Скопјанка робинка

  • Креатор на темата Креатор на темата ФлоуБТ
  • Време на започнување Време на започнување

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Возраст
37
Скопјанка робувала во „Хилтон“ во тетовско Желино



Тетовската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на Желино кои подолго време трудово и сексуално експлоатирале 15-годишна скопјанка во селскиот угостителски објект „Хилтон“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- СВР Тетово до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Х.Ф. (60), сопственик на угостителскиот објект “Хилтон” во село Желино, тетовско, А.Ф. ((20) и Б.С. (18) вработени во посочениот угостителски објект, инаку сите тројца од селото Желино, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “трговија со малолетно лице”. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на пријавените им е одреден притвор од по 15 дена – се вели во соопштението.

На 3 овој месец, при легитимирање на лица, во патничко моторно возило “голф” со тетовски регистарски таблички, управувано од страна на лицето Р.З., било затекнато малолетно лице без никакви документи за лична идентификација, за кое по проверките констатирано е дека се работи за 15 годишна малолетничка, М.Д. од Скопје.

Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Тетово направен е разговор со малолетничката и утврдено е дека таа била жртва на трговија со цел за нејзина трудова и сексуална експлоатација.

Во разговорот дознаено е дека таа за првпат во угостителскиот објект “Хилтон” во село Желино дошла на 20. јуни годинава каде што останала да работи два дена по што си заминала. Потоа, уште во два наврати доаѓала и работела во локалот се до пред неколку денови кога самоволно си заминала. Првопријавениот Х.Ф. ја засолнил и ја прифатил малолетната М.Д. заради експлоатација од принудна работа и слугување, договарајќи се со малолетничката да и плаќа дневница од 600 денари како келнерка и уште по 50 денари за секој испиен коктел со гостите. Исто така, и било ветено сместување и храна во рамките на угостителскиот објект.

Пријавениот А.Ф., син на првопријавениот кој бил задолжен да ја контролира работата во локалот, заедно со третопријавениот Б.С. организирале трудова и сексуална експлоатација на малолетничката, по пат на проституција со клиенти кои доаѓале во кафе барот.

Сите горенаведени активности околу трудовата и сексуалната експлоатација биле договор меѓу второ и третопријавениот. Покрај трудовата и сексуална експлоатација, малолетничката била принудувана да ги придружува гостите и да пие коктели и доколку одбивала тоа да го стори била физички малтретирана од страна на второ и третопријавениот со безбол палка и метална шипка.

Исто така, за време на нејзиниот престој во локалот, имало уште две келнерки една од Охрид и една од Битола. Со наредба на истражен судија на 4. август извршен е претрес во локалот “Хилтон” при што покрај безбол палката и металната шипка пронајдена е и тетратка за евиденција за исплатите на двете други келнерки коишто не биле затекнати при претресот. Од страна на СВР Тетово малолетничката е сместена во прифатниот центар во Скопје.


Добро бе, мајко му стара, до кога ќе се случват вакви работи :nesvest:
 
До крајот на универзумот.

Или, додека полицијата не се подобри.
 
a moze li ovie da se aboliraat?
 
Оти вакви работи дознавам дури от ќе ги откријат и фатат !!
 
Абе веруј ми тие прават лоши работи ама се пазат себе си.
 
Почеток без крај.:toe:

Слика на денешното глобално село, наречено Земја...
Само страв ми е да помислам на пострашните работи, се вртиш и твоето дете го нема зад тебе во делот од секундата
 
Слика на денешното глобално село, наречено Земја...
Само страв ми е да помислам на пострашните работи, се вртиш и твоето дете го нема зад тебе во делот од секундата

Ova e veke realen problem......i treba da se predlagaat resenija....
 
А оваа што робувала Македонка ли е или не се знае?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom