Си одам затоа што те сакам!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
~*~

Точно, а ние сме група деца кои појма немаат за љубов и се што знаеме е да го дркаме по 20 саати на ден. Овде дискусијата е исцрпена мислам. Оние што не биле во таква состојба нема да дознаат никогаш какво е тоа чуство а најверојатно никогаш и нема да осетат. Јас продолжувам во подфорумот за порно филмови, да го збогатам малку и тој дел од форумов со моето присуство и искуство во тоа поле. Или немавме таков? :uvo:
Сега видов што недостигаше на форумов... :nesvest:

Како само не сфатив дека поентата на темава е да ги оставаме луѓето кои ги љубиме само затоа што ние мислиме дека тоа ќе биде подобро за нив?
Добар ден, ама никој тоа не го прави ... ако навистина ја сака личноста и не сака само да си најде изговор да ја остави, де!:smiz:
 
Како само не сфатив дека поентата на темава е да ги оставаме луѓето кои ги љубимесамо затоа што ние мислиме дека тоа ќе биде подобро за нив?
Добар ден, ама никој тоа не го прави ... ако навистина ја сака личноста и не сака само да си најде изговор да ја остави, де!:smiz:

Дaли јас мислам дека грешно сте ја разбрале темата... мислам дека темата е дали ќе го оставите саканиот партнер доколку увидете дека веќе не сте личноста која го исполнува и прави среќна.
зборуваме за тоа како ќе ја оставиш и ќе и дадеш простор да се пронајде себе си и “вистинската личност“, а не за тоа како да и кажеш дека не е веќе твојата среќа, и дека не ја сакаш....

а грешка да не сум?:helou:
 
Не









Ќе си отидам кога ќе ми згрешиш нешто, кога ќе видам дека нема веќе течност помеѓу нас двајца. Ќе си отидам затоа што знам дека никој неможе да ме сака повеќе од ЈАС, исто така никој неможе да те сака повеќе од ТИ.
Нема да си одам затоа што те сакам, ќе си отидам само затоа што ЈАС мислам дека е најдобро за НАС, а сакањето......ќе го оставам до првиот контињер:wink:
 
До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам, и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."

Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??

Многу нејќам да гледам работи во нечии очи кои ми се блиски. Сакам да слушнам на глас што има да каже и што чувствува. До сега барем така било ... ниту една врска не ми се базирала на "чекај да видам што ти кажуваат очите".
Друго, имаме вистинска љубов, борба и навика во ист муабет. Борба за што? Каква навика? Јас не се борам за љубовта. Треба спонтано одржување, но борба? Со кого и за што? Некогаш љубовта од наједноставна и најчиста појава, ја правите најкомплицираното нешто на свет.
А исто и по навика не кажувам работи. Ако до вчера сум кажувала дека ми е убаво со него, дека го сакам и сл., а тоа денес се променило, нема по навика да продолжам да го кажувам истото. По навика можам да запалам цигара, да си купам чоколадо по пат за дома, ама не и да кажам нешто што не го мислам и чувствувам.
Истите работи и постапки ги очекувам и од партнерот. Се трудам секогаш да доставам до знаење дека сакам се` да знам, без оглед дали е добро или лошо, ќе ме израдува или натажи ...
До сега, сум немала проблем со тоа, па останува да одговорам хипотетички.

Значи, доколку јас си умислам дека неговиот поглед е несреќен, прибидејќи знам да зборувам, јасно ќе го прашам што му е и ако има некој проблем кој е тој. Ако каже добро. Ако каже дека јас го гушам, дека повеќе не е среќен со мене, може да прашам само дали можам да сменам нешто, доколку го сакам. Ако ми каже крајно не, нема да бидам идиот и да не прифатам крај на врската, за доброто на двајцата. Тогаш, сигурно ќе си одам.
А доколку ми каже дека е се` во ред, ќе го прифатам тоа како некој проблем кој нема врска со мене. Наредно нешто што може да ме натера да го оставам е ако забележам дека почнува лошо да се однесува со мене. Неможе никој ако не ме сака да ме третира исто како порано. Ако е повлечен и нејќе да ми каже, сигурно постапките ќе го откријат. Тогаш ќе почнам да се ладам и јас кон него, пред се` затоа што ми го крши првото правило - не е искрен со мене. Кога ќе си дојде погоден момент, ќе си одам, но не затоа што ми е жал за него и сакам да е среќен со друга, туку затоа што без оглед што ми мисли - тој мене не ме заслужува. И да, тоа воопшто не мислам дека е себично.
Како и да е, само од еден поглед не се откажувам од некој што го сакам. Ќе ме јаде цел живот помислата дека можеби било друго во прашање, а јас немоќна да истерам до крај сум заминала. Тоа не сум јас.
 
Колку ли само неверници постојат, а за тоа дека се покажа и колкава може да биде човековата себичност е друго дванајс.

Се' додека љубовта ја ставате на кантар и ја мерите и премерувате, а не ја давате безрезервно и без очекување да се возврати, немате право да кажете дека љубите или некогаш сте љубеле.

Ајде едно малку поинакво прашање. Родителите свои, браќата и сестрите како си ги сакате? И зошто ги сакате? Од некој интерес? Од себични побуди? Од што? Поради што??
Да не одам понатаму, па да прашам како и зошто си ги сакате децата.

Не верувале во несебична љубов, оф леле!! Тешко вас ако не сте способни да развиете таква, слична или повисока љубов кон некој што е надвор од вашата поблиската фамилија. А потоа прашајте се од каде е несреќата и незадоволството кое го носите.

Џабе ќе се објаснуваме, убаво рече Принц. Не е ова нешто што се учи на форум. Треба да се доживее и искуси, никој не ќе може на хартија да го објасни. Само молете се за таква среќа да ве стрефи во животот, бидејќи вреди, многу вреди еден таков момент да се дофати.
 
Џабе ќе се објаснуваме, убаво рече Принц. Не е ова нешто што се учи на форум. Треба да се доживее и искуси, никој не ќе може на хартија да го објасни. Само молете се за таква среќа да ве стрефи во животот, бидејќи вреди, многу вреди еден таков момент да се дофати.

Можеби убаво реков само жалам што болдираното не го реков јас :)
Жими очи вреди. Макар и за момент. Мислам дека се додека не ја дадов мојата жртва, мојата среќа за нејзината, јас не сум љубел. Сум сакал, ме сакале... Но јас лично не сум љубел.
Да расчистиме уште една работа. Девојката за која зборев овде е една која премногу ја сакав. Сеуште ја сакам. Знам дека уште десетина години истово ќе го чувствувам за нејзе. Толку е необична, посебна, различна... Таа е жената на мојот живот дефинитивно, онаа покрај која мене ми беше пишано да остарам.
Добив едно зеленко кое меѓу другото велеше дека ќе сум ја нашол жената на мојот живот поради мојата жртва, божем онаа вистинската. Што ако нејзе вчера јас ја имав покрај мене? Што ако поради некој заебан сплет на околности не успеавме и двајцата да се избориме за да останеме еден покрај друг, да го затвориме совршениот круг, на совршено добар начин?
Мило ми е што знам каде е. И го знам името и презимето, адресата на живеење... Мислам (не знам зошто, ама сигурен сум во ова) дека ја знам подобро од било кој што ја знае, или било кога што ќе ја запознае. Мило ми е што ја сакам, и што вечно ќе ја сакам. Мило ми е што ќе е целосно среќна покрај друг, иако во него дефинитивно нема да ме најде мене, но ќе е среќна. Лажно можеби, ама среќна. Мојата девиза секогаш беше "Подобро болна вистина - отколку убава лага", можеби за нејзе важи спротивното до некоја мера?
Толку многу прашања, а животот е толку краток за да се обидеш да дадеш одговор на сите нив кога пронаоѓањето на одговорот не ти е нешто загарантирано.
Знаете (мали деца :)) животот се врти постојано кон тоа да си среќен. Се што правиме, го правиме поради нашето чувство на среќа. Љубиме, се бориме, плачиме, работиме, ебиме... се за нашата среќа. Јас сум најсреќен кога таа за некој месец/година ќе ми се јави да ме покани на кафе, и уз муабет ќе ми каже колку е среќна со "новиот". Таа е единствена девојка од која со задоволство ќе го слушам тоа. Сакам да е среќна, не ме прашувајте зошто или како можам да го сакам тоа вака кога е онака... Ништо не ме прашувајте, ништо не ми замерувајте. Најмала услуга што можете да ми ја направите е да ме прочитате внимателно, да ме сватите... Не мора да ме убедувате дека грешам, ништо не морате. Само прочитајте ме со внимание и пробајте да ме сватите. Сосема во ред е ако не можете. И без тоа ќе ве сакам. Исто како што можам да ја сакам неа, додека се бакнува со друг и има насмевка на нејзиното ангелско лице.
Само поради тоа што се сеќавам дека плачеше кога ги бакнуваше моите усни...
 
Принц, само заборави на крајот да напишеш уште нешто, инаку постои ризик погрешно да бидеш сфатен, како да се себесожалуваш и не сакаш да ја прифатиш реалноста, а верувам дека не е така. :)

Таква несебична и длабока љубов се повторува, не умира со таа една и единствена. Првата е тука да ни ги отвори очите, да ни го прочисти срцето, да сознаеме самите колку сме способни и спремни да сакаме, се' со цел да не ја промашиме наредниот пат кога ќе налетаме на неа.

Таман работа да ја изгубиме вербата дека тоа е невозможно повторно да се доживее, нели? :)
 
А не... Јас сум од тие себичните.. Додека ми е мене убаво не го пуштам да си оди... Освен ако е детето многу, многу фино па тогаш да си помислам дека не вреди да го малтретирам... инаку јас како многу себично створење и нарцис пред се секогаш ќе си се гледам прво јас....
 
О Боже мили.. Ова као "толку сум несебичен што ќе си одам само да си ти среќен/на"? Детски приказни.. Како прво, сакаме затоа што се пронаоѓаме во некоја личност, затоа што ни се допаѓа како тој/таа прави да се чувствуваме, ни се допаѓа нашиот одраз во туѓите очи. Не постои ништо во животот што го правиме, а не добиваме лична сатисфакција, сакале тоа да го признаеме или не. Ако Нас ни е полесно да сме без некој кога гледаме дека не не сака, Тогаш решаваме да го оставиме, а не од несебична причина да биде среќен со друг.
 
Низ вакво нешто поминувам во моментот. Девојката што бескрајно многу ја сакам, а таа јасно кажа дека сака да е со мене, направи низа нелогични дејствија, па морав да се повлечам. Можев да останам уште и да и го сјебам животот, да и направам милијарда проблеми и тако даље. Одлучив надвор, затоа што сакам да е среќна. Што е уште поважно, со тој што е сега е се понесреќна. Се отидов затоа што ја сакам, а ќе дојде време кога ќе се врати самата... Тоа веќе е друга тема.
 
можеби требаше темава да ја ставам во љубов, но сакам повеќе да ја гледаме од оваа другата, психолошката,страната на чувствата.
Насловот кажува се, но еве ќе кажам како е тоа за мене.

До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам, и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."

Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??


Си заминувам затоа што те сакам?
Не сум доволен за тебе, не те заслужувам, премногу те сакам и сл. Оу шит.

Има некоја друга, со поголеми атрибути од твоите. Не му се дига на тебе. Не го задоволуваш. Физички.
Другото е фикција.
 
Верувам во несебична љубов. Ама, едноставно таквата нема да ме натера да ја напуштам онаа што ја сакам. Доколку љубовта е еднострана, секогаш двајцата патат, и всушност јас самиот ќе бидам посреќен да се видам покрај некоја што вистински ме сака, а тоа што таа ќе биде посреќна околу ова, далеку од тоа дека ја определува мојата себичност бидејќи изговорот "си одам затоа што те сакам" може да биде само еден изговор во кој сметаш дека сепак ти повеќе ќе користиш(таа не ме сака и еден ден самата ќе увиди што испуштила, јас можам да си најдам подобра ор самтинг) :toe:
 
Vakvo nesto ne mi se slucilo,ama mislam deka bi si zaminala ne zatoa sto go sakam tuku zatoa sto ne me saka.Ednostranata ljubov po moe mislenje e osudena na propast pa nema potreba da go odolgovlekuvam ona sto e neminovno-krajot.Ne bi sakala da stojam na patot na nicija sreka,pa dokolku uvidam deka ne me saka,ne mozam da odam so glavata v sid i kolku i da go sakam ke go prebolam.Ova ne bi bilo zrtva za negovata sreka da ja zrtvuvam mojata,tuku mislam deka kako toj sto zasluzuva da bide so nekoj sto go saka,zasluzuvam i jas.
 
Џабе некој нема да можат да сфата никогаш дека е тоа баш така. Оти мнозинството е со следново размислување, ај нека се случи па тогаш ќе вервам. И така се делат размислувањата на темата, во тој што почувствувал и во тој што не почувствувал.
 
Вакви Ромео - Јулија напади не ми се својствени и многу ми делуваат лажни:)
Љубовта е љубов, ако некој го сакам ќе сакам да сум со него секој момент, а можам да го сакам само оној кој ми возвраќа на тоа...Така да оваа ситуација за мене е навистина чиста филозофија:)
баш вака...а тој ако не те сакал или ако не му било кул со тебе ќе те остаел сам... :) лолз :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom