Skyrise

  • Креатор на темата Креатор на темата Anne.
  • Време на започнување Време на започнување

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
426495_143254342508514_2134806569_n.jpg


Skyrise се млад алтернатив рок бенд од Тетово, активен од август 2012 година. На публиката првпат и се претставуваат во март, 2013 година со песните "Let Yourself Go" и "Playing God", зад кои како продуцент се потпишува Гоце Симоноски, гитарист на High Control и продуцент на последниот албум на Суперхикс. Песните веднаш добиваат позитивни реакции од публиката и македонската јавност.

Звукот на бендот може да се опише како моќен, меланхоличен и модерен алтернативен рок. Бендот во моментов работи на својот прв албум, а позади себе има настап на Aqua Park Fest, делејќи ја сцената со ѕвезди како Paul Van Dyk, Кирил Џајковски, Суперхикс и Bernays Propaganda.
Преземено од нивната фб страна.

Членови на Skyrise се: Благоја Евкоски, Бојан Рафајловски, Дејан Дојевски (исто член и на Conquering Lion) и Бојан Евкоски.

Дечкиве ги слушав на Revolution Fest и сум доста задоволна. Следниот настап им е на 02.07 на Добра идеја фестивал на Градската плажа во Скопје.
Се надевам дека за брзо време ќе се пробијат и ќе станат попознати.
Еве линкови од нивните две песни, за брзо време се надевам ќе не почестат со уште.


 
Знам само дека ги постирав во изборот кој одеше за најпесна македонска ама згасна :)
Имаат добар алтернативен звук, несвојствен за во државава наша, ништо апла ново, но добар алтернативен звук со потенцијал кој се надевам дека правилно ќе го развиваат.
 
Само да се пофалим, дека имам свирено со пејачот година и пол ахахаха :D

Инаку и гитаристот освен басистот е член на Conqering Lion :)
 
Супер бенд ,ама не сум ги слушал никад у живо .
 
Можно е бе ова да е наше :eek: Секој ден откривам по некој нов, вчера Рената денес Скајрајс... па стварно мислам дека почнуваме да напредуваме во поглед на музиката, е ова е тоа што се бара. Навистина кој би рекол дека овие се македонска група, кога си слушнав си помислив дека се некои млади амерички таленти. Секоја чест.. Инаку жално е што имаат толку малце прегледи, овие заслужуваат да ги слушне светот и да види дека и Македонија има капацитетни и надежни музичари.
Браво за дечките нека продолжат така.. и дајте доста беше праќање на кафански пеачи на фестивали, овие се тие кои би не претставиле во вистинско светло. :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom