А
Атлантист
Гостин
Не е од оваа власт, Пенов правеше реконструкција на Камениот мост, едно десетина годиниВиди го првиот венец од десно, единствен покриен со црвена цигла фасада во долниот дел додека другите венци се голи, преку ден ептен се гледа. Така стои со години не од вчера. Не личи главен симбол така да стои со години. Ако нешто се средува треба тоа да биде првото, а не на крај или којзнае дали ќе се среди.[DOUBLEPOST=1439113893][/DOUBLEPOST]Или помеѓу калето и мостот музејов со нејасен стил. Веќе кога го правиш напрај го да личи по македонска архитектура. Доле камен горе бела фасада со дрвени рамки од страните, или нешто слично. Ова е нешто out of this world стил.

Па да видиме за што се способни архитективе од другиот табор. И тоа во поблиското минато, да ги оставиме оние од после земјотресот тие се посебен случај.
На времето во Турско помалку време им требало да го изградат отколку што Пенов му требаше да го реконструира и не знам дали некој се сеќава, не е толку одамна го направи со скали.

Значи идеш од плоштадот према стара чаршија мостот е лак, се искачуваш до средина на мостот, па се симнуваш и те пречекуваат скали.

Па по скалите нагоре за да излезеш од другата страна. Е тоа беа архитекти, јбг. не успеав да најдам слика од ова "ремек дело" но успеав да најдам едно сведоштво од тогаш.
Со смената на власта мостот повторно имаше мини реконструкција и сега ја нема оваа глупост со скалите.
Диме Костовски, новинар
Мост со скали угоре
Кога човек старее, с? повеќе и повеќе оживуваат спомените. Луѓето се сеќаваат за роднини, пријатели, за саканите и родниот град. Со денови и ноќи извираат меланхолични и слатки, па и грди паметувања за саканиот град, каде што сум роден. Можам да напишам цела една книга со илјадници страници. Најтешко ми е во дното на душата - ми останува скриено чувство за глупостите во Скопје.
За мене најголема глупост е ранетиот, во смртна опасност, убавиот, преубав Камен мост. Од каде градоначалникот Пенов, инаку умен човек од толку проектанти, архитекти и урбанисти, го најде Висил Иљов. Тој ли ќе го поправи Камениот мост. Тешко ми е да кажам, а морам кратко и јасно за оваа глупост.
Со векови, ни земјотреси, ни поплави, ни војни, ништо не го нагрди мостот. Гордо стои Камениот мост на патеката на животот што пулсира, а сега е прекинат. И тоа повеќе пати. Во овие скудни, сиромашни времиња, кога покриената чаршија едвај живурка, мостот е прекинат.
Материјалот травертин, овој благороден мек камен, не е за мост. Особено не е за мостовна патека. Видете го платото пред стоковната ?Мост° поплочено со травертин и тоа златен, од прочуениот рудник во Кучково, каде што мекиот камен сега има огромни дупки до дупки. И најголемиот лаик знае дека травертинот е добар за ѕидна оплата, а не за улични тротоари или мостови. Оградата на Камениот мост направена од бел травертин, исто како теренот за игралиште за хокеј на мраз што се вика ?мантинела°. Циркус без пари.
Во оваа дождлива пролет, па пред врата е летото, па ќе дојде есен, а папочната врвца е пресечена, а чаршијата во смртна опасност чмае. Повеќе години мостот е прекинат, а огромни пари отидоа со ветерот. Од глупостите, најголемата глупост се скалите. Не знам зошто ги нема Гинисовите рекорди, бидејќи никој не видел мост со скали угоре. Дали на почетокот или на крајот, Камениот мост има скали. Ако Кривата кула во Пиза е светско чудо, зошто и ние да немаме такво чудо со мост со скали. Умот е ограничен, глупоста е бескрајна. Како Балканец, плус како дебармаалец, напишав за една лоша работа, а во нашиот сакан град имаме и убави и чудесни работи кои ги направиле умни луѓе. Друг пат ќе напишам за поубавите работи.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=875&stID=11126&pR=12