Славење полуматура во кафани/мотели/хотели или не ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го подржувате законот на министерството за образование ?


  • Вкупно гласачи
    82
Абе ако ти се слави слави си ти, што прашуваш што се замараш, не веруам дека тоа е лоша идеја.
 

Да, сето ова што го кажа е в ред, ама зошто родителите слават по кафани, а децата пијат толку многу алкохол? Кај нас малку поинаку се сфаќаат работите. Навистина, 8 години поминати со некого, и тоа во период кога се` уште се гради карактер, е многу долг и важен период, но прославата на крај мислам дека ги маргинализира сите впечатоци, добри или лоши спомени, оти сета лакрдија на крај трае некои 3-4 саати. Децава сега идат да се испијанат и со куп кондоми у нив.

Не велам дека луѓето не треба да се радуваат на успесите кои ги постигнуваат нивните деца, велам дека родителите треба да се насочат повеќе кон едукатвиниот дел, наместо кон прославата за полуматура. :icon_lol:
 
Да, сето ова што го кажа е в ред, ама зошто родителите слават по кафани, а децата пијат толку многу алкохол? Кај нас малку поинаку се сфаќаат работите. Навистина, 8 години поминати со некого, и тоа во период кога се` уште се гради карактер, е многу долг и важен период, но прославата на крај мислам дека ги маргинализира сите впечатоци, добри или лоши спомени, оти сета лакрдија на крај трае некои 3-4 саати. Децава сега идат да се испијанат и со куп кондоми у нив.

Не велам дека луѓето не треба да се радуваат на успесите кои ги постигнуваат нивните деца, велам дека родителите треба да се насочат повеќе кон едукатвиниот дел, наместо кон прославата за полуматура. :icon_lol:

Родителите не се радуваат зашо децата им слават полуматура, туку зашо нивните деца се радуваат што ќе слават полуматура. Не сум видела до сега родител да собере 60 души у кафана затоа што детето му слави полуматура, може само најблиските дома да дојдат на мезе. Нема страшно во тоа. Овие се убави работи за децата, нека ги слават. На крај краева, тоа и се - деца. Воспитувањето нема врска со славење или неславење на полуматура. Јас кога ќе бидам родител баш ќе ми биде симпатично кога ќе го видам син ми или ќерка ми весели и возбудени, затоа што знам дека имаат способност да се радуваат. А муабетот со алкохол и кондоми што го спомна зависи од воспитувањето на децата. Не сите полуматуранти пијат алкохол и одат у темни улички за да имаат секс. Секакви деца има.
Демек сега прославата ги маргинализира впечатоците... ех, не се согласувам.
Ги преувеличивте работиве, ко децава оргии да организираат на прославата. На крај краева на самата прослава таму се и професорите, а после прославата тоа е веќе на одговорност на родителите.
Јас кога славев до 12 беше прославата, потоа седев еден-два саати во училишен двор, па дојде мајка ми и ме зема. Се немав напиено една чашка алкохол, ниту пак пушев цигари. (Тоа почна во втора година средно)
Има секакви деца и секакви родители. Зависи како родителот ќе си го воспита детето. Јас знам мене мајка ми како ме воспита, јас бев мирно дете, дури и окарактеризирана како бубалица. Немам проблеми со тоа, денес сум тоа што сум.
Една вечер демек ќе влијае на понатамошниот развој на детето?
Не. Нема да влијае.
 
Не гледам причина за славење кога денес средното образование е задолжително.
 
Кога јас бев ОСМО не бепе којзнае кога ни стигна некаква писмена порака дали родителите се согласуваат да останиме после 12 часот во хотелот нормално сите потпишаа дека се согласуваат али после тоа право дома. :D
 
Што ќе се слави следно, градинка кога ќе завршите? Глупости. Секој може да заврши основно школо. Денеска секој завршува и средно. Па и факултет.
 
сеа од оваа гледна точка ви изглеа ко копиљаци се собрале слават,тогаш подрукче се размислува.Не се прославува завршувањето на 8мо одд,туку поише разделбата.У секој случај и да нема организирано вака ние у секој случај тогаш ке си отидевме сами.Коа ке се сетам дека уште од 6 си се организиравме за нова година или за у дискотеки идење(јуниор парти до 12),имаше и пиење и цигари,нормално за кој како е воспитан, по тоа ке посегне на таа возраст.И сега коа сум блиску до полнолетство тоа ми изглеа смешно,ама тогаш подруго ми беше...
На крај краева таков е менталитетот на народот тука,сакаме да се забавуваме.Сите како мали сме седеле до касно во мало,сме пиеле по паркови,нешто што децата у Америка сигорно не го правеле.Незнам зашто се форсира тој западен моронизам како нешто нормално..Да бидеш ко робот без чуства баш и не е нормално.
 
Истиов муабет ми го тераат половина од наставниците. Дека не требало вака да се праи, трошоци големи се правеле, кој знае што сме завршиле.. бла бла.

Абе разбирам се прават трошоци, и фала богу не сме завршиле некое школо големо. Ама ќе ги дадам 750-800 (колку кај нас што се дава) и ем ќе се изнаиграм и изнапијам цела вечер и ќе бидам за последен пат со школските. Дефинитивно нема истите да бидат во гимназија, а и да бидат ќе бидат двајца или тројца максимум. 8 години сме биле заедно, добро е да се заврши тоа на таков начин со славење.

Да, кажавте некој се славело по кафани. Како бе по кафани? Не се дешава тоа кај нас фала богу. Само за учениците е организирана вечер во хотел и толку. Да ми праат мене фешти по кафани дека сум завршил основно? Па не иде во предвид. Си се собираат дома блиските, исто ко за роденден.
 
Не гледам некој проблем во тоа што се обележуват крајот на основно или па средно образование, иако кај нас надминати се границите...не е ова свадба, (пола-)матура е. Посмешни ми се домашните слави за одејне во прво одд., за поламатура и матура. Се прават банкети како за во војска во времето...ама за жал тоа е приватна работа и не може да се забрани.
 
Ако имаат пари нека се организираат по кафани. И така нема алкохол точење и нема цигари пушење таму.
 
Во мое време си славевме во ресторан , како свадба да беше , имав партнерка , елегантна облека :tapp: :)
Во време кога сите сме факултетџии , мислам дека губи вредност славењето на таканаречената полуматура.
А памтам и 4 оделение кога завршивме , си славевме на училиште , му купивме подароци на учителот :)
 
Ма и завршено четврто нека се слави в кафана, нека се врти парата. :pos:

Реално гледано, завршено основно не е никавква причина за славење. Ама нека се слави, весел народ сме ние. Плус, иако прво смешно ми дојде, сепак нека се врти парата.
 
Абе нека ги однеса негде децава да шетнат, од хотели, мотели нема спомени. Истово го мислам и за матура. Подобро е да се организира некаква екскурзија, крај краева низ Македонија, да не му ја мислат многу учениците за костумчиња, патичиња, чевличиња, па поклон за партнерка, па поклон за партнер и слично. Најдобра забава, подобра прослава од тоа амин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom