Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки колку возачки часови се предвидени пред да се полага за А категорија?
Теоретскиот дел од наставата со наставните планови се состои од:
  • А категорија - 12 наставни часа
  • Б категорија - 20 наставни часа
  • Ц категорија - 10 наставни часа
  • Д категорија - 10 наставни часа
  • Ц+Е категорија - 6 наставни часа
  • M категорија - 10 наставни часа
Практичен дел од наставата се состои од:
  • А и А1 категорија - 16 наставни часови
  • Б категорија - 36 наставни часови
  • Ц категорија - 20 наставни часови
  • Д категорија - 16 наставни часови
  • Ц+Е категорија - 10 наставни часови
 
Зошто Ц,Д и Ц+Е категорија се со помалку часови од Б?Веројатно потешко е да се вози камион или автобус отколку автомобил.
 
Зошто Ц,Д и Ц+Е категорија се со помалку часови од Б?Веројатно потешко е да се вози камион или автобус отколку автомобил.
За да стигнеш до Ц ти треба прво Б, а за Ц+Е ти треба прво Б, после Ц, па на крај иде Е.

Затоа.
 
Темите се споени... така да продолжете со дискусијата тука.

Дечки ми треба една информација. Колкав е бројот на возачки часови што треба да се земат за полагање за А категорија? Фала однапред :)

Јас ко одев да полагам, одам во авто школата да уплатам и да прашам... ми вика чоечето таму знајш да возиш? Их му викам, мотор возам уназад 5 годинии.

Тогаш, утре полагаш. И така беше, ојдов на полигон одсабајле, пробав 3 пати тие тракатанците/моткањата и положив. Со оглед дека 4000 денари беше автошколата сосе полагање, таман беше обуката :)

E сега како е, Watchlist ти пиша шо е по правило, а ти колку ќе извозиш... е прашање.
 
Ок, фала многу.

Ме интересираше ептен за бројот на часеви, оти тоа педерчето од школата му бара на брат ми 6000ден. за обуката, а има извозено само 4 часа. Знае да вози мотор, ама додека не ги извози сите часеви нема шанса да види 6000 од мене.
 
мене ме бутнаа на граЦка, тиот од позади си отвори да чита весник и си извозив јас се комплет и на крај ми вика паднат си оти не ми рече да го затворам весникот - немаш прегледност позади, му викам па имам странични ретровизори, он ми вика имаш и еден внатрешен-треба сите да ги користиш, и им бутнав една софра и поминав на Фтор пат

Ц ц кои кретени се значи.
 
Проблемот не е од кој пат ќе положиш проблемот е што плаќаш дополнително за секое ново полаѓање. Една приватна комисија си има апсолутен монопол. Никој не им се меша ни во цени ни во испити. Практично ги контролира некој? Кое министерство има контрола над испитната комисија на државно ниво?
И така имаат набиено цени до бесвест. Па добро мислам што толку се изморат тие од комисијата на полигон наместат 4 знамиња а земат скоро 2000 денара од човек. За помалку од 2 часа полагаат 15 кандидати. Тоа се 500 евра за 2 часа. И најмалку 2 дена од неделата така. Или пак во градска за 20 минути возење имаат 3000. Па и тие им се малку најдат мала замерка и ајде поново.
Нека биде една унифицирана цена за СЕВКУПНОТО полагање. Тестови, полигон и градска нека биде вклучено во една цена и да се плаќа само еднаш. Пак би имале голем ќар и така а не ова сега што го прават. Ова е класичен грабеж подржан од власта бидејќи очигледно не прават ништо за да го спречат тоа.
 
Теоретскиот дел од наставата со наставните планови се состои од:
  • А категорија - 12 наставни часа
  • Б категорија - 20 наставни часа
  • Ц категорија - 10 наставни часа
  • Д категорија - 10 наставни часа
  • Ц+Е категорија - 6 наставни часа
  • M категорија - 10 наставни часа
Практичен дел од наставата се состои од:

  • А и А1 категорија - 16 наставни часови
  • Б категорија - 36 наставни часови
  • Ц категорија - 20 наставни часови
  • Д категорија - 16 наставни часови
  • Ц+Е категорија - 10 наставни часови

мислам дека не се точни бројот на часовите... колку што знам, а знам од денес информација, за Б категорија се потребни 36 часа а за а категорија се потребни 8
 
Здраво, некое советче за пред полагање полигон и градска (ако дае Господ) ??? :( По сите коментари ми иде да се откажам и да не полагам, а што е најтрагичко доста сигурно возев за време на часовите, а сега пред полагање изгубив самодоверба...
 
Советче е д анемаш трема,ако имаш отиде јабана.. и да се караш со тие од комисија ако сакаат да те бутнат за глупости,како мене не сум дал на контењер трепкач...кој будала у нормален сообраќај го прави тоа
 
Вчера полагав и полигон поминав, градска паднав. Ја чекав комисијата едно пола саат дур се најадат, па ме фати најголема гужва и нае*ав. Не ми е за тоа што ме бутнаа, ако треба и сто пати нека ме буткаат, само работата е тоа што сега треба пак 3000ки да плаќам само за да господата 10 минути ги провозам со кола. :mad: Бог да чува, уште 3 илјадарки на гладно срце... Катастрофа
 
Советче е д анемаш трема,ако имаш отиде јабана.. и да се караш со тие од комисија ако сакаат да те бутнат за глупости,како мене не сум дал на контењер трепкач...кој будала у нормален сообраќај го прави тоа

Па затоа многу "јаки возачишта" паѓаат, пошо возат улично, а треба по правила коа полагаш. Заеби ти како се вози практично после, треба да возиш по правила.

Значи Марија, максимална концентрација кога возиш за се живо и диво, бидејќи они чекаат грешки. Не им ги давај!
--- надополнето: Nov 3, 2011 4:23 PM ---

Концентрација пред се! Иначе и јас од трет пат положив, ама си признавам првиот пат бев скроз изгубен, вториот пат тој идиотот до мене ми мавна на кочница и застанав на сред пат демек да ми објаснеле нешто, на крајо свртив погрешно, се прават да те узбунат 500. Третиот пат едно кругче од 2 минути и ми вика паркирај. Излегува надвор и ми пушта рака и ми вика „Честито, положи“. Ипак и до џезата е, кај нас 2 пати минимум полагаш до 3 пати, ако не знаеш повеќе
 
Па затоа многу "јаки возачишта" паѓаат, пошо возат улично, а треба по правила коа полагаш. Заеби ти како се вози практично после, треба да возиш по правила.

Koи правила,кога ти ќе дадеш жмигавец на контењер паркиран на тротоар ? ги ебам таквите глупи правила,ОК на возило кое застанало на коловозот,ама на контењер бе ?! Тоа ти е исто како и у школо,пола и повише материјал што го учиш низ книги никад у живот нема да ти треба,живи глупости , исто и со ова.. паметен начин како на будали да им земеш кеш и да ги бутнеш за глупост
 
Се додека не се воведе една цена за цело полагање ништо не правиме! На времето во бивша југославија било така една цена за 3 полагања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom