Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
И овде ќе пишам, жално е што се случува со градов.
Оноа „градот убав пак ќе никне“ отиде у мајчину, погрд никогаш не бил градов, дури и разрушен у '63та пак бил подобар него ова сеа.
Премногу се затвори плоштадот. Баш денес поминував натаму и се осеќаш како у дупка да си, од секаде е заградено. Дури и она што го поддржував од проектов испадна евфино и неквалитетно направено.
Да останеше на основниот проект океј ќе беше, ама ова денес не е ништо налик на основниот проект. Градов изглеа евтино ко курва пред МТВ...

Капак на се е она ебано панорамско тркало. На Вардар има брана направено за да може да се гради тоа смрдливо панорамско тркало шо нема никаква корист за градот. Покрај тоа што има многу мостови на многу мало растојание, и растојанието меѓу панорамсково тркало и бродот е минимално или бар мене така ми се виде денес.
Толку бунтување, толку критика дека не чини панорамското тркало, ама џабе е бе, овие ич курот не ги боли за тоа, си градат и ич не им чуе. Затоа и сакам да се смени власта, зошто оваа изгуби контакт со реалноста, заборави дека треба да работат за интересот и потребите на граѓаните, а не да им биде ова симс.
Сеа и шпанските скали коа ќе ги изградат, мх мх мх.
А па црквата на улица Македонија е посебна приказна...

Лошото е што градов ќе остане ваков никаков до крајот на неговото постоење. Кој и да дојде утре на власт сигурно нема да земе чекичот и да иде да руши ова шо се градело.
Едноставно, срам и жал ми е веќе што живеам во Скопје...
Викаш оноа како што беше замислен предтоа?
Од старт се знаеше првичната замисла, а тоа е дека нема никаква замисла. Од почетокот кога ги лупаа оние шмизли, чистачи на кондури, паскокузмани, преку реставрацијата на калето џоа дизниленд, проширување на одредени улици без потреба, до крајниот дел (од 2011та навака) трупање објекти и споменици за кои авторот е непознат (нека не ве прават мутави). Како капак, терањето на инает кон одредени граѓани кои пробаа да се спротистават на оваа урбана мафија од катаклизмични размери, лупањето објекти лепенки до нивните живеалишта, драстичното таманење на зелената површина, преименувањето на одредени улици за собирање арач за нови лични карти, селективното импровизирано фасадирање на одредени објекти... На крајот од немањето првична замисла, они систематски го поебаа целиот град. Од толкав мањак на комплекси, уништија децениски испланиран град кој би можел во иднината понатаму да има некаков прогрес. И сите куртони тука што се` уште го бранат проектов би ги прашал, како би реагирале ако утре им дојде инспекција и им направи експропријација во нивното сред-село и изгради гипсан споменик на Дуче или па некоја катна гаража која има капацитет да собере 500 коли но ете отспротива има паркинг за 100 кој само за викенд е 80% полн? Како би се осеќале кога некој ќе почне да им фасадира со евтин гипс картон половина од зградата, а останатиот дел да седи така да се распаѓа? Која енергетска ефикасност ќе ја добијат?
Добро рече Тапетарот, има такви покондурени сељаци донесени тука сосила да свршаваат на оваа издркотина од „проект“ на тешки комплекси.
 
Чудовиште од милиони евра

CepWGfuW4AIqb2K.jpg
 
Ова е најјако. :ROFLMAO:
Во право е човекот , мене таа играчка ме кошташе некои 5-6000 денари плус 3 дена растрчување , да ја сменам адресата на фирмата , која впрочем си остана во истите простории .
На темата : Пред 20 тина години омилена релација ми беше Гранд хотел - Кино Вардар , онака клај клај . Сега , ако немам некоја јака потреба , избегнувам да одам таму .
 

-
kukicki vo Skopje,...i zelenilo koe go nema poveke.

-
i poslednoto maalo so kukicki poleka go snemuva go poklopuvat zgradurini,

И сега ќе најдеш вакво зеленило, ама во општина Илинден :)

За жал Скопје си губи зеленило и слободен простор, тешко да најдеш веќе мирна населба за да одмориш глава, врие насекаде.

Аеродром едино што го личи како општина, со широк простор и засега широк зелен простор, ама како што гледам, почнаа да убацат згради по ќошови.

Види ги новите згради таму во Лисиче (десно на сликата), 25 комада едно до друго, како да се работи за центар на Скопје, а не периферија.

aerodrom.jpg
 
Последно уредено:
12923159_867977303310770_5488630320435726553_n.jpg


"Македонската амбасада во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, одлучила на влезот од „Македонскиот ДИСТРИКТ“, да стои копија на Триумфалната порта, како прв запис на македонското културно наследство, кое ќе биде претставено на настан посветен насловен како „Денови на наследство“, а на кој Македонија е почесна земја-гостинка."

Аман бе:pos:
 
Скопје 2014 уше тоаш ја викав живо срање е, тоа бутел 2 гробница некрополола, каква метропола - нема метро и после ќе викаат грците Скопје држава.
 
Се спрема голем постамент за споменикот на Мајка Тереза

13071782_1393903080635525_6251401194037558610_o.jpg


mkd-219054.jpg
 
Тоа обележје ќе влезе во рекорди за најгрдо нешто што постои на планетава.

Чудно ми е само како вљубениците во проектот го подржуваат монструозниот споменик кој во голема мера ќе го стави Воинот на Коњ во втор план.
 
Па ова ќе ја затвори цела таа уличка.

majkatereza.jpg


И не ми е јасно, се работи за истово чудо или го смениле?

majka-tereza-subroj-02.jpg

Веројатно изгледот ќе биде како на сликата што ја постирав.
Инаку овој споменик ќе биде највисокиот објект на плоштад, повисок и од Хотелите како и од споменикот Воин на Коњ.
Ќе има 32м висина а вредноста 5,6 милиони евра. (откако Субрата Рој го вети а не го исполни ветеното, проектот ќе биде финансиран од Министерството за култура)

Огромен споменик ќе биде. Остануваат уште и шпанските скали, не знам до кај е проектот или се откажа.
Многу берикетни тие 80 милиони на Грујо, видете колку работи за изградија за толку малку пари ахахах или не е тоа?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom