
Skyrise се млад алтернатив рок бенд од Тетово, активен од август 2012 година. На публиката првпат и се претставуваат во март, 2013 година со песните "Let Yourself Go" и "Playing God", зад кои како продуцент се потпишува Гоце Симоноски, гитарист на High Control и продуцент на последниот албум на Суперхикс. Песните веднаш добиваат позитивни реакции од публиката и македонската јавност.
Звукот на бендот може да се опише како моќен, меланхоличен и модерен алтернативен рок. Бендот во моментов работи на својот прв албум, а позади себе има настап на Aqua Park Fest, делејќи ја сцената со ѕвезди како Paul Van Dyk, Кирил Џајковски, Суперхикс и Bernays Propaganda.
Преземено од нивната фб страна.
Членови на Skyrise се: Благоја Евкоски, Бојан Рафајловски, Дејан Дојевски (исто член и на Conquering Lion) и Бојан Евкоски.
Дечкиве ги слушав на Revolution Fest и сум доста задоволна. Следниот настап им е на 02.07 на Добра идеја фестивал на Градската плажа во Скопје.
Се надевам дека за брзо време ќе се пробијат и ќе станат попознати.
Еве линкови од нивните две песни, за брзо време се надевам ќе не почестат со уште.