Слободно Скопје - честито

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Анцо Па пишете за некоја борба како што се слулувало каде имало борби како го ослободиле...?
 
Да.
Ако не класификувале како Аријевци и не не истребиле или користеле како потрошна робовска сила.
И секако ако победеле во војната со Америка и Советскиот сојуз.

Како и да е, слава на Македонските партизани и ослободители.

Хитлер имаше голема почит кон Македонците и неговиот идол беше Александар Македонски, тој требеше други народи но овде во Македонија, македонците не беа ни депортирани ни стрелани, во 1943 Хитлер беше и на летовање во Градиште:

1459672_10202648555278904_1765640676_n.jpg
 
Анцо Па пишете за некоја борба како што се слулувало каде имало борби како го ослободиле...?
Напомнав оди во историја,таму имам многу пишувано баш за борбите за Скопје.
Но и овде ќе напишам нешто,утре или друг пат(само ако не ја упропастат темава да ми извиниш ако не ја посерат со несоодветни постови па да ја фрлат во канта-избр.Picture 947.jpg .Picture 948.jpg.Picture 945.jpg 13 ноември 2013
една случка со оваа спомен плоча на втората слика на споменикот.
Пред неколку години,пред овој празник пред неколку дена ќе појдев да го зачистам огромниов споменик и оваа плоча не беше истата,туку месингана со светли убави букви. Сум ја очистил и светнал и таа,но за празникот ја немаше ја однеле баците и тоа пред влада пази,каде околу ги има под секој бор полицаец-ама што гледале.
 
Прегледај го приврзокот 76882.Прегледај го приврзокот 76883.Прегледај го приврзокот 76884.цвеќе за хероите
церемонијата по повод празникот само што започна и се уште е во тек пред
споменикот кај владата на Македонија во Скопје.
Еве веднаш да видат и сите членови мој ценети колеги на Кајгана,каква е тука атмосверата,народ се уште пристигнува но најповеќе се тоа дирекни учесници во ослободувањето на градот,градот на сите нас во кој сега слободно живееме.
---------------
(има ли таков што ќе каже сега дека пак го тупам и дека е ова глупа тема)
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 12:14 ---


признавам сум згрешил каде да се најдеме да ми удриш три чврги.(поправено)
да сум на твое место би ставил слика на:Панче Арсовски,Димов,Корчагин или Дрен а не на онаа црнчуга која ништо не ми значи мене воживотот а верувам и на други.



ок сори
7ece78b2-3a10-4834-b01e-a0760f79f10d.jpeg


еве слика од корчагин ставам пошто многу ти занчи во животот
 
Поставувајте слики од ова наше Скопје и секако пуштете некоја песна за Скопје.
deal(y)

Оваа живописна гледка ги претставува младите на Скопје, во сиот нивни младешки жар, се натпреваруваат во знаење.
Отворен час, настава во природа на средношколците од Јаја Паша. Наставникот постави прашање, сите се тепаат да одговорат. А во позадина е реконструкцијата на чаршија....
protesti%20monstrum600.jpg


и секако пуштете некоја песна за Скопје.
ok, еве за кале, еден од симболите на градот:
 
Без обзир на успешните и духовитите досетки на @Let 3, на сите Ви го честитам денешниов празник и во посакувам уште многу години да го празнуваме
( Инаку денешниве Германци исто како и ние не го сакаат фашизмот )
 
Најубавиот споменик за мене во Скопје. И нека е честит. Фашистичките идеологии се покажаа како погешни и уште не им иде памет на некој. Да, не целосна глобализација и претопување на националните вредности, но наоѓање заеднички јазик за сите. Може и ќе се оствари, мдаа! Скопјанец ( од поновите, моите се доселиле околу 1955 овде ) со желба да замине од градов, затоа што веќе не го препознава.
309374_171856769566001_1705719534_n.jpg
1465383_593195357405763_1474425509_n.jpg
 
Честит празник на сите скопјани и на оние што се осеќаат така!
 
E ја не ви честитам
Пред некој дн кд се ослободи Куманоо, никој не ни честитасте
: )
 
Анцо Па пишете за некоја борба како што се слулувало каде имало борби како го ослободиле...?

Од кај Матка идела една бригада, ако не грешам било планирано да се урне браната ама дошле на време. Се планирало да се нападне од три страни, а очекувале и како што испаднало Германците да се повлечат накај Јужна Србија во правец на Београд.
ЕДИТ:
Борбите за ослободување на Скопје

13.11.2013 12:21
Историја
Михајло Апостолски
skopje%201_0.preview.jpg
12 и 13 ноември
Ноќта меѓу 11 12 ноември единиците од 42 НО дивизија продолжија да настапуваат и се пробиваа во градот. Утрото рано на 12 ноември отпочна борбата во јужниот дел на градот Скопје. Борбата се водеше низ улиците на градот; нашите единици бргу напредуваа, а германските сили отстапуваа и се прибираа околу порано утврдените згради. III македонска бригада од правецот од Кисела Вода, со еден силен напад, ползувајќи ја маглата што го покриваше Скопје тој ден, се пробива со главните сили до палатата на денешното претседателство на Владата и зградата на полицијата и на јуриш, совладувајќи го многу жилавиот отпор на Германците, ги зазеде овие згради и ненадејно се појави во зградите на кејот, каде што отпочна борба за мостовите. Делови од XII и III бригада ја блокираа железничката станица и отпочнаа борба за самата зграда и за Кранговата палата, што се наоѓа во близина на железничката станица. Главните сили на XII бригада отпочнаа борба за зградата на Учителската школа и Поштата; едно бочно осигурување на XII ударна бригада изби на мостот кај Ханриево.
Во текот на 12 и 13 ноември се развија жестоки борби; одделни згради, како Народната банка, поштата и др. по неколкупати преминуваа од раце в раце. Во тие борби голема улога изиграа ударните групи од градот. Тие веднаш по продорт на единиците од III и XII бригада во градот, се појавија и со самопрегорен елан ненадејно нападнаа на Германците в грб и в бокови, се поврзаа со нашите единици и вршеа улога на незаменливи водачи, оти точно го познаваа не само градот туку и организацијата на германската одбрана, та со тоа им укажуваа оргомна услуга на нашите единици.
50 НО дивизија и VIII бригада, со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември отпочнаа напад на германската одбрана на источниот дел од градот. И овде се развија тешки борби, нарочно во индустрискиот дел од градот и во регионот Гази Баба. Дејството на овие единици почна да се сеќава кај 42 НО дивизија. Успесите на единиците од 42 НО дивизија во јужниот дел на Скопје, се зацврснаа со успешното и енергично напредување на 50 НО дивизија и VIII бригада. Германците почнаа да го сеќаваат стегањето на обрачот.

skopje%203(1).jpg


XVI бригада од Скопска Црна Гора во текот на 11 и 12 ноември успеа да разбие неколку балистички групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора и на 12 ноември, попладне, го отпочна нападот на касарните, каде што беше распоредена и германската артилерија.
Ноќта меѓу 12 и 13, и на 13 ноември борбите продолжуваа низ сето Скопје.
Германските сили, што беа во северниот дел и во североисточниот дел на Скопје, како и во деловите во западниот дел на градот, успеаја да се извлечат под заштита на тенкови и да отстапат во правецот кон Качаник. Германците што се беа забарикадирале во разни згради, гледајќи дека им пропаднале сите противнапади, како нивните за пробивање така исто и на единиците за деблокирање, почнаа постепено да капитулираат. Најдолго се држеа Германците во Учителската школа и Поштата, што капитулираа доцна ноќта на 13 ноември. Ноќта меѓу 13 и 14 ноември вршено е чистење на градот од одделни помали заостанати групи Германци. Ова чистење беше продолжено и во текот на 14 ноември.
Благодарејќи на брзите и силните напади и упорните борби од нашите единици, Германците не успеаја да ги разурнат друмските мостови во Скопје, иако беа минирани. Потоа не успеаја да ги разурнат ни главните згради што ги бранеа, иако и тие беа минирани; само во Скопје и Ханриево и едно крило од зградата на Железничката станица, а подоцна една непронајдена мина ја оштети Народната банка.
Левата побочница од 42 НО дицизија (баталјон од XII бригада) по заземањето на Бел Камен (953) водеше многу жестоки борби во реонот на селото Матка, каде што германските инженерци со балистички сили се обидоа да ја минираат и разурнат хидроцентралата Матка. Меѓутоа, држејќи се упорно овој баталјон, помогнат од ударните групи на месното население, успеа да ги разбие балистите и Германците и со тоа да ја сочува хидроцентралата, а и Скопје од евентуална поплава. Задачата на побочницата во потполност беше извршена.
14 ноември
Веднаш по заземањето на Скопје, рано утрото на 14 ноември нашите единици го продолжија гонењето на непријателот. 42 НО дивизија со XVI бригада го гони непријателот, и тоа со три бригади по правецот: Скопје - Качаник и со една бригада по долината на Вардар кон Хромовите рудници Радуша. 50 НО дивизија го гонеше непријателот во правецот Скопје-Групчин-Тетово. Во текот на тој ден дојде до многу тешки борби на линијата на селата: Орман-Село, Ново Село, Оризари, Глумово и Матка. Германците и балистите од оваа линија неколкупати вршеа противнапади. Нашите единици не само што ги издржуваа тие противнапади, туку успеваа да ги разбијат Германците и балистите и да го продолжат гонењето по определените правци кон Качаник и кон Тетово.

apostolski%201.jpg


* * *
Битката за Скопје претставува една многу сложена операција, како во смисла за прибирањето на силите, така и во смисла на самиот чин за спроведување на нападот. Во подготвителната фаза силите беа наполно разделени со голем меѓупростор: 50 НО дивизија во реонот на Штип, а 42 дивизија на Сува Гора. Ова растојание меѓу двете дивизии во воздушна линија изнесува повеќе од 100 километри. Покрај тоа, силите беа разделени и со германските гарнизони во Велес и Штип, што требаше претходно да се ликвидираат и дури потоа да се создадат услови за заедничко настапување кон Скопје. Благодарејќи на енергичното дејство од единиците - задачата: спојување на силите во реонот на Велес, беше извршена со незначително задоцнување од страна на 50 НО дивизија (за еден ден), што дојде прво, поради давање многу силен отпор на Германците во реонот на Штип, потоа поради недостатокот на артилерија за разбивање на непријателските укрепленија, како и поради сосема пасивното држење на V бугарска дивизија на Злетовска Река.
Единиците имаа многу малку артилерија - еден дивизион при 50 НО дивизија и Артилериската школа на Главниот штаб, која ја претставуваше артилеријата на 42 дивизија кај Велес.
Артилеријата на 42 НО дивизија не зеде учество во нападот на Скопје, зашто крај десниот брег на Вардар нема комуникации за да се доведе артилерија, а на левиот брег, поради разурнатите мостови и неумешноста на младите артилерци, не беше префрлена. Сето ова диктираше нападот на Скопје да се изведе само благодарејќи на високиот морал на нашите единици. На тој начин поставениот план за нападот на Скопје доведе до постепено ангажирање на силите. Првин се ангажира 42 НО дивизија во јужниот крај на градот, а потоа 50 НО дивизија, речиси за ден подоцна во источниот дел на градот, а малку подоцна XVI бригада во северозападниот дел. Незгодата беше таа, што најголемиот товар на борбата го прими на себе 42 НО дивизија. Но, од друга страна, Германците во текот на 11 и 12 ноември го ангажираа поголемиот дел на своите сили против 42 НО дивизија (во јужниот дел на градот). Ова пак овозможи релативно лесно да навлезт 50 НО дивизија и VIII бригада од исток и услови резултатите на битката да бидат поголеми, а германските сили на одделни отпорни точки (порано споменатите укрепени згради) сосема да се уништат.
Ударните групи (формирани во градот уште од порано од страна на партиската организација) дадоа големи резултати, како во смисла на дејството од градот, така исто и како водачи на единиците низ градот.




Извор: http://okno.mk/node/33055

http://forum.kajgana.com/threads/Ослободувањето-на-Скопје-во-Втората-светска-војна.37419/
 
Знаеш дека си од Скопје кога..

1. Досие Скопје ти е омилена емисија.
2. Знаеш каде се наоѓала твојата куќа пред земјотресот (и ужасно си горд на тоа).
3. Одиш на боза и еклери во Апче.
4. За време на викенд одиш на прошетка на Водно.
5. Се пронаоѓаш во колумна на Трендо.
6. Те радува секоја песна во која се спомнува Скопје, а најдрага ти е песната Скопје од Леб и Сол.
7. Се лажеш дека Вардар е поголем од Нил.
8. По некоја грешка се уште одиш во театар, наместо на филм во Кино Рамстор.
9. Одиш на скара кај Жабарот.
10. Си ја поминал барем еднаш во животот Партизанска цела, пешки!
11. Велиш „Битола нема аеродром“ со цинична насмевка.
12. За време на летниот период фонтаната кај „Стоилко“ ти личи на нудистичка плажа.
13. Навиваш за Вардар.
14. Велиш „ај у град на кафе“ небаре живееш во село...
15. Славиш 13 ноември!!
 
Вечна им слава на сите Борци! Нека ни е честит денот!

Cento-govor.jpg


105_67_.jpg


2SV_05.jpg


tocka-80012.jpg
 
Прегледај го приврзокот 76891.Прегледај го приврзокот 76892.Прегледај го приврзокот 76893 ПАРТИЗАНИТЕ
што ни ја донесова оваа слобода. Поздрав до сите преживеани партизани,посебно до оние од Битола и нивните семејства. Еве новинари земаат изјави од ослободителите на Скопје,ќе ги чуете вечер во вестите. За жал секоја година недостасува по некој и се се помалку за прославиве,како и годинава не го приметив партизанот Крсто од 2 МНОУБ бше и долго време претседател на сојузот на борците.
Прашав,починал,лесна му земја. Сигурно и вие ги препознавате некои од овие херои.
Почит и слава на сите борци за слобода на Македонија-да МАКЕДОНИЈА
извини шо вака сега прашувам, ама кои се тие кои му ја донеле слободата на скопје?
знаеш ли анчо колку време помина од 2 С Војна?
ја ќе ти кажам-73 години. мислиш дека има толму многу живи луѓе денеска колку шо се кажуваат? денес, способен за борба човек во то време би имал барем 93 години. значи способен човек во то време би имал 18-20 години. од кај никнаа толку војници кај нас? постар си паметиш дека тито во една прилика изјавил дека ако тогаш сфрј имала толку многу борци кои се појавиле ПОСЛЕ војната, тие ќе стигнеле дури до берлин-или така нешто. 90% од оние чичиња кои се таму, за време на РАТО, како шо го викаат не биле постари од 13-15 години и се криеле кај мам под сукња-секоја чест на исклучоците, ама тие се ретким, а не во толкав број колку шо се прикажуваат сега.
--- надополнето: 13 ноември 2013 во 17:21 ---
А пред 60 години да не ги убивавме и бркавме сега ќе беа тука и овие новите, тие се потомци на старите, ќе си бевме во Рајхот, ќе носевме челилчни шлемови и ќе се деревме на цел глас и место Менде, Коле, Перо.. ќе се викавме Хајнц, Фриц... сега се треба од почеток....
Олаф :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom