Skyfall (23ти филм на MGM за агентот 007)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Гледам нема тема а филмов е еден од поочекуваните филмови оваа година па реков да отворам :)

Ова е 23ти филм на МГМ продукција за авантурите на Џејмс Бонд (има 1 филм што не е во продукција на МГМ-Never Say Never,Една пародија која што е излезена пред официјалните 007 филмови-Казино Ројал,и една серија во која што Џејмс Бонд го глуми Американец-Казино Ројал)

Бонд и во овој филм ќе го глуми Даниел Крег.Неговиот шеф М повторно ќе биде Џуди Денч.Главен негативец ќе биде Хавиер Бардем :)vozbud:) а дел од (најверојатно) дежурни постетели во креветот на Бонд ќе бидат Наоми Харис и Беренис Марлони како главни женски ликови во филмот (покрај Денч).
Исто така покрај Денч и Крег како главен лик во филмов ќе се појави и Ралф Фајнс и Бен Вишо кој што за првпат после Die Another Day ќе го оживее ликот на Q.

Инаку интересен факт е што во овој филм Бонд најверојатно ќе пие Хајнекен наместо веќе добро познатата водка-мартини.

Први овој филм ќе го погледнат во Србија на 22ри Октомври.Да се надеваме дека и Милениум ќе го донесе овој филм меѓу првите земји во светот :).

 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Убаво си пишува еден коментар под филмов - James Bourne.

Вратете ги филмовите на Пирс Броснан, кул гаџети, луда забава, јаки жени, егзотични локации и суперколи на мраз.

Ако сакам реална шпионажа, но сепак super-spy, ете ми го Bourne...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Убаво си пишува еден коментар под филмов - James Bourne.

Вратете ги филмовите на Пирс Броснан, кул гаџети, луда забава, јаки жени, егзотични локации и суперколи на мраз.

Ако сакам реална шпионажа, но сепак super-spy, ете ми го Bourne...
James Bourne? Го неам глеано типов, дај торент. :LOL:

Инаку, стварно изгуби смисла серијалов. Башка новиов ми е напумпан атлетичар и мастер на боречки вештини, а не префинет мадафакер.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Aaaf na trailer isplukavte...Pa koga ke izleze filmot kojznae sto ke pravite.
Bond serijalot e namerno svrten vo ova svetlo zatoa sto i publikata toa go nalaga...
Pomina vremeto koga James Bond skokase na krokodili i fakase avioni vo let Uste malku ako prodolzea taka Ke mu stavea edna nametka na koja pisuva 007 i so tupanici ke boksirase nuklearni podmornici
Noviov serijal so Craig e manje vise prizemen bez vselenski sateliti i Save the world stvari.
Likot e napraven da bide uverliv Sekoj moze da go povredi, se spravuva so realni opasnosti i ima svoj personalitet. Casino Royale e eden od najdobrite delovi, Quantum of Solace imase uzasno loso scenario a ovaj noviov vetuva i se nadevam deka silnana akterska ekipa ke ponudi dobra prikazna.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.114
Поени од реакции
9.064
Последните два филма ми беа некако неинспиративни и оддалечени од серијалот. Приказните и негативците ми беа толку досадни и незначајни што не се ни сеќавам на дејствието во филмовите (само на Ева Грин се сеќавам :LOL: ) . Плус глумецов ја нема харизмата на Пирс, Роџер и Шон. Можеби ќе го ѕирнам од радозналост некад на торент, но мислам дека доволно го исцедија овој серијал.

It's time to throw in the towel.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Сега на Хајнекен се префрлија....
Ова веќе стварно претерано е. За гледање ќе го гледам, ама не очекувам којзнае што.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Излегоа и постерите со ликовите :








Бардем :cuc: Мислам дека ликот ќе биде некој многу опасен исто како Џокер :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Не делува така од постерот. :D
Од постерот не туку од трејлерот :)
Еве на кого наликува од постерот :D


Малце ми е тапа со ваква коса ама ќе го бидне :)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Малце ми е тапа со ваква коса ама ќе го бидне :)
Нема да му биде прв пат.​




Штом успеа да го помине "No Country for Old Men" изгледајки како чивава а сепак да извади меморабилен перформанс тогаш ни за "Skyfall" немам грижи (y). Во други вести, требаше да го глуми Роланд во екранизацијата на "Dark Tower" од Стивен Кинг ама го заменија со Расел Кроу. Тапа (n).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Нема да му биде прв пат.





Штом успеа да го помине "No Country for Old Men" изгледајки како чивава а сепак да извади меморабилен перформанс тогаш ни за "Skyfall" немам грижи (y). Во други вести, требаше да го глуми Роланд во екранизацијата на "Dark Tower" од Стивен Кинг ама го заменија со Расел Кроу. Тапа (n).
Првата е од Скајфал иначе :)
А да и јас сакав да го спомнам тоа за No country for old men. Една од најлошите коси во историја на филм:ROFLMAO:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Пред да дојде новиов Бонд да се потсетиме на првиот Бонд со светла коса, Роџер Мур. Снимка од Мур во некое Британско комично шоу, како Бонд 10 години пред да ја наследи улогата после Конери, Лазанби и...Конери.

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.359
Мур ми е најлош Бонд од сите.

Инаку баш сакав да го постирам ТВ спотов од Јапан ама викам ај да не постирам само јас во темава :D
Според мене спотов е по :vozbud: отколку трејлерите иако и тие се поприлично :vozbud:
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Мур ми е најлош Бонд од сите.
Абе не зезај така. Најлош Мур. По мене немало лош Бонд имало лоши филмови да, ама актериве сите што биле посебен свој шарм вметнувале во улогата. А филмовиве со Мур ми се најомилените, кога и да ги има седнувам да ги гледам без разлика дали ми се веќе 100 пати гледани. Освен Moonraker, го гледам 40 минути и после исклучувам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom