Симптоми за срцев напад

  • Креатор на темата Креатор на темата CrazYMinD
  • Време на започнување Време на започнување
симптоми на срцев удар:
докторе би сакал и јас нешто да прашам лицето има на долната усна како пукнат капилар што може да е тоа дали е шеќерна болест, дали е срцево заболување би те замолил да ми одговориш
 
симптоми на срцев удар:
докторе би сакал и јас нешто да прашам лицето има на долната усна како пукнат капилар што може да е тоа дали е шеќерна болест, дали е срцево заболување би те замолил да ми одговориш

Кажи ми за какво лице станува збор, дај ми подетални информации инаку вака пукнат капилар не мора ништо да значи
 
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам

Иди на лекар и првенствено остави тоа компјутерот.
 
Само шетање, опуштање и зјапање во дрва или по кеј шетање.
Јас во 2007 бев на кардиолошки преглед заради чудно чукање на срцето и ми најдоа продолжен срцев залисток.
Мислев дека е крај на свет. Докторката ми рече да не се замарам многу... Ја се посрав и физички станав пасивен.
Веднаш престанав да пушам и пијам само по едно кафе на ден.
Две години се мачев со лекари и почнав да станувам хипохондрик.
Проверував крв БУКВАЛНО секој месец и тоа кај моја тетка која упорни ми викаше дека крвта ми е идеална за моја возраст.
Ама мене све шубе ми беше.
Сум бил и на стрес тест и на два прегледи во филип втори. се беше во најдобар ред.
Почнав да возам велосипед и да дигам тегови онака рекреативно не за билдање.
И додека возев или вежбав не мислев на ништо, само на глупи работи, мозокот на пасење.
И така еден ден зборам со еден колега и он ми вика:
-Брат те гледам малку потона не те бива, ми се губиш а не беше таков.
Не ти е ништо све е во главата. Не се плаши.
Кој се плаши умира секој ден, кој не умира само еднаш.
Нема поголема казна да живееш во страв.

Денес возам по 30-40км со велосипед, на било која температура, на било која влажност на воздух.
Се потам ко свиња и се чувствувам супер.
Пазам на килажа ама и јадам што си сакам.
И најискрено сакам да живеам ама ич не ме боли кога ќе умрам.
Само сакам да биде брзо.. :)

Се е во главата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom