Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ако полага од прва е 99 проценти врски, 1 процент среќа. Јас незнам никој да положил на прва а да нема врски. Таква е реалноста денес.
Јас положив од прва ... али извозев перфектно.
Немав воопшто трема, и кога полагав влегов со огромна самодоверба и смиренст, и си извозев се како што треба, без ниедна грешка, со 0 казнени поени ... и за полигон и за градска.

Точно е дека е реткост да се положи од прва (без врски), али не е невозможно.
 
Дојдов до информација дека по нова година цената на испитот ке поскапи, и тоа енормно за 100% и повеке. Полагање за Е категорија е околу 20 000 а ке биде повеке од 50 000 мкд.
 
Нема да биде толку верувај, но дека ке се покачи тоа како и да е ќе биде.
 
Да ми дадете информација колку се плаќа сега за градска и полигон, тестовите ми се одамна земени па да ја земам конечно возачката планирам месецов.
И да лекарско имам ново[DOUBLEPOST=1419191987][/DOUBLEPOST]
Od denot koga ke gi polozis testovite ,dokolku vo rok od 1 godina ne polozis i poligon i gradska ne ti vazi obukata vo avtoskolata ,ne ti vazat ni testovite i ke treba pak od pocetok se da plakas i da polagas

Часовите важат засекогаш доволно е само да имаш положено тестови во рок од една година ( и да не ги положиш битно е да појдиш на полагање)
 
Последно уредено:
Да ми дадете информација колку се плаќа сега за градска и полигон, тестовите ми се одамна земени па да ја земам конечно возачката планирам месецов
Лекарско ти е 2000 ден.
Прв пат полигон 1620+300ден за користење полигон+500/600 ден. за услуга со возило од автошкола ( ова и немора ако ти ја дадат гратис колата за користење, зависи како сте се договориле)
Прв пат градска 1620+ користење на возило од автошкола 500/600ден.
Секој нареден пат полагања ти се истите цени +220 денари на овие од горе. Ова е за во Кочани, за други места незнам.
 
Фала ти :)
Значи да си спремам 100 евра за полигон и градска...
 
Така некако, ако имаш среќа да положиш се од прва :)
К'сметче!

"Ризичен" сум од тоа и ми е страв. Возам кола веќе 5-6 години такаречи на диво без возачка значи шансите да згрешам се мали, и сеа некој од комисија да ме падне само зато што нему така му текнало.....
Не сум сигурен како ќе реагирам
 
Ќе излезеш како попарен од колата кога ќе ти рече дека не си гледал доволно во ретровизорот..Или ако ептен нема кај да те убоде,ќе ти рече добар си дечко,добро возиш,ама сметам дека не си сигурен за воланот кога има други луѓе во колата..И фино лепо ќе ти рече дојди нареден пат,и ќе завршиме работа..И ништо неможеш да смениш..Ќе си бидеш бел во очите..
 
Во ред то, само шо дивото возење не е исто како возење кое тие го барат. И јас возев 4 години мотор „на диво“ ама паднав на полагање.
Како и да е, со среќа :)
 
Ќе излезеш како попарен од колата кога ќе ти рече дека не си гледал доволно во ретровизорот..Или ако ептен нема кај да те убоде,ќе ти рече добар си дечко,добро возиш,ама сметам дека не си сигурен за воланот кога има други луѓе во колата..И фино лепо ќе ти рече дојди нареден пат,и ќе завршиме работа..И ништо неможеш да смениш..Ќе си бидеш бел во очите..

Не сакам да се правам сеа некој Рамбо као ќе ги турам во мавање само ако ме паднат без да згрешам, ама имам краток фитиљ за вакви работи кога ептен некој ме дупи на здрав мозок. Јасно ми е дека ако сака ќе ме паѓа и 5 пати ама во паѓање може да му лупнам некоја :)
 
положив од шести пат затоа што се искарав со комисијата :pipi: тато ми рече тури им пепел не се нервирај :tvg::uzi::zloo:
 
Убо ти рекол татко ти ми даде идеја сега, поарно да им турам пепел него да ги тепам :D
Ќе слабеам на зима така ми гледа работава...
 
"Ризичен" сум од тоа и ми е страв. Возам кола веќе 5-6 години такаречи на диво без возачка значи шансите да згрешам се мали, и сеа некој од комисија да ме падне само зато што нему така му текнало.....
Не сум сигурен како ќе реагирам
Шансите да згрешиш ти се поголеми ако си возел претходно.
Единствено голема предност ќе имаш со тоа што ќе бидеш сигурен у себе и нема да се тресеш и плашиш како 99.82% што полагаат.
 
Убо ти рекол татко ти ми даде идеја сега, поарно да им турам пепел него да ги тепам :D
Ќе слабеам на зима така ми гледа работава...
Зависи од среќата, мене ме паднаа еднаш жмигавец зашто не сум дала а немаше врска али и да речеме дека не сум вклучила, не се тоа 51 казнен :sekc: си рачунаат дека мора барем еднаш да паднеш и тоа е тоа :) туку со среќа, дај боже да си меѓу положените :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom