Sigma 17-70 os vs. Tamron 17-50 vc

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Деновиве сакам да земам еден од овие два модела но во дилема сум, сигмата има бленда од 2,8-4 тамронот е константна 2,8, сигмата можеш да ја користиш и како мако, од сигма имам 10-20 и 30мм 1,4 и ептен сум задоволен а од тамрон имам една 70-300 вц кој е екстра особено стабилизацијата ( но стабилизацијата е само за фото не е за видео )
Ако има некој искуство со овие два објектива нека ги сподели тука бидејки ептен од корист ќе ми бидат.
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
147
Поени од реакции
374
Не кажа за која намена ти се и за кој апарат - канон/никон?

Задоволен сум од 17-50 на Тамрон. Солиден објектив за сите намени. Но, доколку не користиш видео, земи го обичниот без стабилизација тамрон. Сигмите кај нас се премногу скапи во споредба со цените на нет. Инаку 17-50 сигма 2.8 е подобар за фото, полош за видео.

Пиши намена ќе ти кажам што мислам во тој контекст.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Не кажа за која намена ти се и за кој апарат - канон/никон?

Задоволен сум од 17-50 на Тамрон. Солиден објектив за сите намени. Но, доколку не користиш видео, земи го обичниот без стабилизација тамрон. Сигмите кај нас се премногу скапи во споредба со цените на нет. Инаку 17-50 сигма 2.8 е подобар за фото, полош за видео.

Пиши намена ќе ти кажам што мислам во тој контекст.
Користам канон 7д, инаку ќе ми треба и за фото и за видео, некој пат потребно е снимање од рака па затоа ми треба со стабилизација на слика
 
Член од
14 ноември 2011
Мислења
147
Поени од реакции
374
Иди со Тамрон-от,
за видео посебно, VC на тамрон е подобар, и константна бленда е многу важно.

Тамрон имаат одлична стабилизација во новите модели, прстенот за фокус е исто така лесен за употреба. Конструкцијата не им е некоја јака страна, малце килави се, глеј да не ти падне.

Иди во пиксплус мислам имаат тамрон верзија за никон поиграј се, има и сигма 17-50 исто за никон ама сеедно е, ќе видиш за што се работи.

Сепак разгледај по огласнициве, реклама5 пазар3 или тука на фото берзава, некој нудеше 24-105 за 650 еври мислам како нова, и тоа ти е опција, макар да не е 2.8.

Опции опции :)

Ја би, 17-50мм тамрон 2.8 VC или уште подобро новиот фул-фрејм 24-70 со стабилизација исто од Тамрон ако ти се чека.
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
искрено јас идев на сигмата, многу ја фалеа по странските форуми, само не знам каква им е стабилизацијата, тамронот е ок, но подобар квалитет вади но вц моделот ( зашто? појма немам, а поевтин е )
На оглас да купам е некако мачка во вреќа, пред некое време се продаде еден канон 5дм2 со 24-70 за 2000еу... тој што го земал може би ќе му се погоди... но може би не, претежно би купил искучиво објективи за амерички пазар ( од познати продавници како на пример adorama ) или од пикс плус бидејки има каква таква гаранција ( певтина е сигмата во пикс плус отколку во америка ), од оглас само објективи со навој каде што нема електроника има само срча и тело.
Тамрон 27-70 2.8 вц е закон срча за фото и видео, цената му е во уса е 1300-400 $ тука рачунај толку но само во еу што за ваков вид и не е скапо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom