Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
znaci stvarno bilo to sho go slushnav..vozackata kje pocni luksuz da stanva..premnogu e 500 evra :/
Не е лукзуз... само треба и психо-физички тест да воведат, пошто секакви идиоти и неспособни зедоа возачки.
 
Мене вкупно околу 22 илјади ме кошташе се, положив од прва без никакви ургенции, да имав среќа ама и никаде не згрешив, реално гледано малце се 36 часови за обука..
 
На тестови сам си е секој крив или заслужен што ќе направи, комисијата неможе да да влијае тука. На полигон многу лесно се гледа дали некој знае или не. Финтата е што некои се построги, некои пуштаа и со грешки направени. Е сега проблемот е на градска каде 90% зависиш од тоа дали инструкторот смета дека добро си извозел тие 10 мин. Сепак мислам дека ако моменталниот број на паднати луѓе не е реален, тогаш мин 60% од бројката е реално.

Sent from my iPhone
 
веќе имаше тема за 16-годишните возачи ама таа е во подфорум политика

Возачка дозвола на 16 години?

околу ова - само да оставам линк http://www.dnes.bg/obshtestvo/2011/08/03/i-nepylnoletni-shte-siadat-zad-volana.125491 дека во Бугарија е донесен закон за неполнолетните да добијат возачка од времен карактер и истите да возат со придружник-совозач со поголемо возачко искуство се’ до навршување на полнолетството
сепак идејава им е лоша :unsure:или и9м е наложена однадвор:pos:
 
Дејане(СРБИНОВСКИ) кради , кради - ама те фатив:pos:
 
Може ли некој да ми каже колку кошта се комплет земање на часови,лекарско и други такви работи и некоја препорака за добра авто школа. :)
 
Може ли некој да ми каже колку кошта се комплет земање на часови,лекарско и други такви работи и некоја препорака за добра авто школа. :)
Јас уплатив во АСУЦ.За средношколци од било кое средно школо даваат попуст обуката чини 11500 а редовна цена е 13500.Лекарско и прва помош земав од Медика плус и за двете заедно платив 2000.Полагањата чинат околу 6500 ако полагаш со кола од авто школата,а со твоја кола околу 5500.:)
 
Фала ти другар за информацијата. :)
 
мене ме бутнаа на граЦка, тиот од позади си отвори да чита весник и си извозив јас се комплет и на крај ми вика паднат си оти не ми рече да го затворам весникот - немаш прегледност позади, му викам па имам странични ретровизори, он ми вика имаш и еден внатрешен-треба сите да ги користиш, и им бутнав една софра и поминав на Фтор пат
 
Јас уплатив во АСУЦ.За средношколци од било кое средно школо даваат попуст обуката чини 11500 а редовна цена е 13500.Лекарско и прва помош земав од Медика плус и за двете заедно платив 2000.Полагањата чинат околу 6500 ако полагаш со кола од авто школата,а со твоја кола околу 5500.:)

Од кога даваат со твоја кола?
 
И јас паднав на градска . Од втора положив. Инаку имаше некои што паѓаа на тестовите и по два пати некои на трета положуваа ама тоа е нивна грешка што не можат да научат неколку тестови :) и то ...
 
Колку што знам можеш да полагаш и со твоја кола ако сакаш,ако грешам нека ме поправи некој.
Не може со твоја кола, порано можело сега не. Подобро што не може, замисли ќе испаничи некој, нема да изреагира на време да закочи или слично и оп беља, затоа постојат дупли команди, L табли и слично.
 
Ај бе... Од ко ќе положиш ќе ја возиш твојата кола која нема L ознака и нема дупли команди.

Ама со полагањето, едно искуство, една смиреност што ќе добиеш... Па тогаш нема да испаничиш.

Се за пари, наместо да си полагам со мојата кола и да платам авто школа 2000 денари, полагаш со нивната и плаќаш 13.000 денари. Сигурно во 10-20 часови троши 200 евра бензин.
 
Дечки колку возачки часови се предвидени пред да се полага за А категорија?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom