Скопје 2014 (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Принцезичка
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Крај родениот град поминувам- не го препознавам дека е мој, сета автентичност и континуитет е избришан, усилено, се во краток период изградено без усул, знак на инфериорноста и искомплексираноста на оние кои го замислиле проектот Скопје 2014 после ќе викаат грците Скопје држава.
Која автентичност и континуитет бе??Тие работи исчезнаа со земјотресот 63-та.И тоа им дојде како порачано на слугите на Маршалот да го осакатат Скопје.
 
Таа слика е од пред ПОВЕЌЕ од 30 години, и тогаш најголемиот дел од плоштадите во градовите на Европа изгледале слично.
Дај слика од тоа време од главен град во Европа претворен во паркинг.
 
Поради тоа што сме мажишта, а не пичиња во душа?

Па може и ради тоа.. ама главно ради мурот што ни го удрија 1995..

rubber-stamp.jpg

m57396_rubber-stamp-approved-thumb1391108%5B1%5D.jpg

И второто..одобрено од нашиот мил претседател кој овие денови го оплакуваме...
 
Па може и ради тоа.. ама главно ради мурот што ни го удрија 1995..

rubber-stamp.jpg

За кого - како, јас мислам дека не ќе да е поради мурот, туку поради продавањето патриотизам (лажен) на полуписмена багра од една страна и кукавичлукот од друга...

Аеродромот поради мурот да не се вика Александар Велики?
 
Зашто некој треба да го пофали проектот СКОПЈЕ 2014!? Твојот став за проектот ќе зависи од тие изјави на уметници , архитекти , политичари!? ТИ живееш во оваа земја и битно е тебе да ти се свиѓа , тие светски архитекти , уметници ги боли уво за нас.

Па јас не дадов суд за Проектот туку реков дека се срамам зошто сите ни се потсмеваат поради него....
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 16:35 ---
Дај слика од тоа време од главен град во Европа претворен во паркинг.

Мислиш на плоштад? Па имам гледано слики од н.п.р. Пјаца Дел Пополо во Рим кога била дозволена за сообраќај и паркирање - некаде во 1960/70. А и што е тоа битно? Мене повеќе ми смета кога постои хаос во сообраќајот и кога се паркира по тротоарите.... Значи подобро еден скапан плоштад на сметка на подобро за цела земја отколку еден „убав“ плоштад за сметка на катастрофа за цела земја. И плус потсмев на сите страни...
 
Значи подобро еден скапан плоштад на сметка на подобро за цела земја отколку еден „убав“ плоштад за сметка на катастрофа за цела земја.
Досега ни беше „скапан“ плоштадот, што беше подобро во земјава? Или што ќе направеше со тие 200 милиони евра за да биде подобро за цела земја?
 
Па јас не дадов суд за Проектот туку реков дека се срамам зошто сите ни се потсмеваат поради него....
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 16:35 ---

.

Кои се тие сите ? Кажи ги по име, дај линкови да видиме каде и како и што пишуваат или говорат или се смејат на ск 2014.. лесно е да кажеш сите и завршена работа......
 
За кого - како, јас мислам дека не ќе да е поради мурот, туку поради продавањето патриотизам (лажен) на полуписмена багра од една страна и кукавичлукот од друга...

Аеродромот поради мурот да не се вика Александар Велики?

И пак Цитро нема да те разбере....

Како можеше аеродромот да се прекрсти во Александар Велики? Нели се чекаше на пресудата од Хаг?
Сето тоа помина а споменикот е сеуште Воин на коњ!
 
И пак Цитро нема да те разбере....

Како можеше аеродромот да се прекрсти во Александар Велики? Нели се чекаше на пресудата од Хаг?
Сето тоа помина а споменикот е сеуште Воин на коњ!

Разбрав ама немам одговор..
малку ли чврги јадеме од надвор а богами и од внатре сами на себе си маваме.. овие сменија име на аеродром,овие другите очите ќе им ги извадат ..тоа било евтин популизам како прво немаме меѓу нас слога што сакаме и што ни е целта..ни самите незнаеме ни кои сме ни што сме ни до каде можеме да одиме.. барем по нешто да се обединиме макар и да не сме во право.. и не не бива. самите на себе сме си душмани..жално !
 
Размислувањето со своја глава не е душманлук...

Народот последниве 4-5 години е најподелен, а знаеш на што се должи тоа и кој успеа да го подели?

Помош: Патриоти и Предавници
 
Кои се тие сите ? Кажи ги по име, дај линкови да видиме каде и како и што пишуваат или говорат или се смејат на ск 2014.. лесно е да кажеш сите и завршена работа......

Кажувам „сите“ и ај` завршена работа....
 
не бе некои немаат памет почнаа да ја прават фасадата кај пелистер и одма ајде билборд ...поглупо нешто неможеше да направат o_O
 
Народот последниве 4-5 години е најподелен, а знаеш на што се должи тоа и кој успеа да го подели?

Политичарите,посебно оние на власт,Скопјани за жалење сте навистина.

Еве има и друг пример со ова украсување на кое се потрошија милиони(посебно потрошувачка на енергија а немаме енергенси) па добро бре зарем не можеа неколку милиони евра да им пуштат на социјалците ете предновогодишно???
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 08:13 ---
Па може и ради тоа.. ама главно ради мурот што ни го удрија 1995..

rubber-stamp.jpg

m57396_rubber-stamp-approved-thumb1391108%5B1%5D.jpg

И второто..одобрено од нашиот мил претседател кој овие денови го оплакуваме...

Грешка си-гледаш сега Б.Ц излева дека е во право т.е дека он и фрчко ги зезнаа грците со договорот.

За Киро нема да коментирам иако човекот има придонес за државата каков таков.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 08:17 ---
Досега ни беше „скапан“ плоштадот, што беше подобро во земјава? Или што ќе направеше со тие 200 милиони евра за да биде подобро за цела земја?

200 милиони евра во оптек ДОМА(не по леарници) би се искористиле еве за социјалци на пример 50 милиона(нели социјална држава сме) ма со остатокот значи 150 милиони ќе се решат проблемите на многу граѓани кои немаат ниту струја,населби без патишта,крпење на постоечките и на крај краеви треба да мислиме за иднината-вложени пари се исплаќаат а фрлени НЕ.
 
200 милиони евра во 6 години (2008-2014), значи по 33 милиони евра годишно. Смешна сума, апсолутно никако не може да и помогне на нашата економија. Ќе бевме среќни доколку стварно ни беше до тие 33 милиони. Инаку од буџетот ни истекуваат по 450 милиони евра годишно за покривање на фондовите за здравство и пензионо. По 2 проекти Скопје 2014 годишно...

Инаку за социјалците се потребни по 50 милиони евра годишно, а не вкупно 50 милиони евра. Овој проект го оптеретува буџетот минимално, ама нашата „неверојатна“ опозиција во недостаток на идеи, мора да плука по нешто.

П.С. Се надевам дека некој нема да ме цитира со тврдење дека не биле 200, туку 300 милиони евра. Нека се и 500 милиони, повторно се работи за минорни пари, ако се земе во предвид колку други попроблематични буџетски трошења има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom