Бараката на автобуската станица се наоѓаше, кај денешниот Музеј на холокаусот - значи на левата страна на Вардар и на десната страна на Камениот мост гледано кон Плоштад и тоа траеше до пред десетина години кога е преселена кај новата Железничка станица.
Меѓутоа пред тоа, меѓуградска автобуска станица беше исто од левата страна од Вардар, но од левата страна на Камениот мост- веднаш до Мостот. Инаку пред седудесетите години, автобускиот сообраќај беше многу помал по интензитет од железничкиот сообраќај.
А ова што го тврдиш „ Ама на некои поубаво им било тогаш “
ценам дека е излишно и зајадливо, бидејќи бараката на Автобуската станица, беше еден мал објект, во кој предниот дел имаше билетара, а во задниот мала чекална и мало бифе. И што е најважно изместувањето на Автобуската станица нема врска со Скопје 2014, тоа е направено пред да се појави идејата за Скопје 2014.
Но има врска ( верувам ќе се изненадиш ) со формирањето на ЈП Градски паркинг