Скока некој на јаже?

  • Креатор на темата Креатор на темата Antagonist
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае каде може да се најде вакво јаже. Барав по Орка и во Најк на плоштад ама немаа. Некој да не знае за сигурно и која цена се отприлика?
Што ќе ти е да го купуваш па и ти, земи какво било јаже па макар и оноа табли јајаца што врзуваат па скокај колку ти душа сака. :) иначе провери за секој случај по пазариве, ја од таму си го земав.
Аннндддд да! скокам на јаже кога имам време, порано ретко сеа уште поретко...добра забава е ама после како болат мускулииии :Ѕ
 
На неколку сајта читав за скокање на јаже и стварно има многу придобивки ако редовно се вежба со него. Планирам во најскоро време да си набавам. Се продава и обично но има и со бројач(скокови, калории) во продавниците за боди билдинг производи. Па кој е за може да си го набави таму :)
 
Скокав пред година ипол и сега престанав.. а зашто и јас се прашувам. :nesum:
 
Скокам ама само на часовите по физичко.Интересно е :pipi:
 
Дали некој знае каде може да се најде вакво јаже. Барав по Орка и во Најк на плоштад ама немаа. Некој да не знае за сигурно и која цена се отприлика?

Ако имаш волја не ти треба јаже, можеш да импровизираш без јаже. :)
Башка нема ни да се сопнуваш :)
Планирам да се исцедам како што само еднаш во живот сум се исцедил од трчање, кога немав грам енергија во себе, западнав ко во состојба на крајно блаженство, умот мирен како јагне. Во здраво тело здрав дух, а во перфектно тело (исчистено најмногу што може), па перфектен дух ваљда. :)
 
Скокањето на јаже стана составен дел на многу видови на фитнес тренинзи.Петнаесет минути скокање на јаже согорува околу 200 калории, со некои варијации во зависност од тоа колку брзо ќе се изведува скокањето и колкава е вашата телесна тежина. И покрај загриженоста дека скокање јаже е тешко на зглобовите, што е полесно на колената и колковите од трчање,така да по скокот, при слетувањето и поставување контакт на подот со вашите стапал, мускулите на потколеницата го абсорбираат влијанитео на потисокот.

Совети за скокање на јаже:

Бидете сигурни дека вашето јаже ја има соодветната должина.

Облечете соодветни спортски патики( препорачливо е патики за џогинг)

Скокајте на музика со ритам од 120 до 135 удари во минута.

Рамениците се цело време опуштени и колената во близина на вашето тело.

Не скокајте премногу високо,доколку не изведувате некој варијации.и вртете го јажето со дланките, не со цели раце.

Загрејте се 5 до 10 минути со полесни активности и потоа истегнете се лабаво пред да почнете да скокате на јаже.

Ако сте биле улежани и машките имаат повеќе од 40 а женските повеѓе од 50 години, консултирајте се со вашиот доктор пред да започнете со активности.

Започнете со послаб интензитет и пократок период на скоканје со паузи измеѓу,започнете со вртенје само на јажето покрај вашето тело бес скокање.Со текот на времето се намалуваат па
 
Скокам понекогаш.. Има во Рибок 300 денари се мислам..

Дефинитивно добра вежба ќе ви го изгоре целото тело :D За тие што сакаат да ослабат само јаже..
 
Скокање со јаже е права ствар. Сега скокав околу 20 минути надвор. Од мене тече повеќе вода отколку од фонтаната на плоштад.
Јажиња има и во Џамбо (Веро). Ефтини беа, помалку од 100 денари мислам. Јас од таму си земав.
 
Планирам од скоро, имам едно гумено југословенско, треба да заврше работа.
 
Скокање со јаже е права ствар. Сега скокав околу 20 минути надвор. Од мене тече повеќе вода отколку од фонтаната на плоштад.
Јажиња има и во Џамбо (Веро). Ефтини беа, помалку од 100 денари мислам. Јас од таму си земав.
200че си земав од ОРКА со бројач xD
 
лелелел појако нешто нема..
како мала 9-10 години имав едно, се сеќавам го купив од продавничката кај мене у маало.. беше зелено, гумено и многу печеше коа ја мавав сестра ми ^^ почнав да се напнувам со скокање.. го носев у школо и им бев најбоље у генерација, вкупно 60-70 деца бевме.. ептен добри финти знаев.. и после го изгубив и заборавив на скокање на јаже.. се обликуваат мускулите, и добро хоби е.. интересно е.. жал ми е што неам доволно време да си купам и да идам да си скокам негде.. интересно е за хоби, ама коа ќе те видат у скопјево со јаже ќе ти се смеат.. тие незнаат што е забава ;):icon_lol:
 
Секојдневно скокам по едно 20-30 минути.Се осеќам многу кондиционо спремен иако имам голема килажа на мене.Го препорачувам на сите спортисти(тие ке го осетат благодетот на јажето најмногу)
 
Јажето за обликување на листовите е најдобро нешто. Ние на тренинг после истегање, скокаме секогаш 20-25 минути јаже за да се загрееме... Пред некој ден купив ново јаже од орка ги има 270 денари силиконско со бројчаник (ама јас 2-3 пати го превртувам тој бројчаникот ) :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom