Кој со што си тргнува од роденден: - Англичанецот – со достоинство
- Французонот – со домаќинката
- Русинот – со четири нозе
- Македонецот – со остатокот од тортата
Кој што си мисли:
Англичанецот – Дали си го зачував достоинството?
Французинот – Мојата жена беше поубава.
Русинот – Колку убаво се опијанив.
Македонецот – Хм! Требаше да ја земам и пијачката.
Влегува човек во банка и вели:
- Слушај мори! Сакам да отворам сметка во оваа глупава банка.
- Г-не, Ве молам да не употребувате ваковјазик.
- Слушај мочло! Сакам да отворам сметка, а неда слушам некоја гдотија како ми држи предавања.
На оваа службеничката збеснува и го вика одговорниот:
- Повелете г-не. Во што е проблемот - прашува тој.
- Сакам да отворам сметка во банкава, ама не можам од оваа овцава овде.
- Г-не, Ве молам однесувајте се пристојно! - вели шефот.
- Јас само сакам да го ставам во одвратнава банка милионот евра што го добив на лото.
- И оваа глупачава Ве нервира?
Си биле Игорче, Стојанче и Кирче и се фалеле кој има побрз татко.
Игорче: Мојот татко е побрз од стрела. Кога ќе ја исфрли пред неа може да стигне.
Стојанче: Тоа не е ништо. Татко ми е ловџија. Трча побрзо од куршум.
Кирче: Абе видете сега. Татко ми работи во министерство. Работно време му е до 3 саат, а тој е дома во 2 и пол
Си биле двајца Другари и биле на некој ПУСТ ОСТРОВ каде што имало еден змеј кој бил непобедлив.И сега седеле долго време и му останало само ориз за јадење ама имало мн мн мн ориз и сега правеле планови како да го победат змејов и решиле да направат нешто од ориз.И овие си планирале цело време змејов ги слушал и едно време излегвит ЗМЕЈОВ и и му вели на двајцата другари А ДА ВИ ГО ИСТУРАМ ДА НАПРЕТЕ СУТЛИЈАШ!!!:pos2:
Еден ловец бркал зајак во шумата. Зајакот се скрил во една дупка. ловецот застанал до дупката и рекол
А да не е во шумата? Се слушнал глас "Да не е во шумата?"
А да не е кај потокот? Се слушнал глас " Да не е крај потокот?"
А во дупкава да ѕирнам? Се слушнал глас "A да не е во шумата?"
Си биле две свињи и одат по улица и здогледуваат излог на месарница. Едната свиња коментира:
- Луди се ова луѓево. Мислат нас резервни делови ни требаат.
Таткото:
- Купи ми цигари
Синот:
- Дај пари
Таткото:
- За пари и глупак може да купи цигари
Синот излегува, се враќа и дава кутија цигари.
Таткото:
- Празна е!
Синот:
- Од полна и глупак може да пуши.
Некој првак во бокс победил и освоил злато.Тој златото го закопал на плажата и напишал на ливче дека тој што ке го земе ке бидел претепан.Другиот ден иди боксерот и кога погледанал златото го немало.На истото ливче одпозади пишувало"БОКСЕРУ СИ СЕ ЗАЕБАЛ ЈАС СУМ ПРВАК ВО ТРЧАЊE"
Блажо и Перо заминале на концерт на У2 во Солун. Чекајќи да почне концертот Перо го прашува Блажо...
- Абе Блажо, кога ќе почне концертот.
- Па нели гледаш на картата со ти пише, "У два"!
Си биле Русин,Американец и Македонец. Се фалеле кој што побарзо може да направи:
-Русинот рекол: е ние во 9-часот правиме подморница таа во 11-часот плива.
-Американецот рекол: е ние во 9-часот правиме авион тој во 11-часот лета.
-Македонецот рекол: е ние во 9-часот правиме ракија во 11-часот сме тапа пијани.
Се сретнале чорапот и пенисот, и се жалат.
Чорапот: Е, да знаеш колку ми е тешко, ме ставаат во смрдливи патики, чевли, не ме перат, и на крај ме фрлаат.
Пенисот: Што е тоа бе, мене кај ме ставаат во тесни фармерки, тесни гаќи, кај не ме бутаат, не ме мијат, и на крај ќе ме пикнат во дупка и ме тераат да повратам!
Си биле двајца лажговци и едниот му рекол на другиот:
-Абе ти си слушнал за Атлански Океан?
-Да
-Епа јас го препливав.
Другиот тогаш му рекол:-А ти си слушнал за Мртво Море?
-Да
-Епа јас го убив.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.