Мистичен
Човек
Практично, во Македонија како да не постои синдикат. Синдикатот е "активен" само во договор со владата. Работниците, поготово оние кои се во приватните фирми се максимално експлоатирани и не се почитуваат законите за работа. Не се плаќаат придонеси, осигурувања, а оние посреќните работници се пријавуваат на минималец. Работниците работат повеќе часови отколку што според законот е пропишано, посебно оние кои се во трговијата и имаат еден слободен ден во две седмици. За пример, платата на продавач вработен во Веро изнесува околу 8000 денари. Во неа се ставени и трошоците за хранарина и превоз. Значи, тој работи за чиста плата од околу 3500 денари.
И, никој не смее да зуцне за овие проблеми кај работодавачот затоа што нормално ќе остане без работа. Поради безработицата, работодавачот секогаш ќе најде нов работник кој ќе го плаќа минимално, затоа не може да ни мрднат платите кои практично се замрзнати веќе 15 години.
Знаеме колку се силни синдикатите во странство и што се случува доколку не дај боже стапат во штрајк. Зошто синдикатот во Македонија е толку анемичен, зошто молчи за сите проблеми? Зошто, доколку на работодавачот му укажам дека не ми плаќа придонеси колку што ми следуваат или не ми дава слободни денови ќе летнам од работа и никој (закон во пракса) нема да ме заштити?
Не ми е јасно и како еден дебил како Ванчо Муратовски толку години може да биде на чело на синдикатот.