Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
:facepalm:

На местото на сапунарата ќе се гради зграда како „Флатирон“ во Њујорк

СКОПЈЕ | 03.03.2015 14:25





На локацијата на поранешната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје ќе никне елитен објект како познатата зграда „Флатирон“ во Њујорк изградена во 1902 година.

На парцелата од 4.400 квадатни метри ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа за станови.

Државното земјиштето пред еден месец го купи градежната компанија „Адора инженеринг“ на лицитација за 2,2 милиона евра, а почетната цена беше 308 илјади евра.

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на компанијата, вели дека изградбата ќе почне во 2016 година, треба да заврши за 18 месеци, а вкупната инвестиција е 40 милиони евра.

- Ќе изградиме елитен објект на почетокот на општина Кисела Вода, кој ќе личи на зградата од Њујорк, која е изградена во 1902 година само што ќе бие сеизмички постабилна и енергетски ефикасна – рече Чифлиганец посочувајќи дека засега не се знае како ќе се нарекува зградата, но можно е да биде Порта Кисела Вода.

http://republika.mk/?p=396833
 
Денес бев во објектот на Владата, да го однесам барањето на исклучените од Топлификација и првпат влегов во тој објект од кога е поставена „ барокна фасада “
Ќе бидам искрен - тој објект изгледа жалосно
Се влегува низ мала врата така да не личи на јавен објект туку на станбена зграда
Пред влезот има како божем масивни столбови со фундаменти. Но тоа не се масивни столбови туку се од гипс картон и ако тропнеш како да тропаш во празна кутија
Се на се жалосен и ужасно невкусен кич
А беше толку убав објект
 
Нови барокни сендвичарници во Скопје
23.03.2015 | 17:59
Македонија
Прочитано: 792

Метални конструкции за стилизирани сендвичарници и трафики во барокен стил, осамнаа денеска на неколку локации во центарот на Скопје.

106373.jpg
Едната на кејот на Вардар во близина на хотелот „Холидеј Ин“, а другата конструкција која е во понапредна фаза на градба, е поставена на булевар ВМРО, кај автобуската станица до зградата „Тифани“.

Работниците кои ги затекнавме на терен велат не знаат точно колку киосци треба да постават.

Финалниот излед велат ќе биде готов најмлаку за една недела, а за дел веќе се завршени канализацискиот и водоводниот приклучок.

Во Деталниот урбанистички план Мал ринг има 20 локации за вакви објекти. Граѓаните се со поделени мислења за изгледот и локациите на стилизираните киосци, но се согласуваат дека барокот не е автентичен за Скопје.

По карузелот, галиите, Панорамското тркало и другите објекти во стилот на проектот Скопје 2014, и македонската Влада која пред неколку месеци доби нова барокна фасада, сега ќе добие и ограда од ковано железо која според информациите во медиумите ќе чини 700 000 евра. А според последните информации и цената на реконструкцијата ан мостот на Слобода од еден милион порасна на три милиони евра.

Реконструкција на фасадите ќе добијат и дел од зградите во центарот на градот, а според идејните решенија предвидено е и ГТЦ да се барокизира, на што остро реагираа архитектите и иницијативата за спас на ГТЦ.

Судбината на трговскиот центар ќе се знае идниот месец на референдумот кој ќе го спроведе општина Центар.




Зашто не кажат кој ќе ги земе барокниве сендвичари? Или можеби не им е од интерес да се потсеќаат кому ги дадоа...
 
Град Скопје ќе потроши повеќе од еден милион евра за барокни фасади
http://24vesti.mk/grad-skopje-kje-potroshi-povekje-od-eden-milion-evra-za-barokni-fasadi


На 1 километар одалеченост од местото на злочинот(барокот) има луѓе на кои не им се пружат основни услови за нормален живот.

Град Скопје троши милиони за барок
 
Министерството за правда (кај Мк доналдс) на Рекорд..
21770_10153221397218678_4644204199849389665_n.jpg
 
Кој тежок кич е божицата на правдата во глупо жолта боја
Патем кажано и правдата кај нас е „ кич “
За споредба еве како изгледа Врховниот суд на САД
supreme-court.jpg


A еве како изгледа Министерството за правда на САД
Usdepartmentofjustice.jpg
 
Последно уредено:
http://www.bbc.com/news/magazine-23067082

Светска цивилизација архитектонски и градителски стаж од неколку милениуми еве до кое дереџе дојде.
Не е никаков историски преседан копирањето на западен стил на градење. Всушност, секое политички мотивирано градење е копирање. Го правела Русија кога се трансформирала од племенска заедница во империја, тие дури и цел град имаат ископирано, го правеле САД пред век и пол, го прави Кина денес.
 
Не е никаков историски преседан копирањето на западен стил на градење. Всушност, секое политички мотивирано градење е копирање. Го правела Русија кога се трансформирала од племенска заедница во империја, тие дури и цел град имаат ископирано, го правеле САД пред век и пол, го прави Кина денес.
Го праеле земји кои имале економски средства да го прават а не да ја дотераат работата до банкрот.
И втора работа, стиропор со мермер не се споредува. А цената на едново е како другово.
 
Го праеле земји кои имале економски средства да го прават а не да ја дотераат работата до банкрот.
И втора работа, стиропор со мермер не се споредува. А цената на едново е како другово.
Да, затоа Санкт Петербург се нарекува град на коските, руските селани во тоа време биле де факто робови. На Кинезите денес им претекува од пари и воопшто немаат егзистенцијални проблеми. Такви објекти се градат кога власта сака да испрати политичка порака, не кога има вишок на пари.

Цената на едното е колку на другото ако се лажеме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom