Ски скокови

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми е криво што не гледав, мислев дека утре ќе има -.-
Мило ми е за Шлири заслужи овој пат да е победник на новогодинешната турнеја, сега уште прв да е и во генералниот пласман дека Кофлер ме нервира:D
 
Мило ми е за Шлири. Мило ми е и што немаше втора серија бидејки мислам дека ќе кикснеше и ќе го загубеше водството. Сега очекувам да го нападне Кофлер и во светскиот Куп и истиот да го освои.
 
Ќе ги дават ли натпреварувањата од светскиот куп на Еуроспорт? Бидејки минатиот викенд намаше а натпреварување имало.
 
Ќе ги дават ли натпреварувањата од светскиот куп на Еуроспорт? Бидејки минатиот викенд намаше а натпреварување имало.
Gledaj na Eurosport GERMANSKIOT ,tamu uvek ima , a ako imas Boom ili max tv tamu davaat snooker i takvi stvari.
p.s Thomas Morgenstern, car
 
Gledaj na Eurosport GERMANSKIOT ,tamu uvek ima , a ako imas Boom ili max tv tamu davaat snooker i takvi stvari.
p.s Thomas Morgenstern, car
пријателе еуроспорт има иста програма на сите јазици..така да ако дават на германскиот дават и на српскиот ;)
 
6CRjm.jpg
 
Чувствувам дека Симон Аман пак ќе грабне златен медел :D. Кога е најпотребно секогаш се појавува. Се надевам дека и Фрајтаг ќе освои нешто. Во групното натпреварување исто ќе биде интересно доколку Превц настапува за Словенија, според мене Норвежаните се фаворити поради домашниот терен, на Австријците само Кох ги спасува.
Штета што нема да можам да ги гледам во недела.
 
Штета и за него, штета и за останатите во Словенија. Што убаво беше влезен во форма, а сега Словенците нема ни медал да освојат во групното натпреварување.
 
Заврши светскиот куп, прекината доминација на Австријците во поединечна конкуренција. Бардал прв, Шлири втор, Кофлер трет. Поинтересна сезона здравје од ноември ;).
 
133777856250af6b31c7601579259337_w640.jpg
Шлири се враќа на старите патеки, второто место го завзема Андерс Фанемел, а трет беше сонародникот на Шлири, Томаш Моргенштен.
Иначе сезоната започна вчера со скокови од малата скокалница во Лилехамер, таму победник беше Зеверинд Фројнд од Германија, второто место му припадна на Томаш Моргенштен, а третото на бранителот на титулата од ланската сезона, Андерс Бардал.
Сезоната продолжува во Финска, Кусамо, на 30 ноември е тимското натпреварување, а ден подоцна индивидуално.
 
Шлиренцауер оваа сезона шампион и ништо друго :D
 
Всушност сезонава почна со тимското натпреварување, норвежаните беа први, јас лани слабо пратев ски скокови и ко видов дека едната серија машки скокаа а наредната женски, па така наизменично се менуваа, се зачудив.
Коментаторот на Еуроспорт кажа дека ова му е 41 победа на Шлири и дека уште 4 или 5 му фалат за да го премине, не се сеќавам сега на имете на скокачот со најмногу победи.
 
Мати Никенен...имат 46....така да...уште 5 :)
 
Одлични Германците денес. Очекувам Фрајтаг топ 5 сезонава.
Андреас Велингер и Словенецот Хвала за некоја година исто на врвот доколку продолжат со ваквите перформанси.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom