Slow Horses

Ја пратев сезона по сезона, партали е. Али одамна не се притресувам многу па да сум во тек да знам кога точно што излегува од серииве, али секако одвреме навреме прегледувам инфо. Топ, наредно ќе ми биде 4та сезона да ја симнам.
Многу британски серии изгледав во последно време токму зашто не се хајпнати и никој не збори за нив а се екстра квалитетни. Погоре ги спомнаа Лутер и Бродчрч, ги препорачувам!
 
Сепак последнава сезона мислам дека е најслаба до сега,некако многу на хумор имаат удрено а содржината за заговор е веќе видена и не е интересна.
 
Сепак последнава сезона мислам дека е најслаба до сега,некако многу на хумор имаат удрено а содржината за заговор е веќе видена и не е интересна.
Не, не, баш мислам дека е на исто ниво ко сите претходно. Секогаш имаше хумор, мене тоа и ми ја правеше појака серијата. Се сеќаваш претходната сезона Ривер ко пропадна низ покривот? Се помочав од смеа на таа сцена, милион пати ја враќав. :pos: Сега најсмешно ми беше Ламб ко им се испрде. Ги чекав реакциите ко рече - sorry, ама сум се мочал од смеа после! :pos::pos::pos:
 
Ме потсети сега на уште една сцена и морав да ја најдам.
Ламб е најсмрдливото оружје во MI5 :pos:
 
Значи приказната што ја кажуваше Ламб во третата епиозода од сезонава за заробениот агент што му ги гореле стапалата и му ја убиле девојката и детето всушност агентот е самиот Ламб.
 
Последно уредено:
Уште една многу јака сезона. Мора да се фокусираш на многу детали тука, инаку сигурно испушташ нешто клучно. Колку само спинови, plot twist-ови, лажни шах-мат позиции има! Една единствена работа што не ми се допадна е што го ставиле Нејт од Тед Ласо - градоначалник на Лондон. Не можев да го сфатам сериозно тој момент. :pos:
 
Прејака сезона и серија, ме фаќа сега да ги прочитам книгите пред да излези новата сезона ама ќе издржам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom