.Тоа само докажува колку е сериозна ситуацијата таму.
Околу дискриминацијата. Мора да постои кон оние кои немаат волја да се интегрираат во системот и се обидуваат да го променат. Да ќутат ли холанѓаните и да го примаат? Бидејќи и така и така кур ги боли за се, плус и убаво им е, ќе го примаат, додека не дојде нож до коска.
После ќе се освестат.
Може да се стават во ЕУ по саглам бариери, се согласувам. Да се прима културен народ од Украина, Кина. Но, тоа е спротивно со отвореноста на Европа.
Европа си е контрадикторна сама на себе и ќе наебе заради сопствената нерешеност за тоа што сака.
Самава тема некако ми беше парадоксална во однос на дискриминацијава.Ако тргнеш од тезата за Холандија и правото на слободен говор,не можеш преку неа да браниш некој кој токму го бара спротивното.Јас мислам дека не можеш ни под точка разно,да тврдиш дека ниту еден муслиман не се интегрирал во институциите на системот,или дека сите проблеми на Холандија се во нив.Па таму има емигранти Африканци,Кинези еве погледни дури и наши.Само заради болниот ум на некој Икс кој ете се погодило да биде муслиман,кој извршил убиство и е казнет заради тоа,треба ли да извршат геноцид и врз останатите?Мислам ако се оди по таа логика кај ке е крајот?
Знаеш една аналогија многу слична на ова.Случајот со Љубе Бошкоски и нему сличните.Е таков тип на човек ти е и овој холанѓанецов.За време на 2001 имаше луѓе како овие горниве,кои ќе го напалат народот со зборови,ке ти мобилизира еден батаљон за 5 минути со еден говор,и ке ја гледаат акцијата од далеку.И имаш луѓе како Јохан кој ке си ја остават фамилијата дома и нема да прашаат што како ами ке си извршуваат.Нормално овие првите се секогаш тука да тапшаат,да бодрат,да платат и пејачка да пее на фронт,да изиграваат мирко пази метак пред новинари, арно ама кога ке дојде да се плати цехот они се во Хрватска,и кога е најпотребно си ги покажуваат своите вистински лица.Денес Јохан гние во затвор,не си го видел ни детето дома, а Љубе брка фотеља.Битно зборовите и филмовите татковината те вика, и песните на Орце Стефкоски си завршија работа.Битно Орце и Љубе се најголемите патриоти.А Јохан ке си гние во затвор заборавен,ако човекот си ја ставил главата во торба затоа што него му горело под нозе.Е така и овој.Иста сорта на луѓе ти се.
Реков и Холандија и Европа многу лесно може да си го решат проблемот.Само работата е што такви глупави тези и муабети не држат вода.Работава со исламизацијава на Европа ме потсеќа на стравот на Рим од христијанството.Параноја.Ајде да почнеме да ги убиваме бебињата во Палестина(макар што на кутрите тоа веќе пола век им го прават).Не се исламизирала Европа за време на Турско и Арапско па сега ке се исламизира.Мислам тезиве се човек да земе и да се обеси.Колку конкретни проблеми има на терен а се занимаваме со некои проблеми кои содржат толку варијабли,што дури ни математичар не може да излезе со приближна вредност камо ли точна цифра.
Па луѓе која исламизација погледнете што се случува со Кина.Знаете ли што ке биде таа земја за 50 години?Кој ке ја запре нејзе кога ке се јави потребата за нејзина експанзија?Муслиманите се одамна зависни и од европа и од западниот свет.Тоа многу лесно се решава.
На крај,погледнете само како изгледаме ние Македонците во случајов.Реков на неколку теми и тука,штом дојде до некоја тема за генерализација,за плукање по исламот одма има здрав муабет како треба да се заврши кратко и јасно со нив,како се они неписмени и трулежот на цивилизацијата,ке се најде некој да рече не биле образовани,а од друга страна сака да ги бомбардира секој ден.А после ке отвараме теми на секој прелет на Турски авиони преку територијата на Атина како да наши авиони поминале.Каков цинизам.Мене искрено ми е глупо и далеку под ниво.
п.с. смарт ас, рајтеон23, не спамирај по темиве, како што ти реков изгради некој саглам одговор и претстави го. Немаш контрола батка и тоа, ако не се средиш ќе те чини.
Хахаахахаа....знаев дека ова ми е познато.Потполно се согласувам.
повторно лична дискредитација,јас најкултурно би те замолил ако ти се дискутира на ТЕМА повели ако не оди во психоанализи на форумџии:smir:
не те сфаќам навистина,ако некој има различно мислење од твоето не мораш да бидеш нападен,форумот е за дискусии а не за потценување.
П.С треба да преведам:wink:
Готово бе сега ми е јасно кој си.Стилот те предаде.Знаев дека муабетиве ги имам сретнато веќе.И те молам за потценување и дискусија поштеди ме,оти ти имаш проблем со тие две работи.Ти пиша и Никола горе и јас поддржав.Среди си ги мислите.