Симон Трпчески

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
definitivno ni trebaat uste vakvi momci u drzavava,nema sto bi se kazalo loso za Simon tie sto se malku lubomorni to e to mora po nekoj gomnojadec da se istakne da go kritikuva bez argumenti
 
Симон Трпчевски треба да добиее доживотни привилегии за се што има направено за промоција на Македонија низ светот, бидејќи луѓето како него се редок дар за Македонија, затоа треба неизмерно да ги цениме и да им помагаме колку што можеме. Јас, на пример би му подарил титула заслужен граѓанин на Македонија, дури е жив, бидејќи неговото удел во промоција на нашава земја не можат ни да го сонуваат македонските амбасадори (со ретки исклучоци), кои ги преспиваат годините во странство, целосно заборавајќи на нивната функција и обврска да шират добри вести за Македонија и да ја покажат вистинската слика на Македонија.
 
Па дефинитивно не е ценет и нема статус како што заслу=ува да има.Некое дете да го застанис на улица и да го прашаш дали ја знае цеца ке ти каже да,али ако прашаш кој е Симон Трпчевски ке ти каже "прв пат слушам"
А ако го прашаш кој е прецедател може да ти каже Роналдо....
 
Симон Трпчевски одликуван со „Орден за заслуги на Република Македонија“

25.12trpceski.jpg


Откако ги собра аплаузите во водечките концертни сали и ги плени срцата на најстрогите критичари, и Македонија му оддава почит на виртуозот Симон Трпчевски.. Претседателот Ѓорге Иванов денеска во вилата Водно му го предаде орденот за заслуги..
Без лажна скромност,Трпчевски рече дека заслужено го прима орденот, кој пред се и го посвети на својата две недели стара ќерка Лара.. Им се заблагодари на сите кои придонеле за неговиот успех, пред се на семејството кое му го покажало патот кон ѕвездите. Говорот со внимание го следеа неговата сопруга, братот и сестрата, но најзабележлива беше уважена насмевка на гордата мајка..

- Верувам дека со се што направив досега го заслужив овој орден, иако можеби звучам нескромно, сметам дека тоа не го правам само за себе туку и за својата држава чие име достојно стои до моето на сите настапи низ светот, рече Трпчевски

Претседателот во својот говор кој ги воспеваше успесите на Трпчевски посочи дека тој му докажал на светот дека Македонија достојно на своите корени е татковина на врвни уметници.

- Симон Трпчевски се вброи во најголемите амбасадори на Република Македонија ширум светот. Низ својата суптилна мисија потврди дека Македонија е географски мала но духовно и уметнички голема земја, рече Иванов.

За натамошни успеси наздравија со минерална вода.. Со орденот за Трпчевски се заокружува богата концертна година.. Во мај во Скопје тој свиреше со оркестарот на Баљшој-театарот. Спектакуларниот концерт во преполната Метрополис Арена остави печат на културата во Македонија оваа година. Потврдувајќи ја рецензијата дека многу скоро картите за концертите на Симон ќе се продаваат на аукција.
 
Симон=жива легенда!
јас мислам дека е ценет е од тие што треба да биде ценет,другото е небитно,нека освојува свет...
 
Човекот не е апсолутно ич афирмиран и истакнуван низ Македонија во споредба со нашата презентација на светот преку неговата музика.

Државата може многу повеќе да направи кога станува збор за овој човек, но се радувам што сепак доби некаков орден за заслуги додека е уште жив.
 
Баш, Симон го знаеме само по песните што ги напишал за некои од нашиве ѕвезди, чат пат концертче со филхармонија на расштимано пијано и толку...јбг, проста нација сме не се разбираме од класики, опери и чуда, а и да се разбира некој од овдешниве зналци, гарант го смета тоа за демоде...
Штета што ваквите луѓе ги има се помалце и гледаат да си тераат кариера надвор, па фала богу, овде што има?...
 
Не му вреди да има концерти во Македонија, како што спомна некој претходно, раштимано пиано, полапразна сала и сокчиња пијат на концерт :tapp:
Едноставно повеќето од нашиот народ незнаат што е класика и уживање во музиката.
 
Не му вреди да има концерти во Македонија, како што спомна некој претходно, раштимано пиано, полапразна сала и сокчиња пијат на концерт :tapp:
Едноставно повеќето од нашиот народ незнаат што е класика и уживање во музиката.
Немора концерти да одржува... доста е да му постветат по 5 минути на ден телевизиите, и да пуштат некоја Македонска песна во негова изведба. Со тоа ем ќе ни се афирмира музиката, ќе имаме можност да го гледаме Симчо на тв. И неговиот талент ќе допре и до најпростиот човек. Немора Моцарт да го свири, доволно е Битола мој роден крај (пример) или некоја трета.

Толку е тешко и комплицирано???

Ама некако поинтересно им е на телевизииве да даваат шпански/турски (ѓупски) серии со лајт мотив “не ме роди мајками, тетками ме роди“ испреплетени со скапо платени реклами, со што се затупува народот, па некогаш сопствената етно музика ја гледам на странски канал (Бугарската телевизија дава повеќе Македонска музика од сите македонски телевизии заедно, без к-15) бидејќи на нашите канали реткост е да видиш музика, уште поретко во живо.
 
Секоја чест за Симон. Треба да се гордееме со него. Алал да му е!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom