Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
200 милиони евра во 6 години (2008-2014), значи по 33 милиони евра годишно. Смешна сума, апсолутно никако не може да и помогне на нашата економија..

Значи можела да се удвои социјалната помош и не само на економијата туку ќе помогне и на општеството и повторувам нели сме социјална држава.

. Нека се и 500 милиони, повторно се работи за минорни пари, ако се земе во предвид колку други попроблематични буџетски трошења има.

На пример платите на администрацијата и огромниот мега буџет на МВР,а тука ќе ги спомнам и измислените работни места и консалтинг со 10 страни труд го цедат народот,всушност јасни се работите-30% невработеност 80% од граѓаните едвај преживуваат-не ЖИВЕАТ туку преживуваат а овде некој се изживљава со правење скулптури на шмизли,бикови,лавови....
 
Значи можела да се удвои социјалната помош и не само на економијата туку ќе помогне и на општеството и повторувам нели сме социјална држава.
Со 33 милиони евра годишно ќе ја удвоиш социјалната помош? И на крајот на краиштата, многу поголема помош за економијата е да го помогнеш градежништвото со ваков проект, отколку да ги фрлиш парите за социјална помош.
На пример платите на администрацијата и огромниот мега буџет на МВР,а тука ќе ги спомнам и измислените работни места и консалтинг со 10 страни труд го цедат народот,всушност јасни се работите-30% невработеност 80% од граѓаните едвај преживуваат-не ЖИВЕАТ туку преживуваат а овде некој се изживљава со правење скулптури на шмизли,бикови,лавови....
И повторно истата грешка. Прво набројуваш милион попроблематични работи и на крај нив ги правиш небитни, а тие ни трошат скоро 800 милиони евра годишно и гневот го насочуваш кон проектот. Тоа цело време пробувам да го кажам. Проектов од економска гледна точка е добар. Се работи за релативно малку пари, а го помага градежништвото. Имаме многу попроблематични сектори кога е трошењето на пари во прашање, а за ова се дига прашина. На власта ова и одговара, верувај.
 
Па може и ради тоа.. ама главно ради мурот што ни го удрија 1995..

rubber-stamp.jpg

m57396_rubber-stamp-approved-thumb1391108%5B1%5D.jpg

И второто..одобрено од нашиот мил претседател кој овие денови го оплакуваме...

Каде во Времената спогодба стои дека не смееме да именуваме споменици со називот "Александар III Македонски"?
 
Со Времената спогодба Мк е обврзана единтвено државни институции да не го користат сонцето од Кутлеш.Друго се ни е дозволено.
Мада не знам ако веќе Грција ја прекрши таа спогодба зошто ние слепо би ја почитувале.
 
Каде во Времената спогодба стои дека не смееме да именуваме споменици со називот "Александар III Македонски"?

Moже да не сто и баш со тие зборови, не го дирајте Александар,ама има пасус во кој се забранува користењето на историјата,посебно античката која грците си ја препишуваат само за себе.. ти мислиш дека нив им е за името тоа што не малтретираат 20 години? Нивната цел е да ја земат таа историја за себе и со тоа да докажат дека денешниве Македонци на оваа територија немаат врска со тие од Егејска.. а воедно и да го сокријат срамот и теророт од грашанската војна 46-49..
 
Бро, еве ја Времената спогодба. Нигде нема пасус во кој на Р. Македонија и "се забранува користењето на историјата, посебно античката која грците си ја препишуваат само за себе", освен за симболот тн Сонце од Кутлеш од знамето на Р. Македонија (1992-1995).
 
И ајде сега најди им ја логиката во ставањето такви клупи и канти кој се различни од оние модерните пред нив!?

Ако ми најдеш прво логика зошто си ти направен. Ја негледам логика,татко ти може гледа. И не ме цитирај веќе!
 
Значи можела да се удвои социјалната помош и не само на економијата туку ќе помогне и на општеството и повторувам нели сме социјална држава.

На пример платите на администрацијата и огромниот мега буџет на МВР,а тука ќе ги спомнам и измислените работни места и консалтинг со 10 страни труд го цедат народот,всушност јасни се работите-30% невработеност 80% од граѓаните едвај преживуваат-не ЖИВЕАТ туку преживуваат а овде некој се изживљава со правење скулптури на шмизли,бикови,лавови....
да да 80% едвај преживуваат, а 60% имаат за интернет:pos:
 
да да 80% едвај преживуваат, а 60% имаат за интернет:pos:
Во 21-ви век сметате дека интернетот е луксуз? Дали е и возилото...можеби куќите? Дали и пц-то од 300-400 евра купено на 4-5 години.Многу ниско сме го спуштиле критериумот за нормален живот, одржување во живот и мизерија. Прашајте ги другите европјани дали интернет конекцијата е луксуз.
 
За портава некој само од инат и од злоба може да каже дека не е убава.. башка локацијата,ама портата како објект е врв.
 
Да престанат секоја година да се фрлаат милиони евра на непотребна администрација и глупаци шо рамковно се вработуваат, ќе можиме да си дозволиме во секој град вакви проекти да има...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom