Скршена матична плоча на лаптоп

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr.House
  • Време на започнување Време на започнување
Од гла да си го лупаш само мојш ... или екранче да шитниш рам,хард диск и графичка ако не е онборд
 
Не вреди да ја поправаш, подобро е нов лаптоп да си земеш.
Ако ти е под гаранција, ќе мора тие да ти ја средат, или да ти го заменат лаптопот.
 
Јави се во К2лаптоп, мене ми го среди, ми се имаше истурено сок и јас го упалив неколку пати после тоа, и не му давав ич надеж. Али на крај го поправи.
Каде е тоа к2лаптоп?
 
Ако му е скршена матичната плоча стварно тогаш гаранцијата веќе не важи бидејќи физички е оштетен лаптопот. Најдобро да си го однесе и на друго место да му дадат мислење еве на пример во ИТД или во анхоч.
Знам, затоа и прашав, али еве го не одговара така што претпоставувам дека го има акнато од земја. :)
 
Лаптопот не е акнат од земја, ми нема паднато, не би требало да биде скршена матичната, стварно не знам што би било проблемот.. Ме интересира какви матични успеваат да репарираат односно што треба да биде дефектот за да може да го поправат
 
ондак е струен удар, се останато покрива гаранцијата
 
Нема поправка од струен удар. Мене ми рикна ПЦ од струен удар и матична и рам ми отиде. Поправката ме чинеше скоро како нов ПЦ, и решив да доплатам и да си земам ново.
Инаку, дали во штекерот кај ти е вклучен лаптопот на полнач имаш некој вид на осигуравувач од прејак напон? Ако немаш би требало да си набавиш, затоа што е заебано без тоа да се користи ПЦ, се дешава да дојде прејак напон и да преебе некој дел.
 
Мислам дека ако не е твоја вината за струјниот удар односно вината е на ЕВН можеш да ги тужиш и да ти исплатат се` што ти оштетил струјниот удар. На татко ми еден колега пред неколку години го снајде ова и му цркнаа компјутер, клима уред, телевизор и уште нешто и веднаш се консултираше со адвокат, поднесоа тужба и доби целосна исплата на штетата.
 
Могуќе не викам не. Проблемот е што, кога јас се консултирав со адвкоат ми рече да не се дупам по судници и адвокати, затоа што пари што ќе треба да ги дадам околу се тоа ќе ми излезат исто колку нов ПЦ.
 
....а подетално да напишеше што точно ти се случи со лаптопот и зошто не е под гаранција за да може да добиеш некој корисен совет.....бидејќи никој тука не е Иван Исцелител или Баба Ванѓа
 
Се пали ли биосот?
Мониторот не се пали воопшто и компјутерот прави дупли звук (beep) како кога држиш повеќе од 3 копчиња..
....а подетално да напишеше што точно ти се случи со лаптопот и зошто не е под гаранција за да може да добиеш некој корисен совет.....бидејќи никој тука не е Иван Исцелител или Баба Ванѓа
А не е под гаранција дека го отворив мислејќи дека фрката е до лошо поврзаните рам плочи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom