Скрнавење на македонски имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Salitos
  • Време на започнување Време на започнување
И сеа како е правилно Иван или Ванчо. Или Ване.
Излишни муабети. Какво да е секое име во рамки на нормала е убаво ако детето е воспитано.
 
Се напнав со кошаркава, па да се истурам тука. Зошто ако земаме пример од Бразилците, не ги следиме до крај?

Пример они имаат:

Роналдо - Роналдињо ( на нашки мали Роналдо или роналдЧЕ)

но имаат и

Роналдо - Роналдао (шо би значело РоналдиШТЕ).

И баш кул ќе ни бидат имињата тогаш. И сите ќе бидеме мажи по дифолт.

Пример: Игор - ИгорАО. Милина.
 
Ти можеш да се викаш и Наум, а сепак да не си маж ко што треба..., а можеш да се викаш и Наумче, а да си вистински маж.
Родителите ти го даваат името според нивна желба, а ти си тој кој што го гради својот карактер.
 
Сквернавењето на Македонските имиња не е: Наум -> Наумче, туку имињата од типот: Гордан, Теа, Венера, Матео, Леон(н), Хана, Дарија, Лина, Томи, Анабела, Леонтина....
***
Тоа е геноцид, ако ова е сквернавење.

Гордан е македонско име и не треба да ти биде во таа листа.

Инаку и мене не ми сметаат имињата што завршуваат со че, иако не би му ставил такво име на моето дете. Имам комшија си го смени името т.е го отстрани тоа „че“. Меѓутоа овие странскиве имиња многу ме нервираат и најчесто родителите на овие деца се препотентни луѓе што сакаат да бидат модерни. Странското име неможе да го промени туку-така, а да не биде многу различно. Незнам од каде потребата да го крстиш детето Џејмс, Џонсон, Леон, Валентајн, Никита (на машко дете)... :cautious:
 
Kолку пати сте слушнале за вакви Македонски имиња?
Анѓелче
Стојанче
Стевче
Наумче
Кирилче
Трајанче
Игорче
Миланче
Наумче
Мислам дека крајно време е да се престанe со вакви глупави имиња!
Што им фали на:
Стојан
Кирил
Трајан
Наум
што се во оргиналот?
И кога ќе го крстат детето со "Наумче" можеби ќе им биде убаво додека не наполни повеќе од 7 години,a кога ќе наполни 20,30,55 и кога ќе биде маж и тогаш ќе го викат "Наумче" ?!
Ужасен глуп "тренд" кој мора да се искорени кај македонците под итно!
Не можам ни да замислам: :facepalm:
"Идат во кафана Анѓелче, Стојанче и Миланче"
"Идат во војна Наумче, Стојанче и Игорче"

Како некој со вакви имиња може да биде еден ден маж?
УЖАС!
Лично и мене не ми се допаѓаат вакви имиња ,особено глупаво звучи кога ке видиш возрасен маж 190 цм 100кг а му се обраќаат на пр. со Стојанче ...
 
Можеби постот малку ќе биде оф топик, но морам да кажам дека во последно време Македонците полуделе кога станува збор за имиња. Почнаа да ставаат имиња кои воопшто не се Македонски, а згора на се пак прават и мешавина од странски имиња со Македонски.

Така прв пример кој ми паѓа на памет е името на машкото дете на фудбалерот Горан Пандев, Филипо! Зошто на пример такво име? Дали Пандев се осеќа веќе како Италијанец, а не Македонец, или пак можеби знае дали детето се осеќа како Италијанец и затоа такво име? Зошто да биде Филипо а не Филип? Кое значење му го има последната буква О? Ова не е чисто Македонско име и според мене сметам дека е погрешно.

Одиме понатаму, пред неполн месец еден пријател доби ќерка по втор пат. Го прашувам како ќе ја крстат и ми вика Леона. Моментално ме удри во глава и се насмеав, иако во паметот ми се вртеше мислата, овој полудел ли? Какво име му е Леона? Сакаат да ја крстат по Британската пејачката Леона Луис, некој цртан лик или некој друг филм им се мота во глава?

И најненормалниот случај со име го доживеав пред некој ден, роднини од село кои живеат во Италија добија машко дете. Ок, убаво, честитки фрчат на сите страни, радости итн... Прашувам за името и ми рекоа дека ќе се викало Ристе Живко... ???!?!?!?!?!?!! Ме фати таква смеа и туѓ срам што ми беше тотално идиотско, а причината за тоа било дека мажот сакал детето да се вика Ристо, по неговиот татко, а на жена му татко и пак сакал неговото име да му го стават на детето. И за да не се лути никој и сите да бидат задоволни се одлучиле за ова име Ристе Живко!

Дали Македонците го губат разумот кога станува збор за давање имиња на нивните деца или што е причината?
 
Имаше мајка ми колега од факс кој се викал Јаковче. А една људина што бил, голем како појава, кога ќе застане сонцето го снемува. А име: Јаковче !!!
 
А сте чуле за пејачката Гонце Гогова таа што да каже ахха
 
Можеби постот малку ќе биде оф топик, но морам да кажам дека во последно време Македонците полуделе кога станува збор за имиња. Почнаа да ставаат имиња кои воопшто не се Македонски, а згора на се пак прават и мешавина од странски имиња со Македонски.

Така прв пример кој ми паѓа на памет е името на машкото дете на фудбалерот Горан Пандев, Филипо! Зошто на пример такво име? Дали Пандев се осеќа веќе како Италијанец, а не Македонец, или пак можеби знае дали детето се осеќа како Италијанец и затоа такво име? Зошто да биде Филипо а не Филип? Кое значење му го има последната буква О? Ова не е чисто Македонско име и според мене сметам дека е погрешно.

Одиме понатаму, пред неполн месец еден пријател доби ќерка по втор пат. Го прашувам како ќе ја крстат и ми вика Леона. Моментално ме удри во глава и се насмеав, иако во паметот ми се вртеше мислата, овој полудел ли? Какво име му е Леона? Сакаат да ја крстат по Британската пејачката Леона Луис, некој цртан лик или некој друг филм им се мота во глава?

И најненормалниот случај со име го доживеав пред некој ден, роднини од село кои живеат во Италија добија машко дете. Ок, убаво, честитки фрчат на сите страни, радости итн... Прашувам за името и ми рекоа дека ќе се викало Ристе Живко... ???!?!?!?!?!?!! Ме фати таква смеа и туѓ срам што ми беше тотално идиотско, а причината за тоа било дека мажот сакал детето да се вика Ристо, по неговиот татко, а на жена му татко и пак сакал неговото име да му го стават на детето. И за да не се лути никој и сите да бидат задоволни се одлучиле за ова име Ристе Живко!

Дали Македонците го губат разумот кога станува збор за давање имиња на нивните деца или што е причината?

Уште од сега осеќам дека ќе има фрки кога ќе подпорасне детево, Ристе Живко..

Мy name is Ристе, Ристе Живко! :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom