Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Споменик на Гонџа ака Мајка Тереза веднаш до тој на Александар. Ако не се стопи самиот себе од срам...


Па така ли се грижи сиромашкиов за сиромашните деца..со 30 метарски споменик на мајка Тереза..?
 
Утре ќе дојде некој богат турчин и ќе бара до Воинот на Коњ и Мајка Тереза да еректира 40 метарски споменик на Ататурк...
 
Знае ли некој кога ке почне да се граде споменикот и кога ке биде завршен на Мајка Тереза ?
 
Знае ли некој кога ке почне да се граде споменикот и кога ке биде завршен на Мајка Тереза ?

Реално,подобро да не се гради..ама сумњам,пошто нарачателот е миљардер..а ние се палиме на такви..
А уште нема инфо кога како..само се знае каде,а тоа е пред телеком,на ливадана сега што е..позади летниковецот натаму..ќе биде со фонтана и столб..заедно со столбот треба да е 30 метри,а не само споменикот.
 
Па така ли се грижи сиромашкиов за сиромашните деца..со 30 метарски споменик на мајка Тереза..?

Чекај малку веднаш до александар:pos:

Војсководец и хуманист-која бламажа.

Ајде пројде некако проектов,штета е што парите не беа пренаменети за амортизација на покачувањето на струјата бидејќи последниве години толку не чинеше увезената енергија која пак како фактор на производство влијае на цената на финалниот продукт,ќе беше подобро парите да беа пренаменети за попродуктивни цели па сега ајде кај дојче банк и ММФ:facepalm:

А можеше проектот да помине и подобро доколку не се брзаше.
 
Се’ океј муабетиве, ама една работа не ми е јасна... ако на толку многу луѓе им смета проектов (во целина земено), со која логика тогаш ДПМНЕ (како спроведувачи на тој проект) убедливо ги победуваат последните 5 изборни циклуси, а на пат се и шестиот?!
Тука не можам да ја сфатам поврзаноста. Од една страна, испаѓа оти мнозинството од луѓето не го сакаат проектов, а упорно ја гласаат гарнитурата што го спроведува.
По некаква си ретардирана логика за наводно помало зло од двете.

Уште потрагично е дека дозволата за градба на споменикот Воин на коњ е издадена во време на СДСМ, а тие се сега као нешто против :facepalm: И да беше обратно, другиве ќе плачеа вака така.
 
Да разбиеме монотонија малце со еден предлог за нова фонтана:
PLYdg.jpg

Упс, у ствари не, не може голотија, ќе ја цензурираат со кецела веројатно.
 
Да разбиеме монотонија малце со еден предлог за нова фонтана:
PLYdg.jpg

Упс, у ствари не, не може голотија, ќе ја цензурираат со кецела веројатно.
А наместо вода, пиво да "шприца" ?
 
Ти што си по националност?
Па да ти ја кажам поентата.

Алекс Д Грејт, а јас да те прашам, ти врз основ на што ја стекнуваш твојата националност?
Па јас да ти ја кажам поентата.

П.С. во поглед на темава еднаш пишав и пак ако треба - Не се работи дали се одобрува проектот или не, туку се работи за тоа дека е најголем мајндфак направен во Македонија од 1945 до денес :-)
 
Да разбиеме монотонија малце со еден предлог за нова фонтана:
PLYdg.jpg

Упс, у ствари не, не може голотија, ќе ја цензурираат со кецела веројатно.

Невладини здруженија на мажи ќе се побунат :pos:
 
Се дозна ли по чија иницијатива Васили Зајцев ака Прометеј доби пелени?
 
Се дозна ли по чија иницијатива Васили Зајцев ака Прометеј доби пелени?

Мене друго ме интресира. Кој е автор на тој споменик, се прашувам како ли он се чуствува кога уметничкото дело некој го преправа, му ја руши замислата. Каде е тука слободата на изразување. А авторот, не видов никаква изјава, никаков коментар, ни позитивен ни негативен, што само ја потврдува мојата теза дека сите уметници и автори во Ск 2014 се обични безгласни извршители на наредби, на нечии туѓи замисли. Еднаш не чув од нив да кажат било што, не дај боже некоја критика ( а секако има работи за критикување)

Но нивните усти се затворени, полни се со народни пари.
 
Ја имам некое претчуство дека св. Кос Ана, заштитничката на божјата милост кон македонската почва, има интервенирано за да се осуети ова богохулничко дело каде некој си Прометеј, а не господ бог му ја дал светлината и огнот на човекот :LOL:
St. Kos Ana by Sagan.jpg

Но нивните усти се затворени, полни се со народни пари.
Томе Аџиевски.
%7B018830C3-D189-4B25-B64A-9D8AE4E8E43D%7D_TOME-2.jpg

Авторот на споменикот "Паднати херои" Томе Аџиевски вели дека нема ништо спорно во неговото уметничко изразување Прометеј да го претстави гол, меѓутоа кај нас народот се уште не прифаќа вакви дела.
„Уште кога стартував со правење на оваа скулптура, бев свесен дека се работи за јавен простор и оти може да предизвика реакции. На нашите граѓани им треба повеќе време да одобрат вакви уметнички дела, кои ги имаме секаде низ светот. Откако беше побарано да се покрие дел од телото...
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=656CF1F07B25064C81D9E3F1B878AF95&arc=1
 
Значи никаков протест, негодување, само понизно прифаќање дека ете на народот не му се бендисало и авторот оди сам против себе и си го преправа своето дело. Да било така во минатото немало никаква уметност денес да постои, немало да има Ренесанса, немало да има градење цркви во Македонија кога била турците на власт.

Ако одиме по тоа какви реакции имало, за Триумфалната имаше многи повеќе реакции, но сепак ја направија и тоа на локацијата која првично ја замислија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom