Многу ја мрсите, секој од своја гледна точка. Читам наназад и укапирав дека секој поимот “слобода“ си го глеа во конотација со своето учење и верување. Затоа се расправате цело време и затоа секој го гледа соговорникот како заостанат.
Ако телемитите го гледаат тоа антитеистичко сфаќање на слободата, гледаат слобода во некоја политичка смисла, некој екстремен либерализам, некој либертаријанизам уствари, ниту христијаните,а посебно не муслиманите можат да се согласат со такво сфаќање на поимот слобода. Секоја религија си има свое сфаќање за тој поим и нема што да се дебатира тука.
Е сеа да прашам нешто сакам...Има посебна тема за телемата или може тука да поставам некои прашања? Според тоа како се представува тука, мене ми делува како да е исто толку догматична како и некои други религии. Како да сака да се наметне над другите верувања - што е уствари религијска особина.