Слатка лага или горка вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Вистина, макар преполнета и филувана со еуфемизми. Повеќе ќе ме боли, но болката пократко ќе трае. Што побрзо се соочам со ситуацијата, толку полесно ќе се справам со истата.

Не би сакала да ми мачкаат очи, па дури ни со добра намера. Зошто? Зошто кога ќе ја дознаам вистината ќе добијам трипати поголема шлаканица. Вака барем ќе се изолирам себеси од лажната надеж.
 
~*~

Што е според вас подобро..

Лага која носи насмевка и која на некој начин некој ќе развесели..
или пак, горчлива вистина која ќе донеси само огорчување и солзи?

Доколку морате да бирате, што би избрале?

Кога би била изоставена друга опција, сепак би се определила за вистината колку и да ме повреди, затоа што барем ќе знам дека емоциите кои што ги имам во врска со нешто/некој се реални и имаат позадина.
Лагата без разлика на тоа колку не прави среќни, сепак е лага која со текот на времето ќе се открие и тогаш болката ќе биде поголема и ќе биде придружена со чувство на измама и недоверба што ќе остави уште поголеми траги.:toe:
 
Во улови во кои има многу условно кажано лажговци, измамници, лажни пријатели вистината е нешто што е ретко и скапоцено и треба да се респектира. Лаги кои се наменети за да не не повредат-незнам можеби се добри во услови кога една личност е психолошки растроена и не е во состојба да ја прими вистината. Некогаш потребна е и тактичност значи, ако тоа добро се знае како да се изведе. Меѓутоа во другата околност кога ,,здрави и прави,, подготвени сме да слушнеме релативно болен факт ја преферирам вистината.
 
Со лага, може да се живее во заблуда, но еден ден кога ќе се рабери се, сигурно ќе биди многу потешко од горчливата вистина.
ЈАс сум секогаш за вистината!
 
Би избрала вистина ,ама зависи за што.Ако е за некоја глупост би излажала колку да не се разочара тој/таа со кој/а зборам ,но доколку станува збор за нешто озбилно нормално дека нема да лажам и да измислувам глупости,ќе ја кажам вистината колку и да е болна ,сепак е вистина.И јас не би сакала да ме лажат за некоја озбилна работа,не би сакала и за глупости,ама подобро ако е нешто не важно да ме излажат, па покасно да ми ја кажат вистината,колку да не ми расипат расположење.А за озбилни работи само вистината,зошто повеќе ќе боли ако ме излажат.
 
По секоја цена би ја израл болната вистина, лагата и лажните идеали и надежи се нешто што најмногу го мразам.
Не можам да замислам живот во кој би живеел со лага колку и таа да е убава и да ми причиниува задоволство. Болната вистина можеби ќе ти предзвикува болка, но барем знаеш дека живееш живот без лажни надежи и веруваш во вистината.
 
Да, битен момент - лажни надежи. Не смееш да подлегнуваш на лажни надежи. На лагата и се кратки нозете, кога тогаш ќе ја откриеш болната вистина и што тогаш? Ќе патиш. Така да само одложено е разочарувањето од болната вистина.
 
Повеќе ќе преживеам горка вистина, него слатка лага:)
 
Искреноста е најлоша. Ако со некого сте искрен и му ја кажете (лошата) вистината, сте се зафркнале затоа што ќе ве мрази, кажете му лага па ќе ве сака и ќе има барем некаква надеж. Колку е тоа етички???
 
Искреноста е најлоша. Ако со некого сте искрен и му ја кажете (лошата) вистината, сте се зафркнале затоа што ќе ве мрази, кажете му лага па ќе ве сака и ќе има барем некаква надеж. Колку е тоа етички???

Ќе ме мрази во првите моменти додека му трае лутината и болката.После ќе биде благодарен што сум го спасила од одложени маки и болки.
Барем јас би била.

А ако кажеш лага ќе те сака да ама привремено.Што ќе се случи кога ќе ја дознае вистината?
 
Вистина која носи солзи дефинитивно.... Лагата кога тогаш ќе ја откријам а кога ќе ја откријам само уште поголем контраефект ќе се добие - повеќе солзи и горчина. Така да за првово сум. Ќе пројдат солзите полесно во секој случај
 
Секогаш вистината.... колку и да е горчлива вистината.. се знае вистина е и побрзо ќе се надмине тоа отколку слатка лага.. која ќе се дознае дека е лага... мн потешко се заборава и преболува... затоа си рпеферирам ВИСТИНА...
 
Вистината!Зашто колку и да е тешка побрзо ќе ја преболам отколку лага со која ќе живеам извесен период па после тоа ќе ја откријам вистината.Тоа ме боли најмногу.
 
За мене е подобро да се кажува вистината бидејки на крај таа сепак ќе излезе на виделина, но некогаш може да се излаже за да не повредиме некого ...
 
Само реалнпста!Еден ден ми се случи кога еден ненормалан по име не е битно зема и ме излаза дека сум имал слики како сум у кревет со друга?!И после јас малце коа го заплашив велам:Абе знаеш ли коа ке ти дое тато?!И он натазено:Абе па ние те заебаавме и јас ааааа така значи хе хе хе ама сам га преебал :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom