Шуг Најт: Тупак не е мртов

  • Креатор на темата Креатор на темата Angello
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.174
Поени од реакции
3.729
Поранешниот извршен директор на Death Row Records и човекот кој беше во автомобилот, ноќта кога беше застрелан Тупак, смета дека е возможно Тупак Шакур уште да биде жив. И, секако, ова не се однесува на неговото холограмско појавување на сцената.
Шуг Најт кој беше на возачкото седиште во автомобилот во кој Тупак беше застрелан на 13-ти септември 1996 година, во радио интервју изјави дека тој не е убеден дека раперот навистина умрел, пренесува TMZ.

По појавувањето на холограмот на Тупак Шакур на настапот на Доктор Дре и Снуп Дог, минатиот викенд на Коачела фестивалот, Најт беше повикан на интервју во едно радио во Лос Анџелес, и на прашањето како се чувстува околу обвинувањата дека тој е замешан во убиството на Тупак, тој изјави: „Можеби прашањето е, Тупак не е навистина мртов. Тој е некаде на друго место. Никој не го видел Тупак мртов“.
Како поткрепа на ова тврдење, Шуг Најт наведе дека тој лично му платил 3 милиони долари во готово на човекот што требало да го кремира 25-годишниот починат рапер, и никогаш повеќе не слушнал ништо од него, додавајќи дека Тупак ја лажирал својата смрт.

Најт, заедно со Пи Диди, минатата година беа обвинети од еден поранешен детектив во лосанџелеската полиција дека издале наредба да се убијат Шакур и Биги Смолс. Тие ги нарекоа тврдењата „смешни“ и „чиста фикција“.

Искрено и јас верувам дека е жив незнам по која теорија но имам другар кој е луд по рапот има многу пријатели надвор од земјава и таму се зборувало дека е жив може некој да ми каже нешто повеќе?
 
И да знаеш дека не е мртов, живее и твори во Битола.

Луѓето не можат никогаш да сфатат, барем еднаш на Господ поштовање да му направат!

за жал живееше и твореше во Битола, мементално е во Германија...
 
Се шпекулира дека и Мајкл Џексон бил жив.....наскоро во нова подобрена холограмска верзија;)
 
Да, Тупак е жив, кажа човекот за кој 85 посто од луѓето шпекулираат дека стои зад убиството. (y)
Па доколку процентот што го напиша е точен тогаш и треба да му се верува,оти во тој случај тој најдобро би требало да знае што се случило таа кобна вечер.:)
 
Па доколку процентот што го напиша е точен тогаш и треба да му се верува,оти во тој случај тој најдобро би требало да знае што се случило таа кобна вечер.:)

Па ако тој го нарачал убиството, сигурно нема да рече дека е така. Со оглед на тоа колку и самиот тој т.е неговата продукциска куќа заработи со смртта на Тупак, ништо чудно сега истото да се обиде да го постигне. Заработка.
Се обидува да се провлекува низ медиуми колку да го има, не е дека него му е гајле за Тупак. Јас колку што знам, Тупак пред смртта открил дека овој прилично доста го крадел.;) Најт е обичен профитер, не му е гајле ни за музика, а ниту пак за споменот за Тупак. Сега со холограмот повторно Тупак ја разбранува јавноста, па и овој сака да си ги добие 5те минути слава.
 
Сепак информациите и обвинувањата за тоа дека Снуг стои зад убиството се на непотврдена основа,јас лично не верувам дека тој стои зад убиството,оти како што пишува во текстот тој седел на совозачкото седиште,што значи дека постоела голема можност и тој самиот да настрада.
Како што рече и ти самата шпекулации се,што значи дека не треба мн да им се верува на таквите муабети.
 
Да, Тупак е жив, кажа човекот за кој 85 посто од луѓето шпекулираат дека стои зад убиството. (y)

Southside Crips го убија Пак, сум гледал доста документарци на таа тема, Шуг нема ништо со тоа... Бар по мое мислење. Како и да е ова дека е жив е голема глупост не вреди да се коментира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom