Сите убави мисли ТУКА!

  • Креатор на темата Креатор на темата АуРоРа
  • Време на започнување Време на започнување
Оди смирено низ шумот и забрзаноста, помисли на мирот кој се наоѓа во тишината... Колку што е можно биди во добри односи со сите луѓе ... Кажи ја својата вистина мирно и јасно и слушај ги другите , дури и глупавите и неуките ,имаат своја приказна. Одбегнувај ги гласните и агресивните , тие се товар за душата ... Ако се споредуваш со другите можа да станеш разочаран или горд затоа што секогаш ќе има поголеми и помали од тебе ... Радувај им се на своите достигнувања ,како и на своите планови . Задржи го ентузијазмот за својата професија, колку и скромна таа да е , тоа е вистинско богатство во овие променливи времиња...... Биди претпазлив во својата работа ,зошто светот е полн со лага ... Но нека тоа не ти попречи за да осознаеш колку чесност има . Многу луѓе тежнеат кон високи идеали и сегде животот е полн со хероизам.... Биди тоа што си биди свој ...
Особено немој да се преправаш дека сакаш. Но не биди ни циничен спрема љубовта, бидејќи и покрај сите свои разочарувања , таа е вечна како тревата. Спокојно прими ги искуствата на годините, складно напуштајќи ги нештата од младоста. Негувај ја духовната сила за да те заштити од неочекувани несреќи... Но не растажувај се самиот себе си со измислени нешта . Многу стравувања настануваат од замор и осаменост . Освен одржување на здрава дисциплина биди благ спрема себе.
Ти си дете на вселената, ништо помалку од дрвјата и звездите. Имаш право да бидеш тука. Дали ти е тоа јасно или не ,нема сомнение дека вселената се развива како што би требало.
Значи биди во мир со Господ, како и да го замислуваш и независно од тоа каква ти е работата и какви ти се аспирациите во шумниот врвеж на животот, задржи го мирот во својата душа. Покрај сета нечистотија , жалење, срушени сништа,ова сепак е прекрасен свет... Биди внимателен ..
Обиди се да бидеш среќен !
 
Youth offers the promise of happiness, but life offers realities of grief.
 
Постојат уметници кои можат сонцето на нивните слики да го претворат во жолта дамка,но вистинскиот уметник е оној кој жолтата дамка ќе ја претвори во сонце.
 
Хамлет,
"Само сонот е сенка."
"Не давај ништо на заем, ни земај. Со долгот губиш и другар и пари. А секој заем расипништво значи."

Негирање,
"Уште колку луѓе ќе повредам пред да си дозволам да почувствувам болка?"
"Не можам да те спречам да се уништиш. Никој не може. На крајот тој избор ке ти припадне тебе"

Последните Селани,
"А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и тој што ја предизвикува.."
 
Сакам га свет зашто ми дава убаву музику за слушање.
Музика е нешто сс кое што можеш да живиш убаво, иако немаш друго ништо у живот.
 
Доколку не би постоеле соништата, би немало што да посакуваме во реалноста... А доколку не би посакувале ништо во реалноста, сите наши соништа би биле залудни...
 
Храбрите сакаат, храбрите љубат, храбрите умеат и да губат.............
 
if analogies for you are like tide rope then go hang with them... for me they are more like bridge on which the different domains go to meet and hug.
 
"Friend to all is friend to all" -Aristotle
Другар на сите е другар на никого

"A true friend is one soul in two bodies" - Aristotle
Вистински пријател е една душа во две тела

Hope is for fools - Gandalf
Надата е за будали :baeh:
 
Времето е споро за оние што чекаат,брзо за оние што се плашат,многу долго за оние што плачат,прекратко за оние што слават,вечност за оние што љубат.

Многу луѓе ги губат малите радости, надевајќи се на големата среќа.

Да бидеш сиромашен не е срамота, срамота е да не преземеш ништо да го смениш тоа!

Просечниот учител кажува,добриот учител објаснува,подобриот учител демонстрира,најдобриот учител инспирира.

Вратата зад која се крие доброто ташко се отвара,вратата зад која се крие лошото тешко се затвора.

Љубовта е слепа,поради тоа толку и е изострен осетот за допир.

Она што поминало, не постои повеќе. Она што доаѓа, уште не стигнало. Постои само оној момент каде се среќаваат минатото и иднината. Во таа точка е целиот наш живот.

Сонувај за големи нешта, но задоволството барај го во малите.

Искреноста не е во тоа човекот да го каже тоа што го мисли, туку да го мисли тоа што го кажува.

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек.

Ако незнаеш како да живееш, тогаш остави ги другите да живеет како што знаат.
 
Не мисли на она што го немаш како да го имаш, туку од она што го имаш избери го најскапоценото и помисли колку би копнеел ако го немаш. Но , внимавај,од преголема радост,да не го прецениш,бидејќи ќе го изгубиш мирот,ако некогаш останеш без најскапоценото .
Од гнев искривеното лице е спротивно на природата и ако често е такво ,ќе го изгуби вообичаениот лик, додека сосем не исчезне и никогаш нема да успее да го врати.
Отфрлија вообразеноста,настојувај да се ослободиш од страстите! Оставија сегашноста! Препознај го она што ти се случува тебе и на другите! Разликувај ги и разложувај ги причините и содржината од она што ти се случува. Нека грешките што другите ги прават спрема тебе ,останат такви кави што се .
 
Кумот мој вчера ми вика: Ја живеам на петти спрат, на врв на зградата сум. За да стигнам до врвот, секој ден морам да ги искачувам скалите.

Куме... :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom