Синдикат

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Практично, во Македонија како да не постои синдикат. Синдикатот е "активен" само во договор со владата. Работниците, поготово оние кои се во приватните фирми се максимално експлоатирани и не се почитуваат законите за работа. Не се плаќаат придонеси, осигурувања, а оние посреќните работници се пријавуваат на минималец. Работниците работат повеќе часови отколку што според законот е пропишано, посебно оние кои се во трговијата и имаат еден слободен ден во две седмици. За пример, платата на продавач вработен во Веро изнесува околу 8000 денари. Во неа се ставени и трошоците за хранарина и превоз. Значи, тој работи за чиста плата од околу 3500 денари.

И, никој не смее да зуцне за овие проблеми кај работодавачот затоа што нормално ќе остане без работа. Поради безработицата, работодавачот секогаш ќе најде нов работник кој ќе го плаќа минимално, затоа не може да ни мрднат платите кои практично се замрзнати веќе 15 години.

Знаеме колку се силни синдикатите во странство и што се случува доколку не дај боже стапат во штрајк. Зошто синдикатот во Македонија е толку анемичен, зошто молчи за сите проблеми? Зошто, доколку на работодавачот му укажам дека не ми плаќа придонеси колку што ми следуваат или не ми дава слободни денови ќе летнам од работа и никој (закон во пракса) нема да ме заштити?

Не ми е јасно и како еден дебил како Ванчо Муратовски толку години може да биде на чело на синдикатот.
 
Потполно се слагам со тоа што го кажуваш. Синдикатот во Македонија е исполитизирано тело коешто нема ни С од Синдикат. Додека во некои други земји секоја државна институција има свој синдикат, ова тело во Македонските фирми не е ниту малку застапено и повеќе служи како средство за политичка манипулација отколку за организам за заштита на правата на работниците.
 
Се погоре кажано е апсолутно точно, но се додека македонскиот работник под синдикат ја сфаќа онаа дефиниција дека синдикатот е она што дава свински полутки и канти сирење, ке бидат такви како Муратовски претседатели. Не мислев дека работникот е крив, но сеуште во главите е врежано социјалистичкото поимање на поимот синдикат, кој е близок до владејачките структури. Синдикатот не е тој што дели од оние гореспомнатите продукти, туку оној кој се бори за правата на работникот, кој во Македонија не ужива скоро никакви права, а е под константен притисок и страв за сопствената егзистенција. Е каде е синдикатот да се избори за правата? Било на ниво на гранка или пак генерално. Чим е близок со власта, а ако се сеќавате, 2002 отворено кокетираше со сега владејачката СДСМ, нема да имаме синдикат во вистинската смисла на зборот. Тој треба да биде на страната на работникот и да ги брани неговите интереси. Кај нас синдикатот прави се, освен основната функција.
 
Како да реплицирам кога пред мене се имате кажано што јас мислам. :poss:
На кратко- мислам дека синдикатот во Македонија не си ја врши работата, и лидерот на синдикатот е обично полтрон на владата, без разлика која партија е на власт.
 
Дали може некој (Струмикс?) да даде на увид со кој закон се регулира синдикално здружување во Македонија?

Ако работам во некоја приватна организација, дури и во државна институција, кои се законските основи за да се формира синдикална подружница или слично здружение за одбрана на правата на вработените?

Колку за информација, едно време пред 10-ина плус години, САД даваа пари за развој на Македонските синдикати. Имаше едно тешко говедо, не се сеќавам на името, кој беше главен на синдикатите и целосно во прегратките на Бранко Црвенковски, но Америве си правеа бајрам на умот дека ќе го направат човек...
 
SSM DAJTE NEKA SI DADE I TOJ OSTAVKA ILI DA GO SMENIME SO SILA ILI NA KLOCI MOZE LI?
 
постои вакво нешто во македонија?!

Постои,ама изгледа само на хартија.Веке со години лугето се откажуваат од синдикатите,односно не плакаат членарина.Единствена добра работа што јас ја гледам во синдикатот кај нас е тоа што можеш да побараш одредена сума на пари,а тие подоцна ти ја одбиваат од плата на неколку месечни рати но без камата.Односно каматата е 0.00 %.:salut:
 
Сега дојде за лидер на синдикатите - почекувач, ќе чекал кога условите ќе созреале.Ако ова не се услови за целосен генерален штрајк, незнам кога е.Ништо оа платениве и партизирани синдикати.Срамота за сите нив.:drk::drk::drk::drk::drk::drk:
 
Практично, во Македонија како да не постои синдикат. Синдикатот е "активен" само во договор со владата. Работниците, поготово оние кои се во приватните фирми се максимално експлоатирани и не се почитуваат законите за работа. Не се плаќаат придонеси, осигурувања, а оние посреќните работници се пријавуваат на минималец. Работниците работат повеќе часови отколку што според законот е пропишано, посебно оние кои се во трговијата и имаат еден слободен ден во две седмици. За пример, платата на продавач вработен во Веро изнесува околу 8000 денари. Во неа се ставени и трошоците за хранарина и превоз. Значи, тој работи за чиста плата од околу 3500 денари.

И, никој не смее да зуцне за овие проблеми кај работодавачот затоа што нормално ќе остане без работа. Поради безработицата, работодавачот секогаш ќе најде нов работник кој ќе го плаќа минимално, затоа не може да ни мрднат платите кои практично се замрзнати веќе 15 години.

Знаеме колку се силни синдикатите во странство и што се случува доколку не дај боже стапат во штрајк. Зошто синдикатот во Македонија е толку анемичен, зошто молчи за сите проблеми? Зошто, доколку на работодавачот му укажам дека не ми плаќа придонеси колку што ми следуваат или не ми дава слободни денови ќе летнам од работа и никој (закон во пракса) нема да ме заштити?

Не ми е јасно и како еден дебил како Ванчо Муратовски толку години може да биде на чело на синдикатот.

..................а јас ко последна шушумига постојано се изненадувам......таман мислев дека со оној претходниот "вечен " синдикален лидер, го допревме дното на бедата на личноста, ова вмро-овците некаде го ископаа новиов. Каде само ги одгледуваат таквите морони...мора да е некоја лабораторија...таков мајка природа не раѓа....тоа мора да е резултат на некој генетски инжињеринг.... :)
 
Синдикат во приватниот сектор нема затоа што синдикатот се организира и одржува од работниците. Вработените во приватните фирми кои добри плати (претежно outsourcing компаниите) кои можат да го плаќаат синдикатот, немаат потреба од него. Додека вработените на кои им е потребен синдикатот (оние без никакви права и со плати од 5-6000 денари) тешко би се нафатиле да одвојуваат пари за синдикат.

Иначе што се однесува до масовните штрајкови на синдикатите, еве ќе ја спомнам Грција и штрајкот на превозниците за гориво. Ја парализира работата на бензиските пумпи и ја оштети државата (одреден број на туристи ја избегнаа како дестинација Грција, исто тие кои се решија да одат парите за бензин ги оставија во Македонија). Не дека којзнае колку ја осиромашија, меѓутоа пак... Е сега рачунајте во време пред банкрот, кога треба да се заврзе кесето, ти доаѓа штрајк кој уште толку те тоне. Значи колку и да е добро да имаш јак синдикат, толку и нечини. Најдобро е да се најде некоја средина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom