Сител ги објави плановите на државниот врв ако Грција стави ВЕТО за НАТО

  • Креатор на темата Креатор на темата Borg_Drone
  • Време на започнување Време на започнување
B

Borg_Drone

Гостин
55648CB02D24854B8572A4431E53ACF0.jpg
Не постојат пречки за влез на Македонија во НАТО. Критериумите се исполнети, велат политичките аналитичари. Единствената пречка за влезот во НАТО е опасноста од ВЕТО од соседна Грција, поради спорот со името. Неофицијално дознаваме дека државниот врв во случај на ВЕТО од Грција ќе преземе мерки.

1. Официјално ќе се прекине времената спогодба и нејзината важност ќе престане да постои. Наедно ќе прекинат сите понатамошни преговори за името.

2. Ќе се упати официјално барање до ООН за признавање под уставното име. Ќе започне правна процедура за него. Земјата ќе се обрати до Советот за безбедност или до генералното собрание, или пак до двете ако се оцени дека така е најдобро.

3. Во земјата ќе се организира референдум за задржување на уставното име на кој сите граѓани би излегле да гласаат, со цел на кој било сегашен и иден политичар на висока функција да му биде оневозможено да помисли за варијанта промена на уставното име како опција.

415E96D466C5B64E80CE323805116BF3.jpg
4. Ќе започне процедура за враќање на старото знаме, имајќи предвид дека промената на знамето не придонело за намалувње на проблемот со името. Имајќи го предвид и фактот дека и Македонците и Албанците имаат пиетет кон Александар Велики и го чувствуваат за свој, се очекува идејата да биде прифатена.

5. Од истите причини ќе започне процедура за враќање на уставните амандмани кои во 1992 година беа укинати со цел да се одговори на Грција со добра волја.

6. На соодветен начин ќе се започне со правна постапка за малцинското прашање за Македонците во Грција, како и имотните прашања на Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија.

A0773235245DB0489C5294769BEA351A.jpg
7. Севкупната пошта која ќе биде испратена со референцата БЈРМ (ФИРОМ) или Поранешна Југословенска Република Македонија ќе биде враќана на испраќачот со назнака дека таква земја не постои и дека поштата залутала во РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

8. Стотици улици, патишта, згради, стадиони, спортски сали, плоштади ќе бидат преименувани и ќе ги носат имињата на големите македонски личности од античкиот период. Исто така ќе се изградат голем број нивни споменици во поголем број градови. Ќе се преименуваат и повеќе села и градови.

ACF580992814524E962D9D2EB1966BF1.jpg
9. Автопатот од коридорот 10, трасата Табановце-Богородица, ќе се именува како автопат Александар Македонски

10. Новиот аеродром во Штип, ќе се именува ФИЛИП ВТОРИ.

11. Ќе се подигне нивото на комуникација и ќе се воспостават поблиски релации со Северен Кипар. Ќе се продолжи и ќе се зацврстува сојузништвото со САД и Турција и ќе се разгледа можност за нов вид воен сојуз со овие две земји..

12. На дресовите на македонските спортски репрезентативци ќе има обележја од македонската антика.


Овие предложени мерки од државниот врв се неофицијални и се во фаза на разгледување доколку соседна Грција стави вето на влезот на Македонија во НАТО.

Изјава на Владата
По објавувањето на овој работен план за мерки кои државниот врв би ги преземал во случај Грција да издејствува одложување, или непосредно блокирање на поканата од НАТО до Република Македонија, портпаролот на Владата Ивица Боцевски, одговори на прашањето за владините ставови во врска со објавениот текст на Сител телевизија и во ВЕЧЕР. - Позицијата на Грција за вето станува извесна, поради што државниот врв е во постојана комуникација. Но, не би сакал да коментирам состојби и прашања кои се хипотетички. Односно, состојби што би било кога би било. Да видиме првин што ќе биде.






http://vecer.com.mk/?ItemID=68721F49F743774CBB6770B09EF6791F
 
Ова звучи многу моќно, многу Македонски и максимално антидипломатски...но до сега дипломатијата со грција не не однесе никаде. Баш спротивно ни создаде дополнителни проблеми.

Можеби ќе ги кркаме го....та ама важно ќе си го имаме името. Вака Гоце, Никола, Јане и останата багра би го направиле тоа.
 
Веќе имало отворено тема за ова...

Јас се извинувам што ја отворив темава, али незнаев дека веќе имало отворено тема.
Слободно затворете ја :)
 
Веќе имало отворено тема за ова...

Јас се извинувам што ја отворив темава, али незнаев дека веќе имало отворено тема.
Слободно затворете ја :)

Море двапати да се знае :cug: :vozbud:
 
Конечно почнаа паметно да размислуваат.
 
Ова ќе биде остро. Но и така треба. :aplauz:
Се знае кои сме и готово.


Ме интересира денес што се ќе има по Грчкине весници.
 
Луѓе не знам за вас ама мене ми се дигна (патриотизмот)!
Се разбира, ако навистина го направат ова.
 
Паметна одлука. Ако стават вето, ние да си направиме што сакаме. А ако не стават вето и влеземе во НАТО, пак да си направиме така и се да си вратиме :baeh:
 
хммммм.......ако информацииве се точни,нема потреба од жалење оти сме добиле ВЕТО :)
 
може ме ние овоа да го направеме и ако не примат во НАТО после грците ништо не ни можат:pos2:
 
Овака требаше уште одамна, но што е тука е. И ние се учиме додека постоиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom