Sia

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Со оглед на тоа колку е актуелна последниов период, решив да отворам тема за неа. :)

Пејачката и текстописец родум од Австралија е родена на 18.12. 1975 година, има 39 години.

Како пејачка првиот позначаен успех го добива со Титаниум каде соработува со Дејвид Гета, а потоа со него ја прави и песната She-wolf (Falling to pieces), a успех постигнува и соработката со Фло Рида, "Wild Ones". А исто така соработува и со Еминем.

Најголемиот успех го постигнува со Chandelier, еден од најголемите хитови летово, a моментално е актуелна со Elastic Heart, а видеото за песната дигна многу прашина заради наводни алузии за педофилија, за кои таа се извини, велејќи дека не и било тоа намерата. Актуелна е и со Salted Wound; песна од саундтракот за филмот “50 нијанси на сиво“.

Како текстописец се има покажано како одличен творец за хитови, пишувајќи песни за најголемите поп ѕвезди и сите песни кои ги има напишано се хитови.

За мене, најубава песна и е "Breathe me".

Еве вака сосема на кратко, да не го тупам со цела биографија и дискографија, па вие додавајте.
Може овде да ги ставате и живите настапи, има доста интересни кои вредат да се споделат. Ми се допаѓа рапавиот глас. :)

Ваши мислења, некои нови интересни информации и слично?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас лично не слушам нешто многу странска музика, но пејачкава има добри песни, посебно Титаниум и Чанделиер. Одличен глас има, но се уште не сфатив зошто кога настапува си го крие лицете, зошто не се претстави пред јавноста додека настапува:confused:

Sia - Chandelier

David Guetta - Titanium ft. Sia
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Во последно време кога и да настапува секогаш е со грб свртена или си го покрива лицето, бидејќи сакала да си има приватност и да не ја препознаваат по улица :D

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Ваши мислења, некои нови интересни информации и слично?
Кога заврши Six feet under, не можев да се помирам со песната. Не ни знаев која е Sia. Прочитав некое коментарче на јутуб дека се самоубила госпоѓата и ми падна многу жал и песната ме отепа уште толку. После толку години, излегува Sia со нов хит и јас испаѓа дека сум ги лажел луѓето, мислам дека на 5-6 души им спомнав "ја одбрале breathe me ради една шо се самоубила или така нешто". И се тоа поради коментар од јутуб :(
Не сум слушнал ниту една друга песна од Sia, нема потреба после SFU... Тоа беше крајот. А таа нека е здрава и жива.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
мене ме отепа со chandelier цело време one two three one two three three си подпевнувам во умот кога пешачам некаде
матер ми еба
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Мислам дека го покрива лицето за да ја сочува приватноста ,имено кога некогаш била на вечера во некој ресторан со своја блиска пријателка која и рекла дека боледува од тешка болест и во тој момент и пришол некој обожавател да се слика со неа,тоа било капак на се и од тогаш решила да ја крие фацата

 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Мислам дека прочитав оти боледува од myasthenia gravis. Инаку е исто така текстописец и има напишано текстови за повеќе песни у кои спаѓа и Diamonds на Ријана.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
1,2,3 1,2,3 drink! :D

Нормално ја запознав преку „Лустерот“ која воедно е една од најмоќните песни појавени у последниве години. После тоа ја и ја спуштив дискографијата и дефинитивно е артист чии дела вреди да ги слушаш повторно и повторно, не само ради тоа што се заразни него и квалитетни. Еден од ретктите модерни комерцијални артисти кои вредат. :kafence:


И вредат да се споменат нејзините совршено обликувани нозе. Нога-дрога има на 40 години. :cuc:
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Ништо ново не ми беше Sia, ја имам слушано многу одамна. Од нејзините скорешни творештва ќе признаам дека ништо немам преслушано, најголема причина е тоа што занемарувајќи го нејзиниот талент (било за пишување текст или за пеење), музиката која почна да ја создава е премногу поп за мене. Ама затоа, радо ќе споделам едно парче кое засекогаш ќе има место во мојата плејлиста.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.278
Поени од реакции
27.741
Редок е талентот на Сиа, навистина жената е нешто одлично и различно во морето на пластична музика.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Sia ја дознав преку филмот Awake по нејзината песна
Breathe Me Koja ja имаше во филмот и воедно и таа ми беше нејзина прва песна која ја слушнав. Песната Breathe Me кога и да ја слушнам ме потсетува на еден дел во филмот каде што има топла сцена со многу жешки допири во када :rolleyes:. Инаку Sia навистина поседува извореден талент и покрај тоа што повеќето ги удира слава Sia прави навистина песни кои вредат да се слушаат често а не како повеќето песна за три месеца хит и после тоа е тоа, туку кај нејзе е обратно песна која ќе ја слушаш и во наредните 5 год што би се рекло, што истите емоции ќе ги доживуваш како и првиот пат кога си ја слушнал.


Моја омилена песна од неа: :jeeee:


Останати песни кои ги имам во својот мобилен и многу често се на плејлистата за слушање.

Don’t Bring Me Down
Soon We’ll Be Found
Titanium (David Guetta featuring Sia)
Bring Night
Day Too Soon
 

Kajgana Shop

На врв Bottom