@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
СО ИНВЕСТИЦИЈА ОД 5,6 МИЛИОНИ ЕВРА
Музика и ново шеталиште на левата страна на кејот
На потегот од Камениот мост до мостот кај Холидеј Ин, левата страна од кејот на Вардар ќе биде реконструирана и обновена, а постоечкото шеталиште ќе се прошири и поплочи
Левата страна од кејот на Вардар, на делот од Камениот мост до мостот "Слобода" кај хотелот "Холидеј ин" кај новата зграда на Министерството за надворешни работи ќе се реконструира и уредува. Службата за општи и заеднички работи на Владата ја избра градежната компанија Бетон" од Штип за целосна реконструкција на кејот на реката Вардар во строгиот центар на градот. Со потпишаниот договор во износ од 342 милиони денари или околу 5,6 милиони евра, ќе се финансираат градежните активности кои во наредните месеци ќе се одвиваат на потегот од Камениот мост до мостот Слобода" кај новиот објект на Министерството за надворешни работи, во должина од околу 380 метри.
Уредувањето на овој простор на кејот предвидува изградба на нови потпорни ѕидови, засилување на постоечките и изградба на кејни конзоли со кои ќе се прошири партерниот простор пред новоизградените објекти од проектот Скопје 2014". Постоечкото затворено шеталиште ќе се прошири и ќе се поплочи со природен камен по целата негова должина.
Со планот за предуредување, на кејот предвидено е да се изведе ново хортикултурно уредување и поставување на нови модерни канделабри, клупи и придружни реквизити. Идното катче за граѓаните ќе биде збогатено со звучници од кои ќе се пушта свечена музика, која ќе одговара на постоечката атмосфера на плоштадот Македонија". Покрај со музичка подлога, планиран е просторот да биде збогатен и со специјални светлосни уреди на новоизградените објекти од проектот Скопје 2014". Довршувањето на двата нови пешачки моста и на новите објекти долж самиот кеј ќе влијаат врз зацртаните активности.
Со реализацијата на проектот за уредување и на овој дел од кејот, скопјани ќе добијат ново место за прошетка и рекреација.
Од раководството на службата за општи и заеднички работи појаснуваат дека целата на проектот е комплетно да се уреди просторот во непосредна близина на новоизградените објекти со што тој дел од кејот ќе го добие завршниот изглед и ќе биде уште едно убаво шеталиште.
- Проектот се изведува првенствено за да се доуреди и комплетира просторот околу новите градби од "Скопје 2014". Критериумот за склучување на договорот беше по најниската понудена цена. Во наредните неколку дена екипите на избраната фирма ќе излезат на терен и ќе ја согледаат ситуацијата за да утврдат од каде ќе ги започнат градежните зафати. Очекуваме многу скоро, уште на почетокот наследниот месец да се започне со работа на оние работи кои ќе ги дозволат временските услови, вели Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи при владата на Македонија. Периодот за изведба на градежните работи е 12 месеци што значи дека најдолго до крајот на следната година уредувањето на овој простор од кејот треба да биде завршен.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8B1E4E4EA20DD3408E354C4F9AFB8C57