Скрнавење на македонски имиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Salitos
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Kолку пати сте слушнале за вакви Македонски имиња?
Анѓелче
Стојанче
Стевче
Наумче
Кирилче
Трајанче
Игорче
Миланче
Наумче
Мислам дека крајно време е да се престанe со вакви глупави имиња!
Што им фали на:
Стојан
Кирил
Трајан
Наум
што се во оргиналот?
И кога ќе го крстат детето со "Наумче" можеби ќе им биде убаво додека не наполни повеќе од 7 години,a кога ќе наполни 20,30,55 и кога ќе биде маж и тогаш ќе го викат "Наумче" ?!
Ужасен глуп "тренд" кој мора да се искорени кај македонците под итно!
Не можам ни да замислам: :facepalm:
"Идат во кафана Анѓелче, Стојанче и Миланче"
"Идат во војна Наумче, Стојанче и Игорче"

Како некој со вакви имиња може да биде еден ден маж?
УЖАС!
 
Како некој со вакви имиња може да биде еден ден маж?
УЖАС!


Дојди да ме видиш шо мажиште сум и физички и карактерно, тестостерон на сите страни, а името и прекарот е тоа на плеќи што го носам некој што ми го дал, првото родителите и кумот, а другото улицата.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 11:47 ---
Номче бре :icon_lol:....
 
Може на тебе ти изгледа тоа така но можеби за 20-30-40 години овие современи имиња ќе бидат чудни времето и работите се менуваат.
 
брат извини но навистина темава ти нема никакво значење ...... што е лошо да се нарекуваат како сакаат луѓето .... тоа ни е загарантирано право ..... ако не ти се допаѓа,си одиш до суд или не знам каде и ќе поднесеш барање за смена на име или презиме ..... толку и едноставно ....... јас би сакал да покренеш тема на пример како семејната историја,потекло , знаеш гинеологија .... да знаеш кој ти е 20х пра -баба/-дедо ..... и до колку ти се протега семејното стебло .... еве јас на пример не знам каде да се обратам или кај кој стручнак кој се специјализирани за оваа работа ..... одлична работа ти е емисијата ... Who do you think you are ..... ?!

00_wdytya_tree_small.jpg
 
се согласувам, али сепак тоа е подобро од тракторка, тито, ленин, партизанка, ....... нефертити, ....... сталин, .... ги има и тие чуда, така да ова је да е детско али некако поприфатливо него другото.
миле..... миленце :pos:
 
Дојди да ме видиш шо мажиште сум и физички и карактерно, тестостерон на сите страни, а името и прекарот е тоа на плеќи што го носам некој што ми го дал, првото родителите и кумот, а другото улицата.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 11:47 ---
Номче бре :icon_lol:....


Си слушнал за мажиштето воениот херој Генерал Стојанче Ангелов?
 
Една бивша ми колешка од бишиот ми факс. И ја, нормално. Двете реченици кои го чинат дијалогот се измислени, али поентата не.

Ја: Петранка (и се обраќам со целосно име) кој го уби Ченто?

Она: Јас не сум Петранка, јас сум Пепи. И Ченто е уште жив..

Тогаш ми беше смешна нејзината реакција. Сега пак, сум со став дека секој има право да се кажува како шо сака. Ако он кога му се обраќаат со ЧЕ се топи ко сладолед кога сонцето е уклучено на тројка, тогаш не гледам зошто да не му се обраќам така. Да, тоа не го прави помалку маж. Впрочем еден од најмаркантните ликови у светската историја беше ЧЕ.
 
Како некој со вакви имиња може да биде еден ден маж?
УЖАС!

Затоа што името дефинира дали ќе бидеш маж или не.

Иако се согласувам дека не го личи со тоа чо, че, а кај жените е ка, Иванка, Стојанка, Јасминка, Јованка, Цветанка, Евка...


Правење демунитив од имиња. Го има и во други култури Џони, Џејми наместо Џон и Џејмс Роналдињо наместо Роналдо итн...
 
Па овие се револуционерни имиња бе. Поради тоа што родителите за време на Југославија неможеле на поинаков начин да го претстават својот револуционерен дух, им текнало ова нешто. Децата уште попознати се како децата ЧЕ од кои во иднина се очекува да го променат светот.
Се зезам бе, нагалено од дедо им изгледа им доаѓа имево. Пошо мора според дедото да се крсштаваат децата.
 
Може на тебе ти изгледа тоа така но можеби за 20-30-40 години овие современи имиња ќе бидат чудни времето и работите се менуваат.

ајде вистина и како тоа за 20 до 30 години ќе се променат имињата ? можеби ќе ги крстат вака P456889 , FT6557557, VX434670:D
 
Знам еден 25годишен дечко, фраер е наводно гитара свири по кафичи all that crap, ама се вика Николче :pos:
Николчеееееееее!<3
 
Не би рекол дека е сквернавење, но мислам дека демунитиви од имиња не би требало да се заведуваат во документи како официјални имиња. Мене во лична карта ми пишува едно, ми се обраќаат со друго, а во трето лице за мене користат трето име. Нагалените имиња можеби треба да си останат само во неофицијална употреба.

Од друга страна пак, вака се зголемува речникот на имиња. Имаш Стојан, Стојанче, Стојче, Столе, Стојко, Стоје итн. Додуша уште не сум сретнал Димитарче, Александарче, Владимирче...

Сепак Благојче и Јованче во секој случај ми се подобри од Дејвид, Тео, Макс, Леон итн.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 12:17 ---
еве јас на пример не знам каде да се обратам или кај кој стручнак кој се специјализирани за оваа работа ..... одлична работа ти е емисијата ... Who do you think you are ..... ?!

00_wdytya_tree_small.jpg

Научи турски, научи да читаш и пишуваш арапско писмо, добиј пристап до административните пописни дефтери во турските музејски архиви и барај.
 
Сквернавењето на Македонските имиња не е: Наум -> Наумче, туку имињата од типот: Гордан, Теа, Венера, Матео, Леон(н), Хана, Дарија, Лина, Томи, Анабела, Леонтина....
***
Тоа е геноцид, ако ова е сквернавење.
 
Знам еден 25годишен дечко, фраер е наводно гитара свири по кафичи all that crap, ама се вика Николче :pos:
Николчеееееееее!<3


Moze i truba da sviri...Nikolce....kolku jadno i smesno...Imeto treba da e Nikola...
 
Не би рекол дека е сквернавење, но мислам дека демунитиви од имиња не би требало да се заведуваат во документи како официјални имиња. Мене во лична карта ми пишува едно, ми се обраќаат со друго, а во трето лице за мене користат трето име. Нагалените имиња можеби треба да си останат само во неофицијална употреба.

Од друга страна пак, вака се зголемува речникот на имиња. Имаш Стојан, Стојанче, Стојче, Столе, Стојко, Стоје итн. Додуша уште не сум сретнал Димитарче, Александарче, Владимирче...

Сепак Благојче и Јованче во секој случај ми се подобри од Дејвид, Тео, Макс, Леон итн.
--- надополнето: 5 септември 2013 во 12:17 ---


Научи турски, научи да читаш и пишуваш арапско писмо, добиј пристап до административните пописни дефтери во турските музејски архиви и барај.




:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom