Already done that
И не се каам... Го сакав, тој знаеше... Требаше да бидне нешто, доколку јас не напраев една глупост.

Летото, на одмор го запознав со една другарка, која што излегуваше со нас. Уште од самиот почеток, приметив дека ја гледа со др. очи. Кога им кажав на најблиските другарки, ме сметаа за луда, викаа дека тоа не е можно. Уште утредента се откри вистината и излезе дека е по мое. Го тргнавна страна и само побарав да ми го потврди тоа... и тоа и го направи... знаеше дека знам и дека од вистината нема бегање. И знам дека му беше глупо да зборува со мене на таа тема, но настојував, и покрај тоа што само јас си знам како ми беше тие моменти. Кога му реков да оди и да си ја „фати“, не сакаше да ме стави сама на клупата. И на крај, за на некој начин да го избркам, собрав храброст и му ја кажав вистинската причина поради која што јас го правам тоа, зашто знам дека сето тоа му беше нејасно. Му кажав да го тргне на страна тоа што јас го сакам него, тоа повеќе не е битно, дека јас ќе бидам најсреќната ако они двајца направат нешто, зашто тоа значи дека тој ќе биде среќен, а ако тој е среќен и јас ќе бидам среќна, и покрај тоа што гледам дека не е со мене. Дека ќе се тргнам на страна, само затоа што го сакам. После ова, мислам дека се стаписа, и насместо да го избркам, како да го прицврстив за клуата...изгледаше како дух да видел... Останатите денови цело време ги оставав сами, и ги ргав другите од нив,мислејќи дека нешто ќе направат, ама ништо не бидна од тоа.
Сега сум само другарка со него...не дека чувствата ми се сосема згаснати...ама знам дека меѓу нас нема да има ништо, и џабе ќе ми биде понатака било што да правам, зашто така само себеси ќе се повредам. Поентата ми беше... ако љубовта е вистинска, и е силна, тогаш е спремна на самопожртвуваност. И ако гледате дека некој др. би ја направил личноста што ја сакате посреќна, зашто вие не сте способни тоа да го направите, ниту да се борите за неа...тогаш е подобро да ја оставите да ја најде својата вистинска друга половина!:smir: