Скопско Radler lemon

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера ми беше досадно и ај реков да пробам Радлер. И шо знам не ми остае некој WOW впечаток. Нормално, ка Швепс. Да купим пак .. не знам.. тешко. Само некад чисто од досада да разбием монотонија :)
 
Денес пиевме со другарче по лименка.Шо знам,убаво за разладување,ама као пивo,тешко :)
 
Аман луѓе убо пишуваше еден член го изхејтавте. Радлерот е пиво-микс и не е чисто пиво така да не споредувајте го со класично пиво. Радлерот е измислен во Германија околу 1900год. и си има своја намена. На пример некој што треба да вози ќе си порача радлер за да биде во рамките на дозволеното. На лето исто така е доста освежителен и да не заборавам ако сте мамурни а сакате да продолжите другата ден со пиејне Радлерот е добар за старт за после да продолжите со пиво :icon_mrgr:
 
Мене ми е убаво :) Јас во главно не поднесувам многу алкохол, жестоки пијалоци исто така неможам да поднесам, а обичното пиво многу ми горчи:) Ова е таман како за мене :)
 
Убав вкус ама повеќе е како сокче, ако сакате да пиете пиво купете си од обичното скопско.
 
Лани кога проширувавме дома, имавме еден комшија на помош што работи во Словенија. Кога го прашав што ќе пие, рече ’Скопско, ама и еден швепс голем.’ И зема човекот во празно шише измеша две скопски и пола швепс и вика ’У Словенија го продаваат готов’. Тогаш пробав прв пат ваква комбинација и ми е супер!
 
Скопско Radler немав пробано, додуша никакво пиво си лимон досега немав пробано. Ама деновиве некако со Европското Првенство пробав и ми се допадна многу. Да, не е исто како оригинал пиво, ама мене ми се допадна. Посебно добро оди во комбинација со нешто благо, по можност црна чоколада со што е можно поголем процент на какао но без додатоци како лешник и такви глупости. Инаку, не сум голем љубител на пиво, повеќе преферирам жестоко нешто, но на вакви топли летни денови не се пие жестоко а ладно пиво ме освежува.

ПС: Damn it, пак ми се пие...! :D
 
Тапа муабет ништо посебно не е радлеров,како сокче е.
Сеа за на плажа може да е по ок такви лименки да си пуцаш поради тоа што на сонцето се начукуеш полесно.
 
Радлеро ја расипува прекрасната слика за пивото обесена во мојата глава. Big disgrace:tapp:
 
Добро е има сладок вкус, незнам колку успешно ке им биде.
 
Не сум некој љубител на алкохол, но пред некој ден земав да го пробам Радлерот. Необичен ми беше вкусот, не ми се допадна баш
Обичното Скопско ми е многу поубаво, може да кажам и најдобро пиво што сум го пробал :)
 
Летно пиво ,во лето не се пие многу алкохол на сонце и на топлово:D
 
Фак, погрдо нешто немам пробано во животот. И тоа го пробав ради тоа што на гага ми го дадоа. За мај кога пазаревме даваа лименка за секој 1,5 литар или така некако... не ми текнува точно, ама никогаш во животов нема да го купам тоа „пиво“. Првите неколку голтки е океј, освежува и сѐ е океј, ама после кој грд вкус го има... да ти се смачи од животот.

Се знае што е пиво, а не ова.
 
Еднаш се имам напиено и ми се свиѓаше. Иако е сокче, убаво и освежително е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom