Сиромашна демократија или богат тоталитаризам? Кое општество би го избрале?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ќе бидеш гладна или нема да имаш куќа или некој сличен проблем кој што доаѓа со сиромаштијата, е тогаш и нема да мислиш многу...па и не верувам дека ќе ти биде гајле дали имаш право да кажеш свое мислење или не хах.

Ако сум гладна и нема што да јадам,ке земам ке заработам,и ке си спечалам пари ама никако не се продавам за нешто бесплатно,некоја будала да ми го зема правото за слобода.Не за друго,смешно ми е ова.
Не фала,еднаш се живее и јас си планирам да си искористам тоа а не некој да ме спречи.
Ок ова е само уште едно од мислењава на темиве.
 
Либија можеби е светлата страна на тоталитаризмот.. види други примери..Северна Кореја..знаеш ли дека родителите ги оставаат своите деца на улица на милост и немилост, и тие најчесто умираат . .
 
7962839162006223183546.jpg
 
Богат тоталитаризам.
Најдобар пример Белорусија и Либија.За Либија деновиве добро е познато како се живее таму.Јас само едно ќе прашам.Кога ние во оваа наша демократска Македонија ќе доживееме секој студент кој сака да студира во странство државата да му ги плаќа сите трошоци,од школарина до сместување???Е сега тој студент не можел да ја критикува државата,да си каже свое мислење.Брееее.
Белорусија.Економски раст во 2010 од 5 %,невработеност 1 %(да,да,еден процент),просечна плата околу 700 $.Ама види сега немало демократија таму,па Лукашенко не можеш да го критикуваш ова-она.Ме заболе мене за демократија ако имам добра работа и солидна плата.
Подобро е кога владее еден човек.Не мора да се заебаваме со избори на секои 2 години,да трошиме непотребна енергија на кампањи и сл.Не знам пред некое време имаше истражување во МК во кое преку 70 % од населението е за автократско водење на државава.
 
Ако сум гладна и нема што да јадам,ке земам ке заработам,и ке си спечалам пари ама никако не се продавам за нешто бесплатно,некоја будала да ми го зема правото за слобода.Не за друго,смешно ми е ова.
Не фала,еднаш се живее и јас си планирам да си искористам тоа а не некој да ме спречи.
Ок ова е само уште едно од мислењава на темиве.
Па нормално дека сите сакаме слобода. Но колку и да имаш слобода да си го живееш животот така како што ти сакаш од друга страна можеби не диктатор но тешките услови за живот ќе те ограничуваат и тоа многу.
Не викам дека само со пари се живее и само со тоа човекот ќе биде среќен. Има многу работи што без денар во џеб можеме да ги направиме и да ни биде супер. Но со кого ? кога сите околу нас се трудат да направат нешто некако да заработат пари, немаат време за фамилија, пријатели, немаат време ниту за себе а да не зборуваме за уживанции, луксуз итн. А ти кога ќе бидеш сиромашна и цел ден ќе работиш па со тие пари ќе плаќаш сметки и некои давачки кон државата нема да ти остане ништо. Само една реална слика од тоа што имам видено околу мене. А да има и такви што имаат добра работа, имаат слобода, имаат време и пари да си го живеат животот така како што си го сакаат итн но многу се ретки.
 
Разбирам што сакаш да кажеш и го оправдувам мислењето,срека овде во Македонијава не е ваков случај,иако и овде сиромаштијата е голема како и во другите земји во светот,такви времиња се сега што секој си гледа за себе,секој си заработува за себе,и секој гледа да му е добро ако сфакаш што сакам да кажам...сега за сега е добро,јас не се жалам.Aма не дај боже да дојде до тој степен ке си барам чаре во друга држава.
 
Либија можеби е светлата страна на тоталитаризмот.. види други примери..Северна Кореја..знаеш ли дека родителите ги оставаат своите деца на улица на милост и немилост, и тие најчесто умираат . .
A знаеш дека деца во африка умираат од глад итн. Живеат во шуми, пустини имаат слобода колку им душа сака. Може да се качи на дрво јасно гласно да си го каже мислењето на мајмуните и другите животни ама не е тоа тоа..
Инаку не сум против слобода. Ама и не ми се интересни тие луѓето што имаат оргазам кога ќе слушнат слобода. Знаеш мора да има баланс помеѓу тоа Што ти е дозволено да правиш т.е колку имаш слобода и колку и за што имаш можности да направиш.
 
Богатиот тоталитаризам сликовито го сваќам како....хмм.. харем.. царот во средина а околу него убави жени,накитени со злато и живеат во луксуз, имаат се, ама од друга страна се робови со златни пранги, кога ќе им нареди царот/диктаторот они мора да го задоволат,без да се спротивстават..едноставно нивните потреби се подредени на него

--- надополнето ---

A знаеш дека деца во африка умираат од глад итн. Живеат во шуми, пустини имаат слобода колку им душа сака. Може да се качи на дрво јасно гласно да си го каже мислењето на мајмуните и другите животни ама не е тоа тоа..
Инаку не сум против слобода. Ама и не ми се интересни тие луѓето што имаат оргазам кога ќе слушнат слобода. Знаеш мора да има баланс помеѓу тоа Што ти е дозволено да правиш т.е колку имаш слобода и колку и за што имаш можности да направиш.

ахахаха , добра ти е споредбата
 
Јас не знам колку помалку слобода имаат во Белорусија и Либија од нас???Ние имаме слобода да излезиме на А1 и да исплукаме се што прави Владата??Имаме слобода да напишиме колумна против Владата???Имаме право да гласаме на секои 2 години на избори???Во Либија го немаат тоа право,па пак живеат подобро од нас.Ние дури одиме на печалба во таа Либија.
Ние погрешно ја сваќаме демократијата.По наши критериуми за демократија Шведска би била најдиктаторска држава.Таму е се подредено под конец.Точно се знаат правата и обврските на граѓанинот.Ова кај нас не е демократија,ова е анархија.Им текнало на 10 стечајци ќе го блокираат цело Скопје.Или тутунарите блокираат регионален пат.Алоо бе.Тоа е ли е демократија.
 
1. Немој да мислиш дека на нив таму се им е розово
2. Точно , кај нас нема демократија,има квази демократија што е поблиску до анархија.. не сме ние пример за демократија,затоа несакам ни да ја споредувам демократијата кај нас со либискиот тоталитаризам.. Говорам во општи рамки
 
Ја би за Англиски или Шведскиот систем на управување што го имаат двете земји.Не дека се најбољи ама барем не си килави како нашиот.Само мислам дека до политичарите ќе да е не до системот...
 
Рубин Ред се глеа дека не си имала потешкотии во животот за тоа така мислиш. Кога сите потреби ти се задоволени, коа си го бркаш животот , зошто воопшто би имала потреба да критикуваш, посебно јавно или да бидеш против власта? А и демократијата е само обична фарса, привидна слобода, односно најдобар начин да бидеш под нечија власт е ако мислиш дека си слободен... А додека не си го наполниш стомакот, не те занимаат никакви права и слободи, а коа би имал се основно што ми е потребно.., условите за студенти итн..
па биди сигурна дека не би критикувал туку би ја величал власта, а на крај на краишта , стварно мислиш дека на политичарите или на било кој им е гајле за твоето мислење? и вака и така не крадат, не лажат и ни шиткаат муда за бубрези , со тоа што ќе критикуваш а и ќе идеш на " демократски избори " сепак нема ништо да смениш!
 
Ако сум гладна и нема што да јадам,ке земам ке заработам,и ке си спечалам пари ама никако не се продавам за нешто бесплатно,некоја будала да ми го зема правото за слобода.Не за друго,смешно ми е ова.
Не фала,еднаш се живее и јас си планирам да си искористам тоа а не некој да ме спречи.
Ок ова е само уште едно од мислењава на темиве.

Ако немаш да јадиш ќе одиш во Либија,Емиратите или некоја слична “демократија“ да заработиш...:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom