Скопско vs. Златен Даб

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобро македонско пиво

  • Вкупно гласачи
    304
Едноставно нели, добиваш желба да станиш практикант дегустатор во ПП.Бесплатно.За се друго постои Мастеркард :pos:
 
Токму така, на Прилепска Пиварница им остана уште да се подобрат со достапноста низ Скопје (многу ретко се наоѓаат во кафулиња, трафики и помали колонијали, претежно ги има во големите маркети), ама затоа во помалите градови растураат, а посебно со маркетинг. Па, дури и во Скопје по број на билборди делуваат подоминантно.
(Не)Достапноста е поради друго. Се додека не ја поправат продажбата на Пепси и другите безалкохолни (Миранда, 7-Up... и сл. Не ги знам не ги пијам) нема да се подобри продажбата барем по угостителскиве објекти во Скопје. Скопскава Пивара условува со кока кола и фанта и со бесплатни фрижидери и други курнаски игри.

Инаку за подобро, подобро е одамна Дабот, џабе скокаат локал-патриотиве. А за дизајнот на скопско што да кажеш, у барок стил, ко пастиров да им наредил какво да биде:D
 
BTW, Даб парче прави по кафичиве и кафаниве по Прилеп. Mислам дека од пиво аспект, многу ретко се пие друго (Туборг, Хајнекен, а Скопско само по продавници има)
Како е во другиве градови откако е пуштена новава амбалажа?

Бев во Прилеп пред три години само Крале Марко и Даб имаше.Немаше дури ни Кока Кола,Швепс такви работи,само Миринда.:pos::pos:
Си ги штитите производите изгледа.
Можеби не е секаде така но кај што бев таа келнерката вика само прилепска пивара.:oops:

Немам пробано оддамна Даб,можеби се подобрило кој го знае.:icon_mrgr:Инаку Туборг само за пичиња е,многу меко пиво.А тие српските пива нарочито Јелен тие се за деца.Србите само за ракија ги бива,другото шљам невиден.:pos:

Инаку во Гостивар 98.98% се пие Скопско.(y)
 
Бев во Прилеп пред три години само Крале Марко и Даб имаше.Немаше дури ни Кока Кола,Швепс такви работи,само Миринда.:pos::pos:
Си ги штитите производите изгледа.
Можеби не е секаде така но кај што бев таа келнерката вика само прилепска пивара.:oops:

Инаку во Гостивар 98.98% се пие Скопско.(y)

Нема штитење на производи, кафичи и слични објекти склучуваат договори и само такви појалоци имаат, а со тој договор имаат некакви поволности, добиваат апарати на користење и слично.

А за % во Гостивар не си во право, на мн места нема какво сакаш пиво, до пред 1 месец ова што го кажуваш за Прилеп важеше за BabyBlue, V Club има само туборг и уште едно пиво :)

Предходната амбалажа на Даб беше не толку добра, но пивото беше одлично, многу подобро од Скопско, но никогаш не практикувам да пијам една марка на пиво подолго време.
 
Овие странскиве пива ги наплаќаат поскапо,тоа им се исплаќа повеќе нормално,а си имаат други поволности како што и ти напиша погоре.

Во кафиќите и не се пие премногу пиво,јас мислев повеќе на кафаните,таму стандард си е Скопско.Единствено во гостилница/кафана Парк нема Скопско(барем на друго место немам приметено),но таму има СтароПрамен кое за мене е лидер во поглед на пивава.:love:
 
Во Парк нема Скопскоo_O
Баш пред некој ден пиев таму Скопско. Иначе велиш Старо Прамен е лидер а? Ај ќе пробам викендов да видам што пиво ќе беше тоа:D
 
Во Парк нема Скопскоo_O
Баш пред некој ден пиев таму Скопско. Иначе велиш Старо Прамен е лидер а? Ај ќе пробам викендов да видам што пиво ќе беше тоа:D
Epa super ako ima. (y)

Dosega samo jelen(vrska nema) i staro pramen imase.
Probaj,nema da zazalis.
 
Уште еден нокаут во маркетинг сферата врз фајкла Скопско.

Даб-Скопско 3:0 кажано со фудбалски речник во сферата на маркетингот.
Менаџментот на пивара Прилеп сериозно си ја сфаќа работата.Одличен маркетинг+дизајн+квалитет = неизбежен успех.
А Скопско нека спие и понатаму,цела година се шлепа со една реклама..за падот на квалитетот да не збориме.
 
Со Скопско раскинав веќе година и некој месец. После секое пиење Скопско, сабајлето кога ќе станев ме болеше глава како да сум се препил, а не сум некој голем фан на количинско пиење. Со ниту едно друго пиво не ми се случува тоа. Едноставно Скопското е уништено, мириса на повраќаница и има некој тежок вкус не е тоа што беше. Се збори дека го продаваат неодлежано затоа и има таков чуден вкус.
Старопрамен, Лашко и Хајнекен тоа се пивата.
 
Скопско уште спие на стара слава, навика и локал-патриотизам. Скопско за разлика од пред 5,6 години е многу лошо, рулетот на шише пиво кое мириса на ракија кажува дека се почесто и почесто се погодува оваа ситуација. Тука мора да се споменат и пропаднатите авантури со Радлер лимонадата, Месечината слабо пиво или пак Младо пиво. За реклами многу јасно дека Даб победува а за вкусот мислам дека веќе го надмина Скопско. Само навиката останува виновна зошто луѓето го сакаат горчливото и газираното Скопско, пред поблагиот Даб. Скопско речиси и да не нарачувам кога ќе излезам. Странските пива како Старопрамен или пак Лашко секако ги пијам пред Скопско, а ако има Скопско и Даб, го бирам второто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom