Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Види го првиот венец од десно, единствен покриен со црвена цигла фасада во долниот дел додека другите венци се голи, преку ден ептен се гледа. Така стои со години не од вчера. Не личи главен симбол така да стои со години. Ако нешто се средува треба тоа да биде првото, а не на крај или којзнае дали ќе се среди.[DOUBLEPOST=1439113893][/DOUBLEPOST]Или помеѓу калето и мостот музејов со нејасен стил. Веќе кога го правиш напрај го да личи по македонска архитектура. Доле камен горе бела фасада со дрвени рамки од страните, или нешто слично. Ова е нешто out of this world стил.
Не е од оваа власт, Пенов правеше реконструкција на Камениот мост, едно десетина години :) му требаше за реконструкција на мостот.

Па да видиме за што се способни архитективе од другиот табор. И тоа во поблиското минато, да ги оставиме оние од после земјотресот тие се посебен случај.

На времето во Турско помалку време им требало да го изградат отколку што Пенов му требаше да го реконструира и не знам дали некој се сеќава, не е толку одамна го направи со скали. :pos:
Значи идеш од плоштадот према стара чаршија мостот е лак, се искачуваш до средина на мостот, па се симнуваш и те пречекуваат скали. :)
Па по скалите нагоре за да излезеш од другата страна. Е тоа беа архитекти, јбг. не успеав да најдам слика од ова "ремек дело" но успеав да најдам едно сведоштво од тогаш.
Со смената на власта мостот повторно имаше мини реконструкција и сега ја нема оваа глупост со скалите.
Диме Костовски, новинар
Мост со скали угоре

8179.jpg

Кога човек старее, с? повеќе и повеќе оживуваат спомените. Луѓето се сеќаваат за роднини, пријатели, за саканите и родниот град. Со денови и ноќи извираат меланхолични и слатки, па и грди паметувања за саканиот град, каде што сум роден. Можам да напишам цела една книга со илјадници страници. Најтешко ми е во дното на душата - ми останува скриено чувство за глупостите во Скопје.

За мене најголема глупост е ранетиот, во смртна опасност, убавиот, преубав Камен мост. Од каде градоначалникот Пенов, инаку умен човек од толку проектанти, архитекти и урбанисти, го најде Висил Иљов. Тој ли ќе го поправи Камениот мост. Тешко ми е да кажам, а морам кратко и јасно за оваа глупост.

Со векови, ни земјотреси, ни поплави, ни војни, ништо не го нагрди мостот. Гордо стои Камениот мост на патеката на животот што пулсира, а сега е прекинат. И тоа повеќе пати. Во овие скудни, сиромашни времиња, кога покриената чаршија едвај живурка, мостот е прекинат.

Материјалот травертин, овој благороден мек камен, не е за мост. Особено не е за мостовна патека. Видете го платото пред стоковната ?Мост° поплочено со травертин и тоа златен, од прочуениот рудник во Кучково, каде што мекиот камен сега има огромни дупки до дупки. И најголемиот лаик знае дека травертинот е добар за ѕидна оплата, а не за улични тротоари или мостови. Оградата на Камениот мост направена од бел травертин, исто како теренот за игралиште за хокеј на мраз што се вика ?мантинела°. Циркус без пари.

Во оваа дождлива пролет, па пред врата е летото, па ќе дојде есен, а папочната врвца е пресечена, а чаршијата во смртна опасност чмае. Повеќе години мостот е прекинат, а огромни пари отидоа со ветерот. Од глупостите, најголемата глупост се скалите. Не знам зошто ги нема Гинисовите рекорди, бидејќи никој не видел мост со скали угоре. Дали на почетокот или на крајот, Камениот мост има скали. Ако Кривата кула во Пиза е светско чудо, зошто и ние да немаме такво чудо со мост со скали. Умот е ограничен, глупоста е бескрајна. Како Балканец, плус како дебармаалец, напишав за една лоша работа, а во нашиот сакан град имаме и убави и чудесни работи кои ги направиле умни луѓе. Друг пат ќе напишам за поубавите работи.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=875&stID=11126&pR=12
 
а да го оставите еднаш другиот табор. ги бивало, не ги бивало и така одамна не е важно. скоро цела декаде немаат никакво влијание врз функционирањето на државава. тоа што другиот табор бил лош, не го прави таборот на власт добар. не се обидувајте преку нивнито лошо работењете да ги опрадате одлуките на сегашниот табор на власт.

овие сега на власт не вршат ни конструкција ни реконструкција, туку деструкција.
 
Кога ќе ги снема од политичка сцена, ќе ги оставиме. Додека се нудат како алтернатива, ќе ги коментираме. И нема да им дозволиме уште неколку декади да имаат било какво влијание.
 
Не е од оваа власт, Пенов правеше реконструкција на Камениот мост, едно десетина години :) му требаше за реконструкција на мостот.

Па да видиме за што се способни архитективе од другиот табор. И тоа во поблиското минато, да ги оставиме оние од после земјотресот тие се посебен случај.

На времето во Турско помалку време им требало да го изградат отколку што Пенов му требаше да го реконструира и не знам дали некој се сеќава, не е толку одамна го направи со скали. :pos:
Значи идеш од плоштадот према стара чаршија мостот е лак, се искачуваш до средина на мостот, па се симнуваш и те пречекуваат скали. :)
Па по скалите нагоре за да излезеш од другата страна. Е тоа беа архитекти, јбг. не успеав да најдам слика од ова "ремек дело" но успеав да најдам едно сведоштво од тогаш.
Со смената на власта мостот повторно имаше мини реконструкција и сега ја нема оваа глупост со скалите.
А ова е такмичење која партија појаки архитекти има?
па ко ќе се смени власта другите ќе речат, “Сега ние ќе тргаме барок и ќе клаваме рококо да видите дека е поубо“
 
^
Види, јас не можам никако поинаку да ги вреднувам освен преку нивните дела. Секојдневно не бомбардираат со изјави за проектов она опозиционо здружение на архитекти, а кога ќе видиш што глупости правеле кога биле во позиција, повеќе пд јасна е нивната компетентност. Па уште со тој стиропор го отекоа веќе, не слушнале дека е тоа материјал за термоизолација, денес масовно се користи, изгледа ненормални се сите оние што ставаат стиропор во фасадите.
а да го оставите еднаш другиот табор. ги бивало, не ги бивало и така одамна не е важно. скоро цела декаде немаат никакво влијание врз функционирањето на државава. тоа што другиот табор бил лош, не го прави таборот на власт добар. не се обидувајте преку нивнито лошо работењете да ги опрадате одлуките на сегашниот табор на власт.

овие сега на власт не вршат ни конструкција ни реконструкција, туку деструкција.
 
Па уште со тој стиропор го отекоа веќе, не слушнале дека е тоа материјал за термоизолација, денес масовно се користи, изгледа ненормални се сите оние што ставаат стиропор во фасадите.

Проблемот е што се мести стиропор а се наплаќа мермер и гранит кои се 10 пати поскапи.
 
после ќе нема да може да го користите како изговор „Бранко е крив“. ќе треба нешто ново да смислите.
нема да може повеќе соросоидите ова, соросоидите она. некој друг кривец ќе мора да барате за секој проблем во државава.
Нека си замине олошот и нивните ученици од политичка сцена, па наш проблем што ќе правиме ние. Додека олошот е тука, ние ќе потсеќаме за што олош станува збор.
Музеј ВМРО, МНР, театарот, судот/обвинителството, Југобанка (министерство за финансии)...
На сите тие објекти ќе најдеш и мермер и стиропор. Зависи што каде. Си измешал нешто.
 
^
Види, јас не можам никако поинаку да ги вреднувам освен преку нивните дела. Секојдневно не бомбардираат со изјави за проектов она опозиционо здружение на архитекти, а кога ќе видиш што глупости правеле кога биле во позиција, повеќе пд јасна е нивната компетентност. Па уште со тој стиропор го отекоа веќе, не слушнале дека е тоа материјал за термоизолација, денес масовно се користи, изгледа ненормални се сите оние што ставаат стиропор во фасадите.
Eдно е ставање на стиропор на фасади ради изолација, друго е ставање на стиропор на фасади да личи дека објектот е барок а не е барок. То е исто ко да му се дивиш на Лада на кој некој му ставил знак на BMW и лепенка ТУРБО. Ова ти е како во дворовите шо ставаат гипсани лавови и лебеди а дома на мебел од иверица лепат фурнири со имитација на махагони.
 
И што кажа, стиропоров не одговара со стилот? :) Тогаш да ги оставиме без термоизолација бидејќи во 18 - 19 век не користеле стиропор???????

Но види чудно , денес има посебен правец ткн. Нова класична архитектура и погоди што, користат стиропор. Низ цел свет, нови градби во ваков стил колку сакаш.

https://en.wikipedia.org/wiki/New_Classical_architecture
 
Види, ставање на стиропор со барокни елементи на модерни градби е невиден кичерај. Тоа е превара. Градење на барокни згради во 21 век во земја која го скокна барокот е вештачко претварање дека сме нешто што не сме. Во земја каде барок бил актуелен во 17-18 век, може да се оправда градење на барокни згради во 21 век ради очувување на традиција или континуитет. Ставање на стиропор кој личи на барок на згради кои не се барок е измама кон народната традиција и култура. Следно комотно можат на народни носии да му стават каубојски шешири или јапонски кимона и да речат - ете тоа сме ние.
Македонија е сиромашна земја која се уште и после 30 години нема своја стратегија. Што правиме ние? Земјоделие - увезуваме, струја и енергенски - увезуваме, туризмот денес ни е 60% од туризмот во 1987, рудници и фабрики ни се затворени, машини, алати, возила, бела техника, електроника..... увезуваме.
И даваме 500 некој вели 800 милиони евра за стиропорни фасади лажни мермери и имитација на бронза на споменици и објекти кои се со краток век на траење. Тоа не е лиена бронза која ќе траи со векови, тоа е лим кој веќе сега почна да рѓосува а кој е платен милиони евра. Тоа се кинески имитации на мермер кој веќе при уградување испукал. Тоа се објекти без историја, без прикаска. Појди во Прага, Будимпешта, Грац, Виена... згради кои се таму со векови имаат свои имиња, автори истории.... Во скопје шо ќе кажеш “Ова беше зграда од 1975, али во 2014 му ставивме стиропор да личи дека е од 1823.“ Спомениците во Париз, Лондон... имаат прикаски и истории, подигнати тогаш и тогаш од тој и тој ради тоа и тоа. Овде се редат како насади на пиперки, без стратегија без повод без поента. Само нек се редат. Триумфални капии се ставаа до пред 1 век да се одбележи некој настан, победа, успех на нацијата, си имаше симболика која и денес се почитува и одбележува. Скопската е направена за да се сликаат за свадби и одбележува период кога невработеноста беше огромна, во власта седеа команданти и борци на УЧК, умираа деца и луѓе без медицинска помош, не тресеа афери и скандали, се давеа новинари во кофи по затвори, немвме ни меѓународно име и знамето ни беше наметнато оти старото му пречеше на соседите кои не блокираа за влез во ЕУ и НАТО. Триумф на оние кои зедоа провизија за нејзината градба.
Во центарот на Скопје, во стиропор и ламарина се затворени 4 големи хидроцентрали како Козјак, или 400 километри современи патишта, или канали брани системи за наводнување за цела земја, или 20 најсовремени болници или 200-300 километри современи железници.
500 милиони евра, па 500 проекти насочени кон развој и промоција на македонија ќе не кренеа како лидери во регионот, Земјоделие, култура, уметност, туризам, информатика, комуникации... секоја недела по еден проект од милион евра се 500 недели или 10 години нон стоп некоја промоција некој напредок.
Али не е то интересно, нема тука ќар како 2 врби од 250.000 евра.
 
