Ситница што ме нервира

  • Креатор на темата Креатор на темата King B
  • Време на започнување Време на започнување
Во последно време многу ме иритира лош хумор. Посебно сум алергичен на споделување фотки од "смешни" страни на ФБ.
 
l2mbH9c.jpg

20 минути у епизода они уште кредитс, продјусд бај, директед бај на куров бај мамата ваша
 
Не ми се верува дека некој се жали или уопште го боли уво за лајкови/дислајкови. Мислам дека тролаат, скоро сите, или јас ја потценувам моќта на лајк/дислајковите.
 
Многу почна да ме иритира фразата "Кој сака нека честита". Што е поентата да се пише ова? Си објавил дека си постигнал нешто или дека ти е роденден, ако сметам дека треба ќе ти честитам, без ти да ми кажеш.
 
Мене ми е смешно к'д ќе напишев очекују свите да ми честитав. :pos:
 
Многу ме нервира кога ќе купам сладолед на стапче го отварам а стапчето пола и повеќе брцнато во чоколадо o_O
 
" Нема на залиха/лагер"
 
Кога некој наместо "кока-колата" вели "коката-кола".

Кога некој прашан за возраста на детето не вели на пример "две и пол години" туку "триесет месеци".
 
Кога некој наместо "кока-колата" вели "коката-кола".

Кога некој прашан за возраста на детето не вели на пример "две и пол години" туку "триесет месеци".
Честитки оти ова е дефинивно прво...источна македонија? Охрид?
 
Источна. И во Кочани и во Штип сум ги чул и двете.
Да. Мислам дека има слушнато луѓе што знам со атипично членување од таму. Дијалектска работа веројатно....
 
Во последно време многу ме нервира по социјални мрежи кретени што ставаат хехенца на секакви вести, особено на некои трагични.

Изгорела куќа - хаха, пандемијата коси - хаха, жена прегазена на улица - хаха...
 
Мене ми се случило по грешка (од мобилен обично) да стиснам на хаха, или на честитка за празник, на пример, да го стиснам прстот надолу, ама кога ќе видам што сум притиснала, брзам да го сменам. :D

Некои може како мене по грешка стиснале и не виделе, а некои стварно намерно го прават тоа.
Пред некој ден, поставив прашање во една група на ФБ, и некој ми става :D . Го тагнав во коментар: Ќе ми објасниш што е смешно? Човекот одговори дека мислел оти се заебавам со прашањето. И тоа има :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom