Симетрија

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt C VannoX
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 јуни 2010
Мислења
46
Поени од реакции
6
Локација
Битола
Веб-сајт
soundcloud.com
Имам прашање до вас форумџии(билдери :P) дали ви се случило едната страна повеќе да ви се пумпа при вежбањето од другата? Дали тоа е нормално или не треба да се случува? Дали има можност едната страна повеќе да ми се развие од другата? Иначе во мојов случај комплетно левата страна(послабата) повеќе ми се пумпа. Мислење???
 
Не дека сум нешто искусен али мислам дека има посебни вежби за да се добие симетрија на пример на градите.
 
Се разбира дека е возможно и нормално кога не се вежба правилно/рамномерно.
 
Ако многу :drk: може едниот бицепс да ти биде појак од другиот..затоа кога ке :drk: мењаај :)
Се шалам.
он топик-Па кога вежбаш вежбај еднакви вежби за да добиеш симетрија и еднакво врши напнување на деловите каде што вежбаш :)
 
Никој не е идеално симетричен, дури и професиналните бодибилдери кои ги оценуваат за маса, дефиниција и симетрија не се перфектно симетрични. Според мене Dexter Jackson е одличен пример за симетрија особено на стомачните мускули али сепак е тој професионалец
 
Ако си десничар тоа значи дека десната страна од телото доминира и ќе е мааалце поголема од левата, нешто што само ти ќе можиш да го забележиш.
 
Најнормална работа, никој не е совршено симетричен. Исто и јас забележувам асиметрија која другите не ја приметуваат и ме прават луд:)
Многу е битно да ги правиш вежбите правилно, не е битна тежината. Тежината ќе си дојде со тек на време зашто ако вежбаш со поголеми тежини а не си ја совладал техниката(формата) на изведување на вежбите, ќе станеш асиметричен
 
Вежбите ги правам правилно и не сум од тие што се "силат" и дигаат многу, максимално се концентрирам за време на тренинг затоа и паничам малце :) Иначе баш левата страна ми изгледа како поразвиена и дефинирана од посилната десна страна
 
Може десната страна да ти е генетски послаба, треба многу да ја вежбаш за да ти се изедначат, на пример мене стомачните на десната страна ми се помали а на левата се дупло поголеми и затоа десните ги вежбам повеќе
 
Тоа што ги гледате билдерите од највисок ранг не значи дека нивната симетрија се должи само на добри тренинзи, генетика, постои и синтол кој ако се употребува внимателно може да ве направи посиметрични.
 
Вежбите ги правам правилно и не сум од тие што се "силат" и дигаат многу, максимално се концентрирам за време на тренинг затоа и паничам малце :) Иначе баш левата страна ми изгледа како поразвиена и дефинирана од посилната десна страна
левата ти е поголема сега затоа што двете страни ги тренираш со ист тежина, а досега си ја користел само десната. па сега овие тежини претставуваат поголем товар за послабата страна отколку за посилната, па затоа побрзо се развива. не се секирај, со текот на времето ќе се израмнат, само ако продолжиш да вежбаш доволно долго
 
Имаш право, и ова може да биде причината, ако не е неправилното изведување на вежбата.
 
Вежбите ги правам правилно и не сум од тие што се "силат" и дигаат многу, максимално се концентрирам за време на тренинг затоа и паничам малце :) Иначе баш левата страна ми изгледа како поразвиена и дефинирана од посилната десна страна
Малце доцна е ама да споменам дека развиеноста на една во однос на друга страна обично е поради начинот на кој нервниот систем е научен да ги регрутира мускулните влакна при работа.

Neuromuscular-junction.jpg

Обично кај деснаците десната страна е по развиена (десен бицепс,деска града, десен дел од грб) затоа што мускул-мозок врската е подобро воспоставена помеѓу овие мускули заради секојдневните обврски кои најчесто ги правиме со десна рака (пишување,јадење,пиење кафе,отворање врата се правиме со десна) Еден од начините да ги изедначиш по сила, а со тоа постепено и по големина е да практикуваш вежби со еднорачни тегови што еднакво ќе ги оптеретат дава мускули. Пример наместо бицепс да вежбаш со дворачен од 35кг, вежбај го со посебни серии за лева и десна рака со еднакви тежини од по пр.15кг и гледај да не мамиш со послабата рака. Со тек на неколку месеци мускулите ќе се изедначат :)
 
Нормално е, кај мене трапезот од десната страна е доста поголем од левата страна... затоа кога везбам shrugs со левата страна правам 6-7 повторувања повеќе. Фокусирај се на вежби со еднорачни тегови одколку со шипка, бидејќи кај шипката со појаката страна си помагаш повеќе во последните повторувања бидејќи таа страна е доминантна. Има повеќе начини да го поправиш тој проблем, некој од нив ги пиша сајСиГа, а други можеш да побараш на нет.
 
За мене идеална симетрија треба да се има меѓу горниот и долниот дел од телото, значи upper body and lower body.Не ми представува некој проблем ако десниот бицепс ми е поголем од левиот, тоа е сосем нормално.Но треба се фокусираме на нозете многу повеке одколку што мислиме, пред се за симетрија а истотака дека се најголем мускул во човечкото тело и доколку се вежбаат редовно и соодветно телото повеке ти лачи природен тестостерон кој е многу витален за останатите мускулни групи.Почетните 2 години не се фокусирав многу на нозе, но одкога почна стагнација ги приоритизирав во трениингот и очекуваните резултати си дојдоа. :)

385131_308770985899358_1832831996_n.jpg
 
Back
На врв Bottom