Народниот театар, Офицерскиот дом, Народната банка, Црквите. Св. Константин и Елена, Католичката црква итн. не биле имагинарни, постоеле и биле урнати. Сега карактеристичен е стилот за нас или не?
Или кај нас архитектурата почнува после 1963, пред тоа ништо не постоело.
Старата чаршија со џамиите, амами, анови и други исламски градби го преживеаа земјотресот. Не ли е ли ова барем малку сомнително?

За исплатливоста на проектот доправа ќе видиме, сеуште не е завршен а има веќе зголемување на бројот на туристи.
Во секој случај не значи дека ако парите се потрошат на нешто друго дека тоа нема да биде промашување. Еве сега се градат автопатишта со Кинески кредит, враќање на пари од таа инвестиција - многу тешко.
Точно може да се пресмета за колкав сообраќај се исплати автопат, но ајде, се надевам дека ќе поттикнат некаков регионален развој.

Или на пр. ФЕНИ. Со колку пари се изгради оваа фабрика? Пола милијарда тогашни USD? ли беше?? На кредит се разбира... И колку години не работеше? За после деведесетите да ја продадеме на странци за колку, 15-20 милиони USD??
Еве ти инвестиција во производство и тоа промашена инвестиција.

Од друга страна туризмот ни е на толку мизерно ниво, имаш во предходните постови само 1,4% од БДП имаме од туризмот. Не треба да си некаков експерт да собереш 2+2. Дека поради ниското ниво токму во туризмот имаме голем потенцијал, плус туризмот е една од најпрофитабилните гранки од економијата. Срамота е што со сега никој ништо не направил на ова поле. Цел буџет се троши на плати и социјала, само нешто ситно на развој. Е така никогаш нема да не биде ќе си останеме на дното. Само преку инвестиции кои што ќе вреќаат пари можеме да се извлечеме, не е ова нешто ново, не измислуваме тола вода.
Пс. Англиски кичерај. Изградено 1984-87, но за вкусови не се разговара мене ми е ок, како и на други, стилов е масовно застапен во целиот свет.
1920px-Richmond_Riverside%2C_London_-_Sept_2008.jpg
 
Пс. Англиски кичерај. Изградено 1984-87, но за вкусови не се разговара мене ми е ок, како и на други, стилов е масовно застапен во целиот свет.
1920px-Richmond_Riverside%2C_London_-_Sept_2008.jpg
Кој е стилов? И у право си меѓу ова и Скопје 2014 та ја не можам да видам никаква разлика.
 
Кој е стилов? И у право си меѓу ова и Скопје 2014 та ја не можам да видам никаква разлика.
Нова класична архитектура
Since New Classical is not a homogeneous architectural style and can appear in various forms, contemporary classical buildings might be also described with the terms Traditionalism, Neo-Historism (or Historicism/Revivalism), or simply Neoclassical Architecture as the most common continuation of a specific historical style.

А кој ли рече дека нашево е барок?
др. Љубомир Мрчковски ли беше?
 
Последно уредено од модератор:
Пс. Англиски кичерај. Изградено 1984-87, но за вкусови не се разговара мене ми е ок, како и на други, стилов е масовно застапен во целиот свет.
1920px-Richmond_Riverside%2C_London_-_Sept_2008.jpg

Quod licet Iovi, non licet bovi

A што личи ако направиме шпански скали како во Рим, Панорама како во Копенхаген, Триумфална порта како во Берлин, Плажа како во Париз, Ермитаж како во Сенкт Петерсбург, итн итн?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom