Божино
4815162342
Боооо
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

(Не)Достапноста е поради друго. Се додека не ја поправат продажбата на Пепси и другите безалкохолни (Миранда, 7-Up... и сл. Не ги знам не ги пијам) нема да се подобри продажбата барем по угостителскиве објекти во Скопје. Скопскава Пивара условува со кока кола и фанта и со бесплатни фрижидери и други курнаски игри.Токму така, на Прилепска Пиварница им остана уште да се подобрат со достапноста низ Скопје (многу ретко се наоѓаат во кафулиња, трафики и помали колонијали, претежно ги има во големите маркети), ама затоа во помалите градови растураат, а посебно со маркетинг. Па, дури и во Скопје по број на билборди делуваат подоминантно.

BTW, Даб парче прави по кафичиве и кафаниве по Прилеп. Mислам дека од пиво аспект, многу ретко се пие друго (Туборг, Хајнекен, а Скопско само по продавници има)
Како е во другиве градови откако е пуштена новава амбалажа?




Бев во Прилеп пред три години само Крале Марко и Даб имаше.Немаше дури ни Кока Кола,Швепс такви работи,само Миринда.
Си ги штитите производите изгледа.
Можеби не е секаде така но кај што бев таа келнерката вика само прилепска пивара.
Инаку во Гостивар 98.98% се пие Скопско.![]()

Нема штитење на производи, кафичи и слични објекти склучуваат договори и само такви појалоци имаат, а со тој договор имаат некакви поволности, добиваат апарати на користење и слично.
А за % во Гостивар не си во право, на мн места нема какво сакаш пиво, до пред 1 месец ова што го кажуваш за Прилеп важеше за BabyBlue, V Club има само туборг и уште едно пиво
Предходната амбалажа на Даб беше не толку добра, но пивото беше одлично, многу подобро од Скопско, но никогаш не практикувам да пијам една марка на пиво подолго време.

Овие странскиве пива ги наплаќаат поскапо,тоа им се исплаќа повеќе нормално,а си имаат други поволности како што и ти напиша погоре.
Во кафиќите и не се пие премногу пиво,јас мислев повеќе на кафаните,таму стандард си е Скопско.Единствено во гостилница/кафана Парк нема Скопско(барем на друго место немам приметено),но таму има СтароПрамен кое за мене е лидер во поглед на пивава.![]()


Epa super ako ima.Во Парк нема Скопско
Баш пред некој ден пиев таму Скопско. Иначе велиш Старо Прамен е лидер а? Ај ќе пробам викендов да видам што пиво ќе беше тоа![]()
Уште еден нокаут во маркетинг сферата врз фајкла Скопско